Објавени се резултатите. Другар беше денес и ми кажа. Ја се паднав со тројца од моја генерација во клас и класна ми се падна некоја по македонски Татјана. Ја знае некој каква е, ова она?
Искрено мене ми е сеедно, иако чудно ќе ми биде така зошто никогаш и не било. Како и да е, како ќе биде точно ќе дознаеме на 1ви септември Мене ми е поише со која смена почињам, ама како и да е мислам дека сум 2ра, иако завршив 2ра
Лелее-.- Нејќам со 2 година у смена да сум-.- Иначе и мене ми е Венцислав класен знаев уште од коа се запишав дека тој ќе ми биде. Се надевам дека е добар класен барем
Физика...многу намќор жена!! не е лоша за класна викаа дека се борела за класот. Али нејзините класови се секогаш најјаки. Глеј да не те фати на пик и учии сии
Мене другарка ми ми кажа дека имало промени во класовите затоа листите се тргнати. Нејзината тетка предава таму и она така и кажала, плус на некого можеби таа ќе му се падне на некој од вас.
Да да, списоците се тргнати поради тоа што ќе има измени во класовите бидејќи многу деца се префрлија во друг клас. Веројатно ќе ги стават новите списоци во текот на неделава. А и да нема промена во смените 1 и 3, 2 и 4 така си останува.
Фала богу се смирија страстите околу смените и генерациите. Туку, задутре почнуваме дечиња мои Спремни?! Мене искрено ми се иде, барем првово полугодие коа нема галама толку околу матурата, е веќе второто... Го изживеав летово и тоа ептен. Сеа време иде за школо, мора да се изгура до крај :geek: 2ра смена сум, ЈЕС, ќе искачам без да мислам дека треба да станам следното сабајле во 06:30ч. Вие првачиња осеќам нема да заспиете утревечер
Јас сум премногу возбудена , едвааааааај чекам!Нема да можам да спијам утре од возбуда, ама кога ќе ми текне колку рано треба да станам Сакам да прашам дали во четврток класната ќе ни каже по кој предмет кој професор ќе ни предава или тек кога ќе почнеме по распоред сами ќе ни дојдат и ќе се претстават и се тоа?
Па кај мене сами си доаѓаа класната само распоред ни даде, ептен ако прашаше некој ама класниот час повеќе ќе биде запознавање и такви ствари.. Не знам зависи од ситуацијата, ама мислам дека самите кога ќе дојдат, кажуваат.
Па околу 30 деца се префрлени во други класови така да ќе има мали промени сигурно, затоа и ги тргнаа списоците, да ги направат како што треба, и веќе нема префрлувања