Сигурна си? Мене ме известија дека денес се прави уште еден најнов список и веќе крај. Еми и јас сум кај Венцислав.
Ако не сте побарале преместување нема шанси да ве преместиле во друг клас, така да уживајте. И јас исто сум кај Венци така да утре ќе се видиме
Каревчанки како поминавте денес?? Јас си поминав одлично Инаку и мене ми е Атанас историја, и знам уште неколку професори кои ќе ми предаваат ама не знам какви се ако сака некој да ми каже збор два за тие што ги знам нека каже, ќе му бидам однапред благодарна
Атанас и не е најстрогиот историја. Не сте ја виделе Марица, и не дај боже да ви предава понатаму. Мене веќе 3 години ми беше Димко, убедливо најдобар професор е по историја ќе видиме за годинава дали ќе ми остане, се надевам само, навикнати сме на него. И добра ми е новата класна, денес надвор си седевме со неа, срцка башка од мојот смер е
Да не знае некој на проектна активност тоа за урбана култура што има и што се прави и кој го држи тоа ако може?
Осмо сум и сакам да се запишам у Карев.....Не сум запознаена со тоа што значат смерови(знам дека е просто),ве молам да ми објасните што се тоа смерови,и што се учи ако одбереш нешто од ови математички, општествени,јазични смерови?Мислам што се учи??.
Смерови се насоки кои се одбираат во трета година, односно си избираш што сакаш да учиш во трета и четврта година. Тоа не е ништо посебно, повторно се учат повеќето предмети но има некои измени и некои предмети што ги има во една насока (најчесто) ги нема во друга, односно тоа се изборни предмети. Еве тема кај што можеш да видиш нешто повеќе. obrazovanie/nasoki-vo-gimnazija-t954/10.html
Во 1ва го имав, Цана-географија го држеше ама не знам дали е се уште таа. Имав тема за обичаи нешто и мора да се направи проект, мора да се оди на консултации (предвидените часови) и мора да се презентира проектот. Додека кај други не е така, не знам за во 1ва година, ама од 2 натака кај други не е така. Ако не е Цана урбана култура, може е поинаку
Морам да си кажам дека досега најголем впечаток ми оставија Англиски-Биљана професорката е многу позитивна и многу добра, ептен ми се свиѓа како е цела атмосфера на час; Атанас-Историја сега за сега ми изгледа супер гледам дека има разбирање дека не знаеме ништо од основно и не не испрашува цело време(како некои други ); Музичко професорката(не Емилија туку другата не знам како се викаше ) доста откачена ми стои и ми се свиѓа ептен; Венцислав физичко не е лош , поготово како класен е супер; И професорот ликовно не знам ама некако ми е ептен опуштен и интересно е на час Е сега малку за тие што ми оставија лош впечаток и од нив ќе си имам трауми Хемија таа Ела или како и да се вика, доста строго изгледа кога дојде на час одма фати да испрашува и беше доста стресно(барем за мене); Катица биологија е строг ама добро се поминува некако, само немој да збориш и учи си и другото е лесно; И физика Биљана ми делува така доста строго и страшно. Засега овие ми се така професори кои се издвојуваат, за другите ќе видиме има време.
Ај сега и јас да оставам впечатоци за наставниците.. Информатика, Елеонора, си е ок, само многу диктира.. Историја, Димко, онака, ок е. Спорт, Јане ми изгледа ок, добро е што не треба да носиме патики, и онака, не треба многу да се мучиме на час.. Биологија Катица, ок е, малце така по строга, ама убаво објаснува. Математика, Јованка, ок е, само кога почна да не прашува за тие рационални, природни броеви.. (што треба да се знаат, нормално)... Хемија, Ела е по строга, бара знаење, ама јас кога имаме час, си пофторувам од тетратката по хемија од 7 одд, дека е ист материјалот. Ликовно, Александар, ок е. Мислам дека ќе ни биде интересно на час. Само ми дојде така по смешно, кога гледавме реклами и цртани. Македонски, Татјана, ок е. Знам вториот час правевме писмена (што не се оценува) а мене составот ми беше од тапа, по тапа. Инспирација 0. Англиски, Катерина. Таму ми е нај закон на час. Некако се опуштаме. Физика, ок е. Малце по строга. Музичко Емилија. И кај нејзе ми е убаво на час, онака рилекс. х) Географија, Јован. Имавме само еден час ако не се лажам, ама ми делува по строго. Мислам дека не заборавив некој наставник. Т.е професор.
Mene Eleonora mi bese vo prva godina, dobra e , no iskreno kazano mislam deka drugata e podobra. A koj drug jazik go ucite(Germanski ili Francuski) i koj vi predava?
Јас сум Француска паралелка, незнам точно како се вика, така со по кратка коса.. црна, мислам дека и е. Патем, имаме повеќедневна екскурзија изгледа во октомври, сакам!
Ти се паднале многу добри професори и професорки... Ела, Татјана, Јане, Александар, Катица, Димко, Катерина, Елеонора се препрепремногу фини !!!! Можеби се прават некои од нив построги дека на почеток, инаку ќе си поминете супер со нив !! Aтанас е срце Најмногу го ценам, има разбирање и е доста културен и паметен за свои години. Немој да се плашиш од Биљана физика, само после секоја лекција пријави се да ја повторис и одма со една лекција ќе си имаш 5ка и нема да те испрашува никогаш и нема тестови да праиш само пријавувај се со време. Катица е фина само сака ред и дисциплина. А Ела е срцка, хехехе не знам зашто ве уплашила толку. Носи и домашни и редовно прашувај ја нешто да ти објасни Колку и да ти е јасно прашај ја.. Ќе види дека си активна и ќе си имаш 5ка