^Јас сум за Бугарија али мислам дека ќе не носат во Охрид пошто било скапо до Бугарија, а Охрид 4-5 илјади е.. ти што одбра?
Па и јас Бугарија, ама работата е што многу деца не знаат дека Пиринска Македонија е Бугарија па затоа избрале Охрид-.-
Како ви иде Каревци особено вие 1ва година, од што сте задоволни општо од што не сте засега, кажете нешто, пофалете/пожалете го школово мајкуму
Искрено, ја сум си задоволна. Поготово од вецињата. Јас на распустот си мислев.. леле, којзнае што ќе биде. Ама баш ми е интересно, има и многу добри деца, а има и ептен законски наставници. И тоа би било у кратко, кога ќе имам поише време, поопширно ќе пишам.
Јас сериозно мислам да се запишам во Карев, така ми е таман, ни ептен слабо, ни па да се забубаличиш, таман за мене Е сега како идат работите, наставниците терсене се, децата? Е сега малце подалеку ми е, само тоа во мисла ме става...
Завршив Карев пред две години. Учев таму 2 и Орце 2. Споредба. Друштво- Орце. Учење-Карев. Од професори: Стојче - Математика Оние што го имале знаат. За другите бидете среќни, затоа што и да не извадите на тест повеќе од нула поени, ако сте женско, секогаш ќе имате двојка. На човекот едноставно слабост му се средношколки. Бегање од негов час нема, затоа што човекот е вреден. На почеток секогаш чита од прв до последен во дневник. Четири пати во неделата. Томо - Германски И да го начекате во биртија да не се чудите. Особено ако тоа е Мементо. Чоекот си сака кафанчиња и книга на часови, ПОСТОЈАНО! Без тоа ќе бирате или неоправдан или испрашување. Нема ама! Мери - Биологија Сегашната директорка. Ѕвер! Особено на класен час кога ќе ти постави прашање: -Ефендицe ( таа и таа ) или Ефенди ( тој и тој ) - Кај сте биле први, трети и петти час? Паднав од скали И секако, на табла ИЗУЗЕТНО ќе строи и ќе се чуди кога нема да знаеш ЧОВЕЧЕ БОЖЈИ! Нема доцнење! Табла! Правење изненадни тестови, среда особено! Ѓурѓилена - Хемија Се вртеа муабети дека мажот и редовно не ја дупи, иако ми живее спроти зградава. Секогаш се чудев зашто насабајле е намуртена. Учење треба. Но и слушалки. Препис на тестови слабо. Диме - Историја Слушнав дека заминал во пензија. Ако заминал да му дадам почит. Од човекот научив едно нешто... Ако сакаш 5ка има да збориш! Има да мелеш и тоа брзо! Па макар една реченица си ја кажал пет пати обратно, на македонски или хиндуистички. Години напамет, другото е пролазно. Ако сакате да го запознаете подобро во "најдоброто" негово светло еве ви линк. http://www.youtube.com/watch?v=Td1WSbggkHI Атанас - Историја Млад и концизен. Човек, кој ве тера сами да посакате за книга да се фатите. Предавањата му се интересни, бара знаење, не блебетење. Што е најбитно, не дави со глупости! Ако некогаш се запрашате зашто е толку хард кор, преиспитајте се зашто сте вие толку чил аут. Барем тој така велеше... Виолета - Социологија - Бети Буп "Де факто" у училна таа владее и кој нема да се покори "апсолутно" ќе биде набркан. -И тоа е се што треба да знаете. Ружа - Физичко Ако ве затекне во гардероба на пуш пауза, а ќе ве затекне, очекувајте предавање дека треба да се спортува, за подоцна да прави нумерологија и хороскоп. За другите не ми текнува.. Се менуваа. Ако сакате прашајте.. http://www.youtube.com/watch?v=LIxqywqIq2E&feature=related
Мене барем, ми се паднаа супер наставници, како што кажав, има некои ептен се добри, ама секако има некои и по строги.. А децата, барем во мој клас, некако се погодивме.. Супер се.. Иначе, и мене ми е бајги така по далечко, некогаш идам и со 3 автобуса, ама мене тоа не ми пречи.
Јас со 1 треба да одам, со 15ка шуќур, ама како што сум растресена може и да ми избега .Се мислам меѓу Карев и Корчагин, сега ќе видиме, да најдам некој заедно да идеме, ова она .
Епа, затоа ја си фаќам кај мене автобус во 12 и 16, тогаш трга.. И во школо, стигаме во 12 и 55, тогаш искачаат овие од другата смена. Ама не се сеќирај, некогаш пуштаат и во приватен со слободни, или едноставно ќе си влезеш од позади.. Така да би требало да стигнеш на време.
Мери не е веќе директорка, Диме не е во пензија срце мое се уште ми предава за среќа и Ружа е од пред 3 години во пензија, 2 и нешто така нешто, Ѓурѓелена ми беше класна и таа отиде во пензија сега
Сакам да ве прашам две работи: 1. Дали овде ако губиш некој час, ќе имате друг час или тој час ќе ви биде слободен? (се надевам ме сфативте што сакав да кажам) 2.Дали откако ќе завршиш со тестот треба да излезеш во ходник одкако ќе го предадеш или пак треба да си се вратиш на место и да чекаш да ѕвони? Фала однапред.
1. Вака значи, ние денес ги губевме првите 3 часа, првите два часа, беа блок математика, а третиот хемија. На правиот час, само така си седевме, не не замени никој. А на вториот и третиот час, дојдоа професорите, што требаше со нив да имаме шести и седми час. И така, наместо 7 часа, имавме 5. Од кои, првиот само седевме. 2. Ние до сега правевме само тест хемија, и само се вративме на место, дека не е дозволено нели, излегување по ходници, ни за време на малите одмори, кои ги нема.
Не секогаш има кој да ви замени час. Ние 2 недели губевме ликовно и немаше кој да ни замени, па затоа бидејќи ни е 3 час имавме продолжен голем одмор. А математика да не ви предава Јованка? И ние денес ќе губиме два часа блок математика.
Па ваљда така се вика.. Во репче ја носи косата.. Утре имаме прв час математика, дали ќе губиме, Господ знае..
Дури во понеделник ќе имаме час со класната, па сакав да ве прашам нешто за екскурзијата. На нас ни кажаа дека од прилика ќе биде во четврток, дека ќе биде 3.800 и дека ќе спиеме во две одморалишта, ли што и да се. Знае некој, некои поточни информации?
И мене не ми кажа класниот ама на другарките класната им кажала така да се што знам е дека ќе седиме три дена, од четврток и во сабота вечерта се враќаме. Ќе не кошта 3800. Најверојатно ќе престојуваме во Бетон но уште не се знае. Инаку планираат да не изнашетаат за тие три ден ќе одиме на мнооооооооогу места а имаме втората вечер и забава.
За 4 година екскурзијата е крајно разочарувачки неорганизирана. Лани бевме во Италија и преубаво си поминавме 6 дена, ама оваа година организацијата е катастрофа. Се планира Будимпешта, Прага и Виена 6 дена да се тргне точно следниот четврток што не е можно за цена 11.200 или 300 и тоа дефинитивно го дознавме тек денес. Нема голема заинтересираност меѓу нас, нормално ептен ја збрзаа работава т.е. оддолжија и има многу малку време, за првата алтернатива има точно само 1 недела! Или другата алтернатива е да се оди понатаму 4 дена и само во 2 града. Глупости! На анкетното ливче прва можност беа овие градови, а втора Хрватска. Некои сакаа да одиме пак во Белград како што бевме во 2 година Белград и Нови Сад и прекрасно си поминавме, но не може зошто веќе бевме а и таму одат помалите генерации. Којзнае дали ќе има и доволна бројка за да се тргне, што во Карев не било случај други години.