Нормално златна. Години поминуваат, се менуваат професори. Така беа работите дур ја учев. После информациите доаѓаат од други...
Во Карев ептен се менуваат работите, било директори или професори, или најчесто реформи во однос на правила, куќен ред, чудно ама така е
Што се случи со екскурзијава??? Требаше да одиме на 6 октомври, па сега не одиме ... Има ли некој некаква информација ?
Има! Ќе одиме во недела на 9ти до 11 вторник Цена е 3800 треба да платиме директно во агенцијата, но не брзај сега да платиш туку четврток петок ќе ни кажат убаво што како, иначе агенцијата се наоѓала над T-mobile во Лептокарија
Дајте кажете нешто за учењево не само на екскурзии да се мислело Јас 1 петка во дневник менаџмент, а имам уште 2 по економија и спорт, само уште не во дневник. Вие одговарате ли, ве испрашуваат, се пријавувате да одговарате сами, надополнувате, плусчиња, оцени почнавте да редите?
До сега, само ликовно, во компјутер имам петка. Ништо поише. За надополнување, баш и не сум дополнувала. Ептен ретко, хемија нешто, и што пробувам да кревам рака. х) Утре ќе испрашува историја, па ќе гледам после нешто да поучам.. Ама физика, ич не сваќам. П.С: Правевме тест хемија, сега ми текна. Ама баш кога ги кажуваше оцените, ја го мокрев сунѓерот, и незнам што добив. Ама сигурно не е петка.
јас засега имам само две петки. Ликовно во компјутер, и хемија во тефтер. Инаку екскурзијата е од понеделник до среда, утре има родителска.
А кој ти предава историја? (Ако ти е Марица обавезно да си ги прочиташ тие што се "за љубопитните") Што се однесува до оценките, денеска ја добив првата петка (по македонски), а имам и плус по историја и географија A нашата екскурзија е од 16 до 18 октомври и ќе одиме во Белград
Феминки ја сега сум 8-мо и се мислам помеѓу Корчагин и Никола Карев.....другарка ми ке иде у Карев а ја се мислам.....имам до сега се 5-ки ама страв ми е биологија...хемија...физика и француски...некако од ова што сте пишувале се испоплашив помагајте ве молам....
Па мене француски ми се падна една добра, не се плаши од нејзе. Многу е добра.. Е сега незнам која друга предава француски.. Хемија јас дека во основно учев континуирано, и не ми е многу тешко. А физика и биологија не ми оди баш.. Ама сегде има строги професори.. А за Корчагин незнам, види во таа тема.
Абе Корчагин дупло потешко ти е од Карев, таму математика има многу, братучед ми е сега втора во Корчагин, не е ич лесно верувај. А иначе и јас се мислам меѓу Карев и Орце, па ако се запишеме и двете во Карев може во ист клас ќе се паднеме.xD