1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Епа како и повеќето осмооделенци, сеуште не сум сигурна каде да се запишам.. Но, се повеќе сум заинтересирана да се запишам во Орце, па затоа ме интересира ваше мислење за гимназијата, за професорите во неа, друштвото итн. :)
     
    На Viki.i му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Орце е супер школо стварно... јас лично не учам таму, братучедка ми учи ама и поал друштво ми е од Орце.
    Строго е, ама не е толку како што слушаш. Јас дека имам многу другари таму и често идам на кафе во тие кафичите што им се таму бела и тие.. и кога и да отидам е преполно со деца од Орце, стварно има супер дружба, ептен добри деца се запишуваат таму.
    Инаку како што ми кажуваат строго е, ама не е толку многу, има терсене професори ( ама па сегде има, и кај мене има), така да, воопшто да не му ја мислиш, поднесувај документи одма :D
    И немој да се плашиш од тоа дали другарка ти ќе се запише таму, и сама да отидеш сигурно ќе најдеш друштво одма, бидејќи стварно супер деца се запишуваат. Ти викам мене пола друштво ми се од Орце и сите се кој од кој подобар :)
     
    На white.kitten, Viki.i и Kasija им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Пак ако се запишувам во средно пак би бил изборот Орце :)
    Многу убави спомени, среќа сега пола професори ми се пензионирани, оти живците ми отидоа со нив, новиве се подобри.
    Иако јас од лани сум разочарана од изборот на директорката, оти таа жена никој не ја поднесува, а многу е лошо кога школо има такво суштество самобендисано за директор.
    Јас завшив одамна, сестра ми 6 години помала од мене сега е матурантка, а во меѓувреме братучетми таму учеше. Со се сум запознаена :D
     
    На CoverGirl10, Inna15, white.kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Фала Ви многу што ми го кажавте Вашето мислење. А би сакала да ве прашам, дали навистина Орце е обратно со смените од др. средни училишта? Затоа што имам слушнато дека на пр. во Корчагин и ЈБТ и некои др. првите недели на пр. ако се прва смена во Орце се втора? И исто да Ве прашам како изгледа униформата?
     
    На Viki.i му/ѝ се допаѓа ова.
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И јас веќе озбилно размислувам да се запишам во Орце, слушнав многу добри мислења и коментари во врска со дисциплина, друштво и општо за школото дека е рангирано на високо ниво.Па би сакал ако некој учи или има учено или ке се запишува во Орце да ми пише ПП.. за искуство ;)
     
    На white.kitten и Viki.i им се допаѓа ова.
  6. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    се согласувам дека изборот за директор ќе го фрли орце во сенка. страшно самобендисана жена што никогаш не може да биде авторитет :D

    Да, во втора и трета година ќе бидеш обратно. Ама нема по тоа најверојатно да се откажуваш хаха :rofl:

    Тегет со бело џемперот, а одоздола бела маичка, двете со амблеми. Мн се убави.

    Супер ви е Орце девојки, нема да погрешите.
     
    На white.kitten и Viki.i им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ах, Орце, Орце. Најубавите денови од моето школствување. Кога ќе ми текне колку плачев кога моите ме тераа да се запишам таму, а јас нејќев зошто другарките ми се запишаа на друго место. Знаев само 5 души од цела генерација, сите 5 беа машки. Ама уште првата недела се здружив со повеќето девојчиња од клас.

    На убаво место е лоцирана гимназијата, во мое време (пред 4 години) и кадарот беше супер, строг, но пред се` квалитетен. Александра по англиски ми ја извади маста, ама заради неа сега сум една од најдобрите во мојата група на факултет.

    Се` на се`, прекрасно искуство. Топло препорачувам!

    Еве ја у прилог мојата униформа, уште си ја чувам и си се потсеќам. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • uniforma.JPG
      uniforma.JPG
      Големина на фајлот:
      22,1 KB
      Прегледи:
      6.472
    На Ami.2001, Viki.i и white.kitten им се допаѓа ова.
  8. Ena-Ena

    Ena-Ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Значи, вака за сите оние кои што се двоумат да се запишат во ,,Орце Николов " јас им порачувам да се олучат да се запишат во таа гимназија. Од лично искуство зборувам дека е една од најдобрите во републикава , ако не и најдобра ( без навреда на другите гимназии). Професорите олично комуницираат со учениците, што е многу важно за вас помладите некој да ви го слуша вашето размислување и да ве посоветува дали е исправно тоа што го мислите или да ве усмери кон правилна насока. :)
    Дека треба да се УЧИ, ТРЕБА :) , ама со вистинската помош нема да имате тешкотија. Патем многу наши УМНИ ГЛАВИ, се школувале во ова училиште ;) .
     
    На Viki.i, Sunshine88 и white.kitten им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    орцееееее :rock: не се мисли воопшто!! мојата најдобра другарка учеше таму,и склопија искрени пријателства до денес,смеења,зезања,супер луге(сум искала со нив)навистина асален и мирен на земја народ :D јас се каам што не се запишав со неа таму,но тоа е тоа
     
    На Мар И Ја, Viki.i и white.kitten им се допаѓа ова.
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најдобар избор!!!
    Немој да размислуваш(Според мене) :)
     
    На Viki.i и white.kitten им се допаѓа ова.
  11. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Ахххх Орце....најубавите години од мојот живот...Кога се запишав бев како изгубен Германец во шпанско село,не познавав никој,ама за среќа брзо се вклопив,склопив пријателства кои траат и ден денес.Во мое време,директор беше Џоле а.к.а Џеј Зи,ама знам го сменија,сега слушам имало некоја директорка.
    Александра по англиски е ѕвер,знаеше и да биде строга и да не насмее,има огромно знаење,многу научив од неа :rock:
    Христина хемија и Лакинска историја исто така прекрасни професорки.
    Миле Клетка нема кој не го знае,супер е човекот
    Миле Бомба е со еден збор комедија,не тераше да ставаме гас маски и да завиваме како оние сирените за општа опасност :rofl:
    Бабовиќ ми предаваше математика,не знам дали е уште таму,строга но праведна ,иако јас и математиката не бевме во најдобри односи :D
    Мери француски понекогаш ми делуваше напушено,знаеше да се смее цел час и да тресе глупости...
    Анета физичко имаше еден тефтер во кој детално ги опишуваше причините зашто не вежбал некој,водеше евиденција за менструалните циклуси на девојчињата за да не можеш да ја излажеш дека имаш добиено ако не ти се вежба :D , не знам како не ја мрзеше, ама сепак беше супер
    Е сега, имаше и црни овци за жал,пример Елена Митева,типката што го водеше изборот за Евровизија,како и оној дебилен квиз Не биди паун, ми предаваше биологија една година,врска немаше и цел час се фалеше кај излегла викендот,како си поминала и слични глупости
    За Љубица географија и ден денес не ми е јасно како завршила факултет,жената е со еден збор глупа ко сајла. |(
    Јас напишав цел реферат,се занесов малце, како и да е, на сите што се двоумат им ја препорачувам оваа гимназија,мислам дека нема да зажалат
    П.С Тие што се поупатени нека пишат што се случува сега во Орце,баш ме интересира
     
    На Viki.i, Angiie и Saya им се допаѓа ова.
  12. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    А може ли некој да ми каже кои се предметите.. и дали е смерна гимназија.. или општа? Оти не сум од Скопје, ама сигурно одам таму.. :D
    Колку треба да ти е просек за да се запишеш..? дали има француски (најтежок предмет ми е, страв ми е дури да се запишам)? И дали вреди некој Сосема одличен да се запише, дали после, за во факултет ти признаваат дека си од добра гимназија.. итн..

    ПС. Друштво - don't care! :D
     
    На Viki.i му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Simona91

    Simona91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Вака Орце е општа гимназија, во 1 и 2 година си слушаш редовни предмети македонски,англиски, ќе си избереш меѓу француски и германски, физика,хемија, биологија, историја, географија, информатика, физичко,музичко,ликовно. Во 2ра год. веќе ќе си избереш еден 1 изборен предмет кој сакаш ( има етика знам, има нешто математичко, јас избрав информатика пак да слушам во 2ра :D ) е тек после во 3та треба да си избереш еден од 3те смера имаш општествено-хуманистичко подрачје ( општествени науки ) јазично подрачје и математички смер... и дефинитивно вреди да се запише човек тука зависи од конкуренцијата но ако си скроз одличен сигурно влегуваш и се разбира примаат и послаби ученици се зависи од успех ... :)
     
    На Viki.i и Taylor им се допаѓа ова.
  14. Simona91

    Simona91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Епа многу работи се сменети јас лани завршив таму и сега Сунчица историја е директорка, Миле клетка и миле бомба уште си се таму си ги прават истите вообичаени работи, Бабовиќ уште предава, А љубица географија не сум ја запознала сигурно отишла во пензија, покрај неа и Вангелица географија си е во пензија, биологија сега има нова професорка, Анета сеуште си ги води истите евиденции и така друго нема ништо посебно сменето :) Орце си е Орце сепак :D
     
    На Viki.i и machorka им се допаѓа ова.
  15. Angiie

    Angiie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    50
    Јас сакам да се запишам белингвална (англиски) но дали е тешко? :)
     
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И јас сум осмо и сакам да одам во билингвалната англиска. Колку што имам иформации се учат само одредени лекции по одредени предмети(македонски, математика, физика, хемија..) на англиски. Ако има некој што е билингвална англиска нека пише нешто повеќе :P
     
    На Angiie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Здраво девојки Јас сум матурантка и учам во англиската билингвална во Орце Николов. Природните и општествените предмети се учат на англиски, од почеток се почнува само 5мин од часот да се учи на англиски за да се навикнете и да дознаете потребна терминологија,а како поминува времето ќе почнете и поголемиот дел од часот да го учите на англиски. Не е тешко, ако се има волја и доволно познавање на англискиот интересно ќе ви биде Ние полагавме приемен тест за англиски јазик, не знам дали има уште приемен ќе треба тоа да се распрашате.

    Јас бидејки обожавам да учам јазици сега да ми дадат да бирам би отишла во германската билингвална во ЈБТ бидејќи таму учеа многу повеќе германски отколку ние англиски овде, нив ги спремаа за студии во Германија и сега да бев таму ќе си отидев во Германија ќе терав мераци хаха али тоа е.. Ни тука не е лошо изборот е ваш.

    Од пред месец дена се отвори и кариерен центар во Орце Николов(http://www.facebook.com/pages/Centar-za ... 3152184412), прв и единствен во Македонија, што ќе ве упатува уште од прва година кон вашата идеална кариера, ќе дознаете во што сте добри и ќе се усмерувате во тој правец. За жал тек сега го направија, откако завршувам, но тоа ќе остане на вас и идните генерации и многу ќе ви користи. Многу е важно да дознаете што порано што сакате да учите и да работите во иднина за да се усовршувате и усмерувате во таа област.
    Се надевам ви помогнав
     
  18. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Исто и јас имам желба да се запишам во билингвалната ама некако имам страв, демек да не биде тешко, да не бараат многу, а имам одлично познавање на англискиот. Викаат професорите си немале врска англиски :D Ме интересира дали е тоа стварно така и дали предаваат истите наставници што предаваат и во македонската паралелка? Иначе незнам ми се свиѓа школово па плус и блиску ми е :D А има ли некој од вас што дефинитивно ќе се запишува во Орце, без разлика дали е билингвална или обична и што мислите која е подобра според вас? :)
     
  19. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас ќе се запишувам во Орце ама во обична. Сите ми викаат дека на билингвална имало помлади професори ама и дека имало некои што не знаат англиски и дека на билингвална помалку учеле него на обична.
     
    На Viki.i му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ми иде англискиот и сакам да пробам. А и ако не се учи толку одлично :D Отсекогаш сум одлична ученичка, имам капацитет и амбициозна сум, ама по основново сакам малку одмор :D Па зошто и да не се добие диплома. Исто ти се фаќа, ако знаеш англиски ќе добиеш и такви меѓународно признати дипломи, а па исто ќе научиш. Иначе сама идам у Орце (мислам без друштво) па нема да биде лошо ако запознаам некој. Ќе може да ми кажеш у кое школо учиш или ако не пиши ми порака, може се знаеме :)