Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Полуматурантка сум и сакам да се запишам во Орце Николов па сакам да прашам какви се наставнците,друштво, и со какви оценки примаат? :)
     
  2. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Наставниците се различни,секој за себе,има секакви. Какви и да се,ако учиш редовно и се докажуваш нема да имаш проблем кај никој. Душко македонски секој час не испрашува,нема правило ако си испрашан следниот час да не те крене. Не значи тоа ништо. Ако треба 200,200 пати ќе те праша. Проблемот е што се случува некое прашање да не го знаеш во моментот,пошто се такви блиц прашања поставува и ќе ти влијае одговорот на оцената. Само тоа е лошо. Љубиша историја е супер професор,само што мој совет,бидете секогаш спремни пошто не се знае кога ќе ве праша.Нас некогаш не испрашува од почеток,некогаш од крај,некогаш од средина... битно учете ги редовно новите лекции.
    Сузана музичко-не се зезајте со предметот,сватете го сериозно и учете,пошто сите кецови у клас по музичко ни се... иако не е строго испрашувањето пошто поголемиот дел од лекцијата си го читаш.
    Биологија-Џугуманова,бара активност на час и да бидеш мирен да не и пречиш во предавањето а дека е нешто посебно строга-не е.
    Весна-англиски е супер жена,само многу го тупи некогаш. Пишувајте домашни и бидете активни,верувајте ќе се исплати. И не ги зезнувајте писмените.
    Математика-Софија(класна ми е)- не предава нешто најдобро,ама дава многу тешки тестови,и секој час не вади на табла по дневник,да решаваме задачи. Ако незнаеш да решиш не е проблем,ќе ти помогне,ќе ти покаже,ама строго оценува тестови,и за некои мали ситници крати бодови.Ако види дека се трудиш и работиш и за 4-ка да си 5-ка ќе ти стави.
    Ликовно-не ја сакам ич. Цртајте на час пошто се шета и проверува кој црта а кој не. Ако ти е празен листот ти следи дерење. И учете ги лекциите пошто знае некогаш да си потпраша.
    Физичко Богољуб-немам коментар,супер си е човекот само носете си опрема со бои од логото на Орце пошто иначе се љути :D
    Географија Бети-испрашува тешко,знае и ненајавено наставно да даде. Кога најмалце очекуваш тогаш ќе те праша. Бара стално да знаеш и да бидеш спремен и дефинитивно не сака луѓе што и се прават паметни. Како неа да не насмее никој незнае.
    Германски-Гацова,ништо нема да ве научи,само ќе си седите на час и ќе праите прости работи,и со многу малку напор петки ќе си добивате.
    Информатика-Доказа-тешко испрашува ама ако добро си научил немаш гајле.Многу цени активност на час.
    Физика-Елизабета е добра ама бара одма да и одговориш на некое поставено прашање и нема трпение воопшто. Бара редовно домашни да се носат и формулите да се учат
    Хемија-Толева,ситничарка голема. На тестови сите бројки до крај пишувајте ги,сите единици мерки се на долго и на широко пошто крати поени бааги за такви работи.
    Ќе има ли некој трпение да ме дочита до крај? :D Ај доста беше...
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ај и ја да ги искоментирам професориве пак.
    Покуса да не останам. :wasntme:
    Македонски - Далида.
    УЧЕЊЕ, и тоа многу учење.Доста строга професорка, бара се да знаете од а до ш, строго оценува, и активност, и испрашување и тест, кај нас во клас само две 5ки има, и четворките се бројат на рака. :D
    Хемија - Софрониеска.
    Јас искрено не знам зашто толку лош глас ја бие женава.Коректна е во оценување, а и добро предава, ни тестовите не и се многу тешки.Јас, што сум ТРУП хемија кај неа четворка имам, ако ви фаќа повеќе кликерот без проблем може петка да имате кај неа (иако пола клас кај нас се двојки и тројки. :rofl: )
    Историја - Владимир.
    Од овој позакон човек нема во Орце, а и пошироко.На сите што им предава имаат петки, дали има 10 четворки во генерација, а не па нешто пониско.Пријателски однос има, стално ни кажува вицови и се шали, во музеј не однесе, и последниве часови филм гледаме дури.
    Француски - Сузана.
    Многу душа жена.Ептен се труди да објасни и се тоа, гледа да посвети време на секој, а и отпочеток се објаснува, така да има шанси јас да го научам јазиков.
    Географија - Љиљана.
    Е оваа е стеница.Досадна до 101 и назад.Значи само го тупи како сме биле најслаба генерација, па демек ни се паднале професори што ќе не научат како младите професори не биле добри итн, итн.
    И секогаш може да те дигне, и кога си спремен и кога си неспремен.А многу строго оценува и те шета по материјалот и тоа некои ситници убутани нигде кај што ги нема.
    Англиски - Весна.
    Многу ми е антипатична женава.
    Предава се на англиски, а може има некој што не ја разбира, па со тие времињата више отупе по 15 употреби ни дава, па ни вика уште речници да сме купувале. |(
    Физика - Зоран.
    Кај него многу лесно се добива позитивна оценка, кревај рака на час и одговарај за првите неколку лекции од темата (а и он башка помага) и имаш 5ка загарантирана без разлика што ќе добиеш на тест.
    А многу темелно и до детаљи предава, никој не може да го следи. :rofl:
    Математика - Анастазија.
    Ако некој научи кај оваа нешто може слободно да ме прекрсти како сака.
    Абе врска нема од предавање, а многу и се тешки тестовите.То ест не се толку тешки како што се обемни, и да сакаш не можеш да напишеш се.
    Биологија - Мирјана.
    Е срце жена си е. :wasntme: Не бара нешто премногу да знаеш, ама ги става оценките од тестовите директива во дневник за тромесечие/полугодие, така да не е препорачливо да го утнеш.Ако баш, многу си активна на час може да ти стави повисока оцена.
    Ликовно - Појма неам како се вика искрено али само оваа е женско ликовно што предава.
    Толку многу си го преценува предметот, го става на исто со географија и математика да речеме, испрашува дури и мораш да црташ кај неа зашто шета и ако види дека не црташ ќе ти се дере. |( И со тоа дека испрашува зашто може ќе имало екстерно тестирање по ликовно напна, значи ОТУПЕ.
    Музичко - Сузана чинам се викаше.
    Фина жена си е, мада што и она испрашува али сите читаат од учебник и нема фрки. :rofl:
    И мора да пропееш кај неа, од тоа нема бегање. :rofl:
    Информатика - Доказа.
    Не се интересирам многу, многу за предметов па кога требаше да ме испраша си набубав се и 5ка ми стави, а за предавања искрено вака нит следам нит пратам, муабет си правам или си играм карти на компјутер.
    И за крај Богољуб - физичко.
    Вежбајте редовно и правете стомачни, грбни и склекови и ќе немате проблем.

    Уф, се уморив. :whew:
     
  4. sneze123

    sneze123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Има некој тука што завршил или уште учи во Орце Николов ама општа гимназија, не билигвална? Сакам да знам дали е многу тешко, дали лесно се стекнува друштво? Некој нека ми пише ЛП или тука :) Фала ви однапред :)
     
  5. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    И јас си одлучив ќе се запишам во Орце Николов никогаш не сум размислувала за таму али кога видов тука коментари се подзамислив.Ми викаат дека ќе сум се предомислела до тогаш 100 пати ама НЕ јас сум си решена. :)
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Леле па ти па ама се исплаши, о душиче. :D
    Значи баш е забавно во школо, наставнициве забегани, денеска Далида виде една мува лета низ училна и вика кој ќе го фати една оцена погоре, и еден стварно јa фати, сме се пукнале од смеење. :rofl:
    Башка и ако одиш билингвална, 90 % нема да ти се паднат овие професори, а и онака мали се шансите да ти се паднат построгите зашто доста од нив не предаваат во 4та, а по дифолт мислам дека тие што предавале на 4та ќе ви предаваат на вас догодина.
    Децата се супер за друштво.
    Единствено така малце со автобусице, пред школо поминуваат само 15А и 8, ако не ти одговараат ќе си поодиш тро од Симпо. :wasntme:
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sarleta

    Sarleta Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Сакам да се запишам во Орце и кажете ми првен дали има добро друштво и слушам дека било мн тешко дури како во Корчагин дали е тоа точно?
     
  8. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Кои смерови ги има во Орце? :)
     
  9. macy222

    macy222 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    A za ekskurziite ako moze da mi kaze nekoj? (kolku ima?kade?Vo koja godina itn.) :0
     
  10. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Da ve prasham neshto ...dali ima smer angliski vo Orce?
     
  11. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Орце е гимназија и учениците се делат тек у 3 година има 6 смера , јазично уметничко А и Б , општествено хуманистичко А и Б и математичко А и Б.
    Јас лани завршив и имавме во 1, 2 и 3 ама како што слушнав ќе биле само 2 и 4 од оваа година.
    Има билингвална англиска и француска.
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Незнам за понатаму, ама оваа година сите 4 години одеа во странство.
    Прва година Грција, втора Белград, трета Виена мислам, за четврта не знам кај одеа.
    А + имаше после некој саем на науки во Белград пак, прва и втора година само, хемија ги носеше, и тоа за 50 евра само. :D Е страхотно ми е криво што не отидов тука. :D
     
  13. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    4та беа во Италија, а оваа година имаме можност барем 1ва и 2ра да одиме во Словачка на една недела, лани тие прва што беа супер си поминаа, ама оваа екскурзија е мислам само за билингвалните англиски. :)
     
  14. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Ако сте француска билингвална на крај на втора ве носат една или две недели во Париз. А билигвална англиски веќе беа негде во Полска нешто така мислам :)
     
  15. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Сакав да прашам дали во школово треба учениците да одат во училници за час или наставниците доаѓаат? :)
     
  16. Snape

    Snape Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Прва година сум, ама сеуште не сум ја донел конечната одлука каде ќе го завршам средното образование. Штом овде пишувам значи размислувам за Орце, ама пред да ја донесам конечната одлука сакам да се консултирам со што е можно повеќе луѓе, па еве и од овде да чујам мислење...:)

    ОК, веќе многу и прочитав, ама повеќе, можеби и најмногу сум заинтересиран за друштвото. Видов дека сите викате дека е супер, ама зависи од која перспектива... Јас не сум од Скопје (од источниот дел на Македонија сум), ме интересира како би ме прифатиле? И искрено од фб што имам некои пријатели скопјани, по тоа што го гледам на нивните профили, на слики, на ask.fm итн. некако ме заплашува (без навреди) :D Знам дека не се сите такви, секако, но не знам во орце какви се, затоа прашувам :) На пример, јас не пушам, не пијам (и не се дрогирам хахах), и немам проблем со тоа овде каде што живеам, ама барем по филмови гледам што се случува, па ме интересира дали има такви деца на пример кои би ме исмејувале заради тоа, или би ми вршеле притисок...? :) Само давам пример, не кажувам конкретно за ова, сфаќате? Дали онака има некои си стереотипи, предрасуди...? Можеби звучи лудо, ама јас сум озбилен. Не сум живеел во Скопје, не знам каков е животот, нема кој да прашам, па очекувам ваша помош. Значи ве молам да гледате објективно на работите, не субјективно :) Секако дека и професорите и наставата итн. ме интересира, ама најпрво да видам како би се вклопил таму, па после за тоа...:)
    Благодарам многу! :)

    П.С. јас сум скроз одличен и ако одам во друг град да учам, тоа ќе го сторам за поквалитетно образование. Значи тоа што е строго не ме загрижува, дури би сакал да биде и построго ]:) Не одам за дружење, па не би ми сметало и сите да се „бубалици“ (она да биде тишина на час и човек да може на раат да си го слуша професорот) :rofl: е сега, не дека не сум дружељубив, ама ви реков дека одам за поквалитетно образование... Значи дали е ова можно, дали покрај што друштвото е супер за дружење, е супер и за учење? Дали се добри како соученици и дали имаат почит и разбирање, тоа ме интересира (за билингвална Англиски, поточно).

    П.П.С. Знам дека Корчагин е построго, ама за Орце сум заинтересиран.

    Благодарам уште еднаш за вашето време и одговор, ми значи.
     
  17. Snape

    Snape Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека професорите доаѓаат, така е секаде :)
     
  18. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    За друштвото се е супер, не се плаши никој нема да ти се смее и такви раб.Има секакви, и такви што пушат, бегаат од часови но ќе си најдеш друштво дефинитивно. Морам да ти кажам да се распрашаш за билингвална зашо мислам дека освен ако не доаѓаш од приватно школо или од др држава неможеш да бидеш билингвална, зашто ние полагавме испит во прва и така не примија.
    Не сум сигурна за ова затоа распрашај се
    За професорите различни се. Кај некои е опуштено кај некои мува може да се слушне како поминува
    Се надевам дека ти помогнав
     
  19. Snape

    Snape Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Фалаа, секако дека ми помогна! :) Инаку не сум ниту од приватно училиште, ниту од друга држава, ама знам дека може, само и јас треба да полагам приемен. Не е тоа проблем :P :D

    Е сега малку повеќе за училиштето... Прво она што помалку ме интересира, ама сепак ме интересира. Во каква сојстојба е? Мислам на материјалната страна, дали е онака добро средено, старо/ново, во ред/искршено...? :) Па сега професорите...: ) Поточно ФИЗИЧКО (Богољуб) и МУЗИЧКО (Сузана)! Сепак тоа е нешто за што треба повеќе талент... Лекција да е - секој ќе научи, ама секој не може да пее или да биде добар во спортови... Ете на пример мене ни во тоа ни во тоа не ми иде...: ) А како што кажав сакам со 5,00 да минам, па ме интерсира дали овие два предмети ќе ми претставуваат проблем? И на крај - натпревари! Сакам да одам на натпревари! Ме интересира конкуренцијата... И дали само еден претставува цело школо или на еден ист натпревар можат да одат и повеќе ученици? Јас не сум нешто генијалец, ако само еден оди на еден натпревар тогаш се ми пропаѓа, сигурен сум дека таму има ептен добри ученици :) Поточно за англиски, француски и физика сум заинтересиран. Дали во билингвална одат на англиски, француски и физика? Дали професорите ве известуваат за натпревари? Дали мене воопшто и ќе ми дадат шанса, оти сепак не ме познаваат, не сум се докажал...:/ И уште во врска со сертификакот на крајот што го даваат... Колку е признаен, вреди ли... А и да, има некакви проекти како фо француска бил. некакви патувања, ментори...? :?:

    Благодарам! :)
     
  20. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Значи музичко како и се кој останат предмет учиш и испрашува. А кога треба да се пее битно е да зуцнеш не е битно како пееш и добиваш со сигурност 5ка. Физичко ќе ти бара 50 склека, 50 стомачни, 50 грбни за 5ка, ќе те оценува одбојка и не се секирај на крај попушта и на сите лупа петки. Важно е да бидеш редовен, дисциплиниран и да носиш опрема. Да има натпревари и може кој сака да оди али најчесто професорите ги бираат тие што се активни имаат 5ки по нивни предмети. Има натпревари по историја, математика, физика итн итн и физика сигурно ќе те прими и ќе ти дава за вежбање. И сигурно ако освоиш место меѓу први 3 ќе имаш сертификат. После ако идеш франуцска билингвална на крај во втора идат не знам колку дена во Париз, додека билингвално англиски не знам кај беа . Ако те интересира уште нешто пиши лп :)