Денес беше отворен ден и една професорка рече дека ќе има информации за запишување на страната.Ама јас неможев да ја најдам а таа ме убедуваше дека ја има страната,па затоа прашав.
Да видиш ти на фб страната на орце, таму ќе има сигурно а еве ја барав таа старата страна не ми ја отвара незнам зошто.
Јас сум сега полу-матурантка и се размислувам помеѓу Орце и Корчагин. Прво размислував да одам во Корчагин, бидејќи ја сакам медицинита, и ќе ми биде добра припрема. Ама сите викаат дека во Орце има многу поголема дружба од Корчагин. И мајка ми тоа сама го кажа, а она има завршено во Корчагин. Ако одам во Орце, би одела на билингвална, бидејќи англискиот многу ми оди, и го обожавам. За приемен на билингвална само англиски се полага или...? И каков вид прашања има? И ако може некој совет за што да изберам. фала
Дипломите важат само ако се од државни натпревари, друго не. Иначе за една четворка не би можела вака да знаеш, се полага приемен, ако го имаш направено добро може да велзеш Иначе колку што ми кажуваа другарки што полагаа плус и братучедка ми прелани полагаше, само на англиски е нормално, има знам вежба пасив во актив и обратно, има мислам времиња, синоними.. Тоа памтам што ми кажувале
Полуматурантка сум и планирам да се запишам во Орце, ама сакам општа. Како што велат, општата била потешка од билингвалната. Знам дека друштвото е супер, така имам слушнато. Ама за учење како е, дали е многу тешко (математика, физика, хемија ми се мал проблем затоа)? Некој што е општа ако сака да ми пише во ЛП да ми објасни убаво би му била многу благодарна
Орце Николов Вака значи јас сум осмо и планирам да се запишам во Орце, ама ме интересира дали е многу тешко, дали е потешко од другите гимназии, како се наставниците, децата, ии најбитнотооо Дали да се запишам на билингвална француски или на обична .. Фала ви мнооогу
^ Јас најдобронамерно би те советувала да се запишеш во француската билингвална кога веќе се двоумиш меѓу двете. Не можеш да изгубиш ништо, а можеш премногу да добиеш. Сега, кога веќе сите знаат англиски и сме изложени насекаде на англискиот (филмови, музика, сепак е лингва франка), познавањето на француски секогаш ќе те издвојува од конкуренцијата. А да не зборуваме за тоа дека се работи на проекти и дека учениците многу често шетаат низ Европа.
Јас сум осмо одделение и сакам да се запишам во Орце.Размислувам за билингвална.Кога се полага тестот англиски и кога е денот за упис?Ако знаете напишете
Во сите гимназии се тие смерови. Општествено хуманистичко - право, економија, бизнис.. Математичко А - има повеќе математики, обично се запичуваат тие што сакаат да одат на електро, финки, машински.. Математичко Б- хемија, биологија. Препорачливо за тие што сакаат на медицина, ПМФ.. Јазично - италијански, латински, психологија.. е сега мислам дека имаше и општествено химанистичко Б, ама затоа што во моја генерација никој не го одбра и немаше таков смер тогаш и незнам баш што се учи.
Сите што се мислите меѓу англиска или француска билингвална или општа, мој совет е да одите билингвална, поготово француска. Значи прелесно им е таму, подобри професори им предаваат, секој ден губат минимум по 1-2 часа, еден период по толку часа имаа дневно.(ова за француска билингвална) Англиска е така-така, нешто ин де мидл ама немојте НИКАКО ДА ИДЕТЕ ВО ОПШТА. Терор ни прават, за една 3ка хемија и математика треба да се убиеш од учење, те испрашува англиски ЦЕЛ час, а македонски колку што имам учено во прва немам учено 8 години основно, ма ни пола од тоа. Spoiler И да, молете се и во црква кило зејтин однесете да не ви се падне хемија Софрониевска.
Нема везе не е толку тешко во општа, зависи од професорите. Баш англиски им е сто пати потешко на билингвалците.. И кај Софрониевска нема да имате проблеми ако знаете хемија, ако не знаете тоа е тоа
Тие што ќе се запишуваат во Орце нека читнат тука: http://orcenikolov.edu.mk/konkurs1314.pdf Инаку некој од тука што е општа во Орце ако сака нека ми пише ЛП нешто повеќе за друштво и учење.
Незнам, јас имав другарки и во билингвална англиска и во општа и на тие во ошта мноогу потешко им беше. Може така им се погодија професорите, Софрониевска хемија се утепуваа од учење и пак 3 3 3 3, а овие билингвална незнам како им се викаше ептен лесно поминуваа, ни пола од другиве што имаа не им беа тестовите, македонски истата им беше Далида мислам се викаше, а другиве незнам кои се ама стварно им беа подобри на билингвалците, помлади и подобро поминуваа многу. Сепак зависи која генерација ќе ја фатите, нив барем што ми кажуваа така беше..
Идам во орце али билингвална француска и како што знам еден е класот па сакам да прашам дружбата меѓу класови каква е дека се сепак многу какви се децата дали се наоѓаат и такви по лајт и колку класа се.истотака некоја разлика меѓу општа и француска има ли?и тие муабети дека на француска им се паѓаат полесни наставници и помалце се учи колку се точни.иначе кој иде во француска може да ми пише ЛП па да се запознаеме
Има дружба меѓу билингвалците и општите. Разликата помеѓу општа и франц. билингвална е тоа што французите имаат повеќе часови француски, го изучуваат на повисоко ниво, имаат некои си дополнителни предавања после часови. Да во принцип ако ти иде француски, полесно им е, бидејќи имаат полесни професори и понекогаш губат часови.. Најдобро е тоа што сега во втора година беа две недели во Париз, т.е. скоро низ цела Франција не памтам точно кои градови