Прва година сте сигурно од 9, зашто ние втора сме најверојатно од 10 (нема соопштение на врата од класната ми е информацијава). Инаку, со среќа на сите што сте прва. Spoiler p.s ќе се изманијачите машки од трета.
Тие што се прва во понеделник од 8 саат сме. Снежана Димитрова ми е класна, да не знае некој што предава, каква е?
Со среќа утре на сите па се глеаме иначе да си прашам од 8 сме сигурно?сите други школи биле од 7 ипол само орцевци од 8? И кај треба да идеме? Доле во двор или во кабинет?
аиии ќе си имате проблеми со неа. .. не и се сите овци на број, кога ќе ве пушта, кога ќе ви додава неоправдани... малце како изгубена е
македонски предава, зарем не отиде во пензија? инаку ќе бара да знае се за вас напорна е, мене ми предаваше 4 год. фала богу не ми беше класна..
Сега сумпрва година во Орце, билингвална англиски. Има некој од таму и тие што учат/учеле кажете ми нешто за Катерина математика, класна ми е :3
Душица за утре ни даде да напишеме автобиографија/CV. Како да го започнам? Дали да биде како расказ или накусо и површно да кажам име,презиме,од каде доаѓам,мои особини..?
Информатика-Викторија Македонски-Снежана Математика-Жаклина Биологија-Лила Физика-Зоран Ликовно-Снежана Хемија-Софрониевска Англиски-Ивана Музичко-Виктор Спорт-Анета Француски-Мери Ако на некој му предавале овие нека ми пише ЛП повеќе за нив, како оценуваат ова она
Еве ќе пишам тука за тие што знам, можеби и на друга феминка ќе и биде од корист. Информатика-Викторија, ми предаваше во 1ва година, ќе се покажува малку како строга, ама всушност е фина жена. За оценување колку што се сеќавам ќе правите табели, ќе пресметувате нешто во %. Најпаметно би ти било сите чекори да ги запишеш во кратки црти така, за кога ќе дојде оценување да ти биде многу лесно. Пример ќе ти каже таа, направи табела со толку редови, толку колони, таа боја она ова, и ќе те остави и ти кога ќе бидеш готова ќе и кажеш и така е всушност оценувањето. Биологија-Лила, на тестовите обично не признава прашања кои се точни, а не се напишани како она што ги кажала или во учебникот како што е. Тоа многу ме нервираше кај нејзе Ќе има недисциплнина на часовите сигурно, но ти запишувај ги плановите што ќе ви ги дава и биди спремна секој час да те испраша од нив.Малку ќе ве нервира, но ништо страшно Ликовно-Снежана- Интересна женичка, покажувај и на час дека си заинтересирана,дека работиш. Носи материјали кои ќе ги бара, блок обавезно тоа. Во 2 година ако ти е таа мислам ќе имаш и теорија, ќе ви дава кратко по неколку реченици и од тоа ќе ве испрашува. Англиски-Ивана- И мене ќе ми предава оваа година за прв пат, но од постарите генерации имам слушнато дека била многу фер и фина. Музичко-Виктор- И овој е интересен човек. Мислам дека нема да ве тера да пеете, барем нас не не тераше. Ќе ви диктира планчиња кратки, запишувај ги и од таму учи за испрашување, лесно е Спорт-Анета- Не ми предавала, но за нејзе имам слушано само лоши работи искрено....Просто обожава да ги исмејува другите... Толку знам за нејзе. Француски-Мери- Ептен весела женичка Прашајте ја само како си поминувала кога шетала низ светот и со часови ќе ви раскажува Мислам дека на 1 час ќе ве тера да се претставувате на француски, но не е страшно. Тестовите и се кратки, од неколку вежбички само Се надевам дека ти помогнав малку
Имам едно прашање и може е преглупо ама да си прашам во 5то, 6то и 7мо бев мн добра и се надевам во 8мо ке поминам одлична и сега следува глупото прашање имам ли некакви жанси да се запишам у орце??? и како се пресметуваат бодовите?? знам дека бараат одлични ама сепак шо да правам... тек сега у осмо ми дојде паметот ако може одговор???
Бабовиќ е најјака професорка во цела гимназија. Освен што супер предава, секогаш знае да се шегува и да се смее. И за да имаш 5ка кај неа треба убаво да го загрееш столчето, затоа што ќе правите наставни ливичиња, тестови, полугодишни тестови, а можно е и годишен.
Епа осмо сум и уште од сега се спремам за во средно Сакам да се запишам во Орце :geek: Па сакав да ве прашам, дали од прилика знаете какви професори ќе ми се паднат, поточно дали ќе бидат добри професорите што ќе предаваат следната година на прва?
Тоа нема сигурно да се знае до 1ви септември следната година. Распоредите за професори, кој каде ќе предава се прават за време на летниот распуст. Но ако си решена да одиш гимназија, тогаш ДЕФИНИТИВНО оди во Орце, нема да се покаеш. Препорачувам.
Дали на некој му има предавано Черепналковска македонски и Цеце физика? Правам тест со двете, најмногу ме интересира какви тестови даваат, да знам колку да учам. Инаку втора година сум