Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. angelotangela

    angelotangela Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Луѓе ај ве молам совет. Се мислам помеѓу Орце и Корчагин а ме интересира природноматематичкиот смер. Какви се професорите по тие стручните математичките и информатичките предмети? Мислам на алгебра, линеарна алгебра, информатика, математичка анализа, информатичка технологија, програмски јазици баш тие што се стручни предмети. Не ми е толку битно дали се добри него дали знаат да предаваат.? Фала :$ .
     
  2. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже нешто повеќе за екскурзиите,кога се оди,каде се оди,какви се во англиска билингвална,а какви во општа? :D Фала ви однапред :)
     
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Исти се екскурзиите и за англиска билингвална и за општа. Секоја година имате неколку понуди и вие си избирате каде би сакале да одите. Пример оваа година, 4 година се одеше во Италија, а претходните години Грција(Паралија), Прага, Виена... :)
     
    На Seashell31 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    ^Не се исти екскурзиите... Од англиска паралелка се оди во Словачка, Лондон, а сега слушам и во Германија ќе оделе.
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    ^
    Француската паралелка во Франција одат.
    А сега дека има нов закон од министерство дека до 4та неможе надвор од Македонија, можно е нигде да не идеме. |( Единствено ако направи нешто директоркава ко вонредна ескурзија (Во Белград или Хрватска), се собираа нешто потписи за тоа...
     
  6. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Јас сум сега 8мо одд. и планирам да одам во Орце... Може некој што учи таму да ми каже за професорите,за децата,каде се оди на екскурзии.дали е строго и сл.? И уште нешто со колку просек примаат? 5то и 6то сум 5.00 лани бев околу 4.74, а оваа година се надевам ќе поминам 5.00 ..
    Фала однапред :*
     
  7. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    А има екскурзија во Шпанија? :3 ако знаете др средно каде што одат во Шпанија кажете таму да се запишам хахаха XD
     
  8. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    И како поминавте на родителската? :lol:
     
  9. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Ме мрзеше сите да ве читам, ама еве сеа со оглед на тоа дека сум втора година можам да ви кажам дел од професорите какви се :)

    Софче математика дефинитивно најопуштена професорка. Можеби ќе ве нервира на моменти дека форсира да се решава многу на час, и понекад може да ве има на пик, ама за оценки никогаш проблем нема да си имате. Секогаш дава поправање, особено на крај година и многу лесно става петки. Инаку ќе научите математика од неа, тоа бидете сигурни, и да ви се чини дека не е така. Ако сте англиска билингвална понекогаш ќе ви предава на англиски, и многу ќе се смеете за лапсуси од типот на „дропкас“.

    Весна англиски една од најдосадните професорки во орце. Ако ви предава секој час ќе учите по 20 фразални, модални, и што уште не. Жената секој час ќе потенцира како не се стига со материјалот и ќе ве форсира со вежби. Ако работите на час ќе си држите континуитет во зборење англиски и да не одите на курс. Негативна страна е шо дава премногу двосмислени реченици на тест и шо не знае да го анимира часот интересно да е, инаку фина женичка е. Испрашува и усно и тоа е малце зезнато. Прашува за раскажување на текстови, за вокабуларот и бара да го објасните со истите зборови како шо е во учебник, или како шо она го објаснила на час. Реални оценки си става, иако понекогаш знае да биде премногу строга.

    Виолета ТОЛЕВА своевидна легенда. Предава хемија само во англиска билингвална. Многу е смешна како појава пошто секогаш главата и е дигната нагоре и делува како смежурана жирафа. Секогаш на табла шлајфува пред да почне со пишување. Многу пати пишува аљкаво. Никогаш не опоменува и не брка од час, пошто делува како да не сфаќа дека никој не ја слуша и дека сите си праат муабет. Предава исклучиво на англиски и дава тестови на кои крати бодови без врска. Не дава поправање ако сте и одложиле тест.

    Бети физика ми предаваше само во прва година на цела среќа. И она предава само во англиска билингвална. Оваа жена секој различно ја сфаќа и секој има различно мислење за неа. Мене лично ич не ми се свиѓаше пошо секој час доаѓа со цинична насмевка и предава се за 20 минути, а во меѓувреме прави гадни шали на туѓа сметка. Не почитува никого. Тестовите и се на англиски, дава материјал од каде да се учи. Става слаби оценки со сласт. Дава да се поправа, ама не се надевајте на многу високи оценки.

    Бети географија мислам дека е прилично нова професорка во Орце. Знае да биде добра, ама почесто не е. Со својот клас е најдобра и ако ти се падне класна ќе ти попушта, ако не ич не попушта. Дава изненадни наставни ливчиња, тестови, испрашувања и најчесто не знае што све предала. Покрај лекцијата на час ќе дознаете СЕ за нејзиното дете, за мажот и ред други работи. А покрај тоа ќе одвали и неколку несмешни шали, на кои вие секако ќе се поднасмеете од куртоазија.

    Џугуманова биологија нема да најдете построга професорка во орце. Добро предава, разбирливо е, ама премногу детали бара да се знаат, па дури и екстра надвор од програмата. Буквално ќе научите СЕ по биологија. Кај неа петките се реткост, ама коа ќе го најдете правиот начин да научите, ќе ги добиете. Не дава на час да се зева и многу се нервира ако некој и зева на час. Сепак ја почитувам бидејќи е најправедна на тестови и за оценки.

    Љубиша историја професорот по кој сите девојчиња се „луди“. Еден од најмладите професори во орце. Имавме таква среќа со него на екскурзија да одиме. Посрцкаст човек нема да запознаете. Предавањата не му се секогаш интересни, а кога испрашува годините му се најбитни да се знаат. Часот секогаш му е опуштен. Еден од поомилените ми е.

    Душко македонски за жал ми предаваше само во прва година. Плачевме кога дознавме дека ни го смениле. Најдобриот професор што некогаш ќе го имате во животот! Часот е комплетно релаксиран, интерактивен, покрај лекцијата што се работи тој час, Душко секогаш ќе има да ви раскаже по нешто за животот, да ви даде совет или наравоучение. Толку многу ќе го засакате што на час ќе ви биде срам да се појавите без научено. Испрашува секој час по тројца мускетари, седум џуџиња или некоја друга комбинација ако сака. Дава 2-3 тестови во цела година. После секоја лектира имате да напишете есеј или имате писмена работа, за оценка. Многу често ќе одите да поправате плусови со прашалничиња или минуси со плусови кај него. Овој професор дефинитивно ќе ве научи многу за животот!

    Сузана Черепналковска македонски почна да ми предава македонски од оваа година. Кога предава теорија не е толку забавно, отколку кога се работи лектира. За теорија дава тест, за лектири треба да си активен на часовите коа се работи лектирата и да дадеш добар устен одговор. Фина е и не е многу тешко кај неа.

    и секако за крај најголемата легенда на орце николов
    НЕВЕНА СОЦИОЛОГИЈА дефинитивно поголема легенда од неа не постои. Она е најверојатно професорот за кого најмногу ќе слушате во прва година од постарите. Социологија е задолжителен предмет само во втора на цела среќа. На првиот час нема вие да се претставувате, она ќе ви се претставува не 45 минути, туку 50 минути. Ќе зборува за себе во трето лице.
    со тие зборови. Ќе ви збори како оценката се добива со бодови. Ќе ви предава за добро понашање, а од вас ќе бара да газите преку луѓе за да добиете петка. Исто така една од попознатите изреки
    да, баш така. А како се тројки ќе дознаете коа ќе станете втора година. За оваа професорка има многу да се збори, ама поинтересно е сами да си видите каква е. Верувајте ќе кинете живци секој час и не дај боже да ви го замрази класот
    Уште полоша опција да те замрази како поединец од причина шо си и побарал да си го видиш тестот шо не ти го дала. Најлоша опција е да си женско. Го мрази целиот женски род освен себеси. Никогаш нема да дојдете до збор на час. Така да ако ви предава, со среќа...


    толку од мене сеа за сеа, па ќе допишам коа ќе ми текне за уште некој :)
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам во муабетов за Невена, стално го фали нашиов клас како е најдобар, ние сме најпаметни деца, и кај нас има највеќе 5ки во генерација, дури 8. :rofl:
    Инаку од тие што ми предаваат, најдобра професорка и најѕвер жена е Тамара македонски.Од оваа година ми предава, ама толку ми е интересно на час што одвај чекам да имаме. :wasntme:
     
  11. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Дааа, Тамара е срцка! Мене ми предаваше 3 години, оваа не ;(
    А за Невена.... Мене лично многу ме нервираше бидејќи наеднаш без причина ќе почне да вика и да се возбудува. Дволична е малку, вели дека сите ќе имате шанса за проекти, за поголеми оцени... а треба да ја убиете од молење за тоа. Досадна жена, многу! |(
     
  12. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Како прво одделенче да си ги искажам моите мислења за професорите од Орце. Не е како што очекував, но дружбата е супер и стварно ми се свиѓаат момците од трета, хаха.


    Ликовно Снежана- За женава што и да кажеш малку е. Трча накај кабинет со отворен дневник да запише отсутни а уште не почнал часот. Тера да пишуваш по 2 страни теорија место да те остаи да уживаш на нејзин час, премногу си го преценува предметот. Ако некој прозбори одма му се дере го праи подоле од гомно.

    Македонски Снежана- На прв поглед строга, вештица, злобна. Имаше околу 20 единици за прва оцена кај неа иако можам да се пофалам со една од двете петки во класот. Но потоа почна да попушта. Пробува да ти објасни најдобро што може, одлична за комуникација, жена со искуство и став. Не е баш омилена кај учениците, ама според мене е една од најдобрите и најискусните професори.
    *Ги мрази сите од билингвалните паралелки пошо биле снобови.


    Георафија Лиле- Не и е битно дали ќе изгуби од часот, ама за да помогне секогаш има време. Коа доаѓа време за испрашување се дига паника пошо едно зборче да згрешиш нема шанси да имаш петка. Да имаш тројка е премија, особено кога е изнервирана.

    Биологија Мирјана- За женава имам многу да кажам. Една од најатипатичните луѓе кои до сега сум ги запознала. За неа вели дека е научник, а јас тврдам е дека е искомплексирана wanna be џугманова. Не испрашува, што имаш на тест тоа. На час не смееш ни а да каже пошо ако го напраиш тоа си дете без култура, невоспитана бла бла бла. Со еден збор- Одвратна
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Инаку за екскурзиите што зборите.. Биликнгвалните да - може да се случи да отидат во Словачка или Лондон, мислам беа годинава во Словачка, ама тоа не е екскурзија, туку како некој камп кај што се збори англиски, и такви ствари.. Екскурзиите кога ги има, се за сите исти.
     
  14. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Девојки има сега некои деца од Орце во Лондон отидено? И ако да која година се? :?: Сакам во Орце да се запишам, ама од мојот клас сега никој не оди таму.Многу ми е страв за друштвото,не знам што ќе правам... :(
     
  15. Levi

    Levi Нов член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Од Песталоци мислам дека ке одат ама незнам дали во билингвална или онака зошто не се дружам со нив, па ако ги знаеш ете ти(не сум потполно сигурен, и зборам само за 8а).

    Иначе иам чувство дека сум единственото машко тука(го најдов овој форум и thread додека барав информации за Орце) и плус малку гик(у смисла за игрици и такви ствари, не учење) ама ај. Сталкував малку и читав што сте пишувале за наставниците така да тоа не ми треба, туку сакав да прашам за упишување.
    5то и 6то имав 5.00, ама лани у 7мо имав четири 4 од кои 2(македонски(за срам бидејќи таа ми е класна...) и физика) имав на екстерно и за среќа добив 5 на екстерното за нив, ама незнам како влијаат тие на просекот, дали имам само две 4 сега а другите 5 се или тие се бројат како уште оценки(на пример сепак имам четири 4 кои влијаат но имам и плус две 5 кои влијаат на просекот ама не ги заменуваат двете 4, ако ме разбирате). За оваа година се надевам дека ке поминам со сите 5, ама ќе морам да стегнам.

    За конкурси и такви работи немам многу, освен некои цртежи на некои изложби во "Другарче" кои мислам дека не се бројат, и второ место на Кенгур во второ одделение(зошто мислев дека е безвезе и очигледно на никој не му текна да ми каже дека ми требаат за упис во средно, ама изгледа ќе пробам оваа година(освен ако не се брои Кенгур))

    Само уште не сум се одлучил дали билингвална англиски или нормална(ако воопшто влезам). За англиски не ми е проблем(оваа година полагам FCE Advanced(CAE) (од Cambridge се тестовите) ама сепак незнам...
     
  16. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам за друштвото само.. Воопшто да не се секираш, ама воопшто! И јас бев единствената која што од мојата генерација од основно се запиша во Орце, и верувај ми, премногу пријатели си најдов.
    И јас бев исто како тебе, но од постарите генерации ми кажуваа дека секогаш друштвото е одлично, поверував и се уверив во тоа. До сега не сум слушнала некој да се пожалил на таа тема.
    Воопшто да не се грижиш за тоа. Според мене е и многу подобро доколку не знаеш никого на почетокот. Така нема да си воопшто ограничена во врска со новите познанства. :*
     
    На Seashell31 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Значи женава не се сменила 15 години, ко јас да ја опишувам, само јас ја немав твојата среќа па ми предаваше сите 4 години :roll: Исто и во мое време, имаше деца што она ги сакаше (од непознати причини) и нив им беше срцка и имаше деца што не ги сакаше и маста им ја вадеше и кои за возврат ја мразеа (јас бев меѓу нив)
     
  18. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Ќе има неколку девојчиња од другите одделенија,ама може и да не се паднеме во ист клас а и не се дружам со нив дотолку.Како и да е јас немам некоја самодоверба и повлечена личност сум и затоа ми е многу страв.Секогаш мислам дека нема да се вклопам.Ама многу деца ми имаат кажано дека и подобро е кога не знаеш никој и дека одма ќе си најдеш друштво.Ама ајде има време до тогаш да не мислам од сега :)
     
  19. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Да има и годинава во Лондон шо ќе одат. Од втора година од билингвалните англиски идат по две деца од секој билингвален клас. Инаку друштвото е топ, и ако не ти се допаѓа класот има еден куп екстра деца од другите класови, така да ич не се грижи за тоа :)
     
  20. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Сакам да ве прашам дали доколку не положиш во билингвална англиска, те префрлаат во општа или треба на втор уписен рок да се запишеш пак за во општа или некое друго школо.

    И дали во билингвална англиска после 3-та година можеш да ги одбираш истите смерови како и во општа. Всушност дали воопшто можеш да одбираш смерови во билингвална. :)