До сите кои планираат да го изберат Орце како нивно идно средно училиште, топло ви препорачувам да си ги остварите вашите планови бидејќи со сигурност нема да згрешите! За оние што беа заинтересирани за билингвалната англиска паралелка, јас сум втора година во таква паралелка и супер ми е. На почетокот се полага приемен испит по англиски, ама ако си учел редовно во основно нема да имаш проблеми со тој дел. Како што кажаа пред мене наводно сите предмети се учат на англиски, но се зависи од професорот. Со тие што знаат повеќе, учите и повеќе на англиски, а може да правите и тестови на англиски (пример ние најмногу учиме хемија на англиски, бидејќи професорката најмногу знае и тестовите исто така ги правиме на англиски ама нема нешто претерано теорија во хемијата, повеќе се равенки, конфигурации и такви ствари, така да ова не претставува некој проблем). Исто така би ви ја препорачала билингвалната паралелка ако сте амбициозни, бидејќи 95% од учениците се со сите петки и има огромна конкуренција, што според мене е добро Секако дека на сите не им се заслужени петките, ама сепак на крај на година има најмалку 20 одлични. И уште да кажам за професорите дека скоро сите се одбрани, луѓе на место, нема старки со застарени сфаќања или било какви други изретардирани ѓубриња. Имаат доста разбирање, за одложување на тестови, проблеми и такви ствари. Уште еднаш да потенцирам дека Орце е супер школо, и да не се запишете во билингвална, сигурна сум дека и во обичните паралелки добро ќе се снајдете. Башка и познати сме по екскурзиите, ќе се изнашетате
Нема врска, кој ти кажал ваква глупост? Јас ќе бидам следната година трета и си бираме најнормално смерови.
Ax Орце..Пред недела дена се потсетив на тие денови, на клупите, таблите. Сега и компјутери имаат. 5 годинки поминаа, ама деновите и сеќавањата на дружбите не. Тешко е, но и не толку. Ако редовно си подучнуваш, ако секој пат кажеш барем еден збор место не сум спремна професорке. Како и во секое школо така и овде има по некој катил, но во глобала се супер.
Јас колку што имам слушнaто велат дека само тестовите се преведувале на англиски иначе немало некои посебни придобивки со билингвалната.
И јас се запишав во Орце на билингвална. Од понеделник треба да полагам приемен ама мислам дека нема да имам проблем
Значи школото е прекрасно! Не сте згрешиле ако сте се запишале таму,100% Најсериозно. Јас завршив прва година сега и мислам дека не е ни воопшто тешко како што го прават,си учам исто како и во основно.Е сега незнам понатака како ќе ми биде,ама мислам дека е супер сега за сега. И нормални се децата,нема некои многу дигнати,вакви,онакви.Сите се здруживме уште од вториот ден. А што се однесува до билингвалните,во мојот случај подобри професори оваа година се паднаа на обичните паралелки за разлика од билингвалните.Ама тоа нема голема врска,ако знаете добро англиски направете го приемниот па ако не ве примат билингвална ќе си бидете обична и супер ќе ви биде!
Јас пак мислам дека не. Една моја другарка ланската учебна година не го положи приемниот за билингвална и потоа се запиша во Корчагин во втор уписен рок. Јави се во училиштето и прашај, тие најубаво ќе ти кажат.
И јас мислам дека нема да те префрлат во општа, ако не го положиш приемниот. Треба повторно да си поднесеш документи за упис.
Те префрлаат во општа,барем лани беше така. Мојот клас е скоро со сите што ги одбиле од билингвална,така да.