Па и јас одам 6 години на курс по англиски па ете не се запишав во билингвална, не значи ако одиш на курс треба да се запишеш билингвална (во твојов случај незнам како е) битно е дали навистина го познаваш англискиот за 7ми степен, пошо има деца идат на курсеви плаќаат ама сепак не го совладуваат матријалот.
Може некој да ми каже по колку пари се џемперот и маичката и дали знаете каква боја ќе ни бидат затоа што кога пробувавме беа црвени а јас колку што знам секоја година на орце се тегет?
^ Мислам дека џемперот е 700, а маицата е 400 денари. Тие црвените се само за пробување.Вистинските униформи се тегет.
Мајка ми беше пред 1 месец во школото нешто да праша за класовите и и рекле по 15 бидејки тогаш ке ги формирале класовите на крај на месец.
Изгледа... Ние со која година ќе бидеме? И ги има ли класовите? (ПС. Дали некој знае нешто за кои наставници/наставнички ќе бидат за англиски прва година? Ми треба за нешто )
Со трета година ќе бидеме во смена. Прашав затоа што ми кажаа дека на пример прва година ќе биде од 8, втора од 9,трета од 10 и четврта од 11. Зборувам само за први септември.
Дали има некој што живее блиску до орце и е слободен за да отиде до гимназијата да види дали има списоци за класовите?
Мене ми се чини или ги имаат испомешано класовиве? Јас влегов во билингвална англиска, а ме ставиле во општа и не сум само јас
Изгледа да... Многу ги изпомешале класовите и некои од општа ставиле во билингвална и обратно... Spoiler Пс во кој клас си?