Планирам да се запишам во Орце. Ве молам некој што учи таму нека ми пише за професорите нешто(веќе се изначитав на форумов све и свашта) и најмногу за децата какви се запишуваат, се надевам нема некои дигнати, разлигавени како што си имав "прилика" да учам во основно. И од тоа учење има ли време за дружење, кафенце и тн.
И јас многу се двоумев за Орце искрено и се решив дека сакам овде да се запишам.Ако може да ми објасни некоја како е за учење,друштво и тн.
За учење во прва ќе ти биде прилично тешко зашто нови професори, ново се, додуше материјалот не е тежок повторување е од основно, во втора е потежок ама веќе си навикнат на темпото и не е некој проблем, во трета е прилично лабаво (иако зависи од смерот), ако можеш да си го организираш времето имаш време за се, и за учење и за дружба (не се сомневај дека ќе си најдеш супер друштво)Јас на пример едно доаѓање дома спијам, или скитам негде ама пак спијам, ама затоа знае да ме раздени од учење до 4 сабајле па во 6 ипол пак да си станам, ама се е навика.
Има обично 9 паралелки и не може точно да се каже колку се на германски и на француски затоа што во повеќето класа се мешани.
Некој што учи во билингвална да ми каже отприлика како е? Размислувам каде е подобро, каде имам подобри можности и поголеми шанси да ме примат, во француската или англиската?
оваа година имаше поголема заинтересираност за англсиката имаше околу 200 деца а само 90 примаа за фрацуската имаше околу 33/34 и мислам сите ги примија според мене подобро ти е во француската за жал јас учам германски инаку ќе одев таму во англсика билигвална се учи повеќе терминологија на англсики и презентациите се најчесто на англиски инаку некои предмети не се ни форсира англискиот
Ајде драги орцаши ако може малку помош! Уште малце треба да се запишувам, и некои 70% сум сигурна дека ќе се запишам Орце во билингвална паралелка, но 30% се двоумам за билингвалната во Панче Арсовски. Вие што велите? Какви се професорите? Потешко е општа или билингвална? Какво е друштвото?
Да ве прашам вака...ја сакам да се запишам многу во орце али незнам дали ќе ме примат зошто мислам дека немам доволнеен просек за таму...имам поминувано секоја година со примерно поведение и одличен просек ама не со сите петки...и немам врски...дали би ме примиле..и незз како се пресметуваат бодови :/
Не се сеќавам како се рачунаа поените од оценките ама имаше нешто како да пресметаш колку вкупно поени имаш од петто до осмо, исто така додатни поени ти носат дипломи за освоено прво, второ трето место на натпревар. За во Орце мислам дека требаа 60 поени за упис ама не сум сигурна прашај некој..
здраво девојки деветто одделение сум и сакам да се запишам во орце англиска и сакам да прашам, ако можете да ми кажете каков е приемниот (што прашања има,лесен,тежок) фала ви <3
здраво девојки деветто одделение сум и сакам да се запишам во орце англиска и сакам да прашам, ако можете да ми кажете каков е приемниот (што прашања има,лесен,тежок) фала ви <3
ќе иде некој општа орце? иначе ае некој нека каже има ли некој од професорите што во прва испрашуваат за од минаите години од основно?
мене другарка ми кажа дека прашањата биле банални и декамора да си 5.00 а ако го паднеш тестот директива одиш у општа
Не испрашуваат од претходните години, нас само хемија во прва Кики не прашуваше првата недела, ама лесно онака ( си отиде во пензија). Првиот месец може само од коа ќе учите нова лекција следниот час да прашаат кој сака да ја прераскаже или на прашања за плусеви ама кај секој професор е различно. Јас бев општа,реално не е лесно.. ама се учи, и понатаму добра основа се стекнува за факс. Најтешко е кај математика, хемија, физика и пак зависи кој професор..Боље е чувството кога ќе кажеш дека си завршил во Орце, него во некое шкљ школо.
Хмм сакав да прашам дали има некаде на интернет истакнато кои ученици се примени. Јас бев во Орце ама не ги видов сите деца што се запишале . Инаку мене ме примија и кажувајте и вие кои ве примиле и како сте поминале
Мислам дека Орце е најубава гимназија во Скопје како и сегаде има доста дигнати деца но тоа нека не ве интересира пошто сигорно ќе си најдете некоја другарка.И мислам дека кој има можност за во Орце нека не се мисли нема воопшто да згрешите