Кога е августовскиот уписен рок за трета година во Орце ? Сакам да се префрлам и да одам јазична, за трета пресметуваат просек, што документи се потребни ? Вртев во училиштето не ми кренаа, веројатно се на одмор до 10ти август.
Мислам дека до 15ти јули би требало да се на работа вработените, и така деновиве треба да излезат резултатите од матура, веројатно треба некој на огласна табла да ги објави. Инаку не сум од Орце, но како што знам во сите училишта уписот за наредна година се врши кога се земаат сведителствата. Но, доколку се на одмор, тогаш во август треба да прашаш за префрлување и дали ќе се оформи јазично подрачје. Инаку на ЈУА или ЈУБ сакаш да одиш?
ЈУА.Во сегашното училиште се презапишуваме во август, ќе се селам и затоа плус ми треба ново училиште. Ги барав на контакт телефонот што го имат на веб страната и ништо, утре пак ќе ги барам да ми кажат инфо....
Доколку не оформиле ЈУА за од септември пиши ми во ЛП ќе ти кажам во кои други посолидни гимназии можеш да се запишеш.
Се носат првиот месец дена демек нешто построго, после кој што сака си носи, евентуално зимно време џемперот во ранец, зашто има некои професори терсене малце што бараат.Некад знае да застане директорица на врата и демек не пушта во школо без униформа, ама ние низ прозор си влагавме во такви случаи.
мм.. сакав да прашам дали некој знае точно на кој ден ќе биде истакнато за како сме распоредени по класови и кој ни е класен лани мислам дека беше околу 29ти или 30ти август ама не сум сигурна за оваа година
Не знам точен датум, денес немаше ништо а ми кажаа дека ќе имале совет дене од 10ч. па веројатно ќе направат списоци.
Виолета Толева е една од најдобрите и најкоректните професорки што сум ги имала. Одлично предава и уживање е за слушање. Невена важи за една од најстрогите, ама јас ја обожавав и без никакви проблеми си имав петка цела година.
Здраво на сите, годинава завршувам и од 6то сакам орце да си се запишам и ќе си се запишам, е сеа ја прочитав темава од 1 страна до 28ва, и си изначитав непотребно за старите професори, ама мене ме интересира за овие што се сега и ќе продолжат со работа барем наредната учебна година, а да знам дека е раничко ама што да правам нетрпение прашувам за општа и ме интересира конкретно за наставниците фала ви однапред
бети географија-женава е строга ако мислиш дека во прва ти е тешко или дека ќе ти биде тешко не знаеш што те чека во втора ќе ви даде скрипта од 30 стр зашто она полагала на факултет и се заебала,али мојот клас го сака и онака има некој хумор александра англиски-значи бара да знаеш тоа што го предаваш и испрашува постојано тестовите лесни се,бара дисциплина мирјана биологија-женава е душа барем мене ми има таков впечаток оставено,драга е добро предава тестовите не се тешки софрониевска хемија-строга е за усно испрашувања ама најдобро предава ,тестовите и не се баш најлесни ама некако не е баш како добра личност владимир историја-чоеков е легенда најдобар,ако ти предава нема да имаш проблеми со историја черепналковска македонски-како и секој професор бара да учиш ,важно и е дали читаш лектири и усно да си активна светлана физика-не знам не би можела да ти кажам како е како професорка зашто ми е класна и со нас е поинаку,ама знам дека и баш не е разбирлива,тестовите се тешки антонио физичко-бара активност на час,бара да си спортист ќе те замара цела година со стомачни,грбни,склекови билјана математика-женава е многу фина одлично предава тестовите се нормални се што има на час предавано тоа и на тест постојано дозволува да поправаш германски благуна-не предава толку а постојано испрашува и постојано правиме тестови,малку е комплицирана
ме заплаши малку.. со тоа што сите наставници што се кај нас добри онака „лабави“ во средно ќе бидат престроги според ова овде, и обратно.. ама ќе видиме од наредна година )) и фалаа тии
Здраво феминки Јас моментално сум деветто и имам во план да се запишувам во орце само се двоумам дали на англиска билингвална или општа. Може помош за тоа која вие мислите дека е подобра и зошто?
епа разликата и не е нешто многу голема, ако одиш англиска највеќе англиски ќе треба да учиш особено ако ти се падне Анета.. мене ми предава Александра, бара многу ама добра е жената онака е сеа јас ти препорачувам да пробаш англиска па ако не го положиш приемниот одма те префрлаат во општа приемниот не е нешто посебно тежок само има многу фразални глаголи а за школото немој воопшто да се двоумиш одма во Орце доаѓај супер е
Малце ме исплаши со фразалниве али пак имам во план билингвална да пробам дали ќе ме примат пошто сакам англиски ама само ме секира тоа дали правите тестови на англиски во билингвалната? Или онака за некои предмети правите на англиски а за др на македонски?
зависи кој професор колку знае англиски, на пример ако ти предава Лила биологија се ќе учиш на македонски и тестови на македонски ќе правиш зошто таа не знае ни два збора англиски хемија се учи се на англиски и не ти треба книга она дава материјал на англиски посебно значи зависи до тоа кој професор колку англиски знае ама не е страшно овде не се секирај