збориме за Далида Цветанова по македонски или така нешто? немам поим која смена е, не знам ниту на кого предава, да знам на која година предава ќе знам која смена би можела да биде
ако предава само на 3та би требало да е втора смена а ако предава на 4та е прва ама можеби предава и на 3та и на 4та па тогаш сигурно се менува различни денови различни смени
Слушнав нешто.. Орце била општа гимназија ама повеке се учело математика, хемија и физика и не им се давало големо значење на другите предмети покрај овие три дај кажете дека ме лажеле, математика, хемија и јас не сме така добра тројка
Не сум уште запишана таму али ја иам слушнато дека математика,хемија и физика се едини предмети што се учат на англиски у билингвалната а не дека највише внимание им се посветува и другарки шо учат таму викаат дека барале доста али по сите предмети не само овие три
Тоа во билингвална е до наставниците, кога наставниците би знаеле, би предавале на англиски. За учење се бара учење многу по сите предмети и тоа е сосема нормално и не го гледам како тема на дискусија.
значи во прва многу малку се учи на англиски барем за мене се зависи од кои професори ќе ти се паднат за толева хемија цел материјал е на англиски ,а софрониевска ништо не предава на англиски ќе ти каже само три зборчиња пред тест и после гледаш цел тест на англиски,физика и бологија ретко ама терминологија е најчесто ништо посебно ништо тешко освен кај цеце физика тестовите се пола пола англиски и македонски ,математика на македонски предава само вежбите и тестот е на англиски ништо тешко ова од мое лично искуство,за жал англискиот не се преферира по другите предмети историја ,ликовно,музичко,информатика,географија(тук там нешто ќе прочита) и најискрено доколку учиш во основно француски и знаеш запиши се на француска многу повеќе можности имаш имаат и голема поддршка од францускиот институт се полага француска матура и многу повеќе учат на француски
Јас лично се запишав на англиска билингвална бидејќи го сакав англискиот,разликата не е многу голема бидејќи јазикот не се префесира најчесто е само терминологија со исклучок на хемија кај толева,различни се професорите на општа и на билингвална ама сепак ако го сакаш англискиот обиди се на приемниот,не се сеќавам точно ама мислам дека не беше нешто тешко обиди се да најдеш приемен од претходните години има вокабулар знам дека беше само еден текст и да ги ставиш зборовите на место поголем дел од тестот беше поврзан со кое е е вистинското време и мислам дека беше цел на заокружување.Како и да е Орце е добар избор на училиште
Мислам дека лошо се разбравме.. Јас не прашував за тоа дали се предава на англиски, туку дали во општа или небитно билингвална повеќе се предава математика, хемија, физика како математички предмети или сите се на еднакво ниво, како што веќе кажав слушнав дека ги двоеле тие повеќе ги ценеле и другите биле помалку изучувани и вреднувани. Инаку учам француски во основно, но не ми иде којзнае колку за да се запишам француски билингвална, додека англискиот го усовршувам се повеќе и повеќе па се размислам за општа или билингвална, но до крајот има време, ќе се одлучам.
А да ве прашам и ова како ви се екскурзиите? Имам слушнато дека Орце слаба била на екскурзии не ни иделе... Точно ли е?
не знам на кој начин мислиш дали се учи повеќе математика,хемија и физика, има испрашувања по ликовно и музичко,географија се учи многу детално ,во глобала се се учи и мислам дека нема делење а предметите како важни и неважни тоа е според личен став
Тогаш значи дека со тоа што ми кажаа дека се учеле само тие три предмети најмногу ќе го сметам за личен став на личноста која ми кажа.
Здраво девојки Веќе подолго време размислувам да се запишам во Орце но се уште не сум 100 % сигурна. Ми треба мислење што мислите за мојата одлука и совет што понатака.
досега немаме одено на екскурзија како екскурзија,значи се одеше во белград неколку дена во прва ама за научен саем,оваа година се одеше во софија и италија за 'гледање' на опера и балте ама да бидеме искрени беше за да се прошетаат,билигвалните англиски одат во лондон,а француски-париз,општа и билигвалните како генерациска екскурзија во втора ќе одат во охрид или битола(ама се уште не се знае точно) ,оваа година преку некој проект се одеше во германија на една недела ама само за прва,за трета и четврта не знам
Здраво девојки Прва година сум во медицина,ама планирам да се префрлам во гимназија, се мислам меѓу Орце и Јбт ама изгледа дека сепак Орце.Во основно имав просек 5.00 за сите години ,ама сеа у медицина на полугодие просекот ми е 3,7 што е мн.добра.Сега сакам да прашам дали има шанси да ме примат во Орце од 2 полугодие, или барем наредната година и дали треба да полагам некои предмети?
Ќе ти бидат признаени само тие предмети што се исти, а тие што не си ги учела во медицина, а ги има во гимназија (не мора да е Орце и Јбт, без разлика), ќе мораш да ги полагаш. Ова се предметите за 1 година гимназија, па направи споредба на тоа што треба да го полагаш: Македонски јазик и литература Математика Англиски Германски/Француски Историја Географија Биологија Физика Хемија Ликовно Музичко Спорт П.С. Без разлика кога и да се префрлиш ќе треба да полагаш. Ако се префрлиш сега ќе го полагаш само материјалот од 1 полугодие, а ако се префрлиш од септември ќе треба цел материјал.
Уште сум основно. Сеуште е рано, но јас да си прашам. Значи не сум од Скопје. Татко ми работи во Скопје, па штом завршам основно се селиме. Тој ми вели дека Орце е најдобра гимназија и дека треба да имаш добра основа. Иако сите оценки досега ми се 5, освен еднаш екстерно 4 (математика) и еднаш на полугодие информатика 4 и македонски 4, но тоа е само полугодие. Читав дека професорите се строги? А и за стекнување пријателство ми е страв. Вие што мислите. Благодарам однапред.