Ако не го положиш приемниот директно те префрлаат во општа. Барем така беше лани сестра ми кога се запишуваше, една нејзина другарка не го положи па ја префрлија во општа
Вакаа..До пред уписите значи до 16 Јуни бев сигурна дека сакам да се запишам во Орце, ама сега откако се запишав таму некако ми ја снема сета таа еуфорија за Орце... Незнам дали го направив вистинскиот избор. .Се плашам некако дали школото е толку строго како што сега сите ми зборат (бтв нешто читав на статијава дека не е толку тешко како што зборат :/) ,сега се плашам и за друштвото какви деца ќе има и сл.. Стварно незнам што ми се случува.. Помагај те.. Ако некој има некој сличен проблем нека пише
Орце топ ти е. Најубавите години од мојот живот ги поминав таму. За учење не е тешко ( плус сите строги професори се во пензија сега) па лајт ќе ти биде. За друштво топ, на часови интересно, на одмори за*банции, секоја година екскурзии, секој петок кафани Само се каам што ги избегнувавме билингвалците ко лепрозни да се, а откако завршив дознав дека имало многу ок деца меѓу нив. Ама тоа е нема враќање назад
Абе дека школото е распуштено - не е. Се работи по некои принципи и правила, гимназија како гимназија исти книги, лекции, домашни ама во различни гимназии различни професори бараат различни начини на учење, испрашување, тестови.. Не се плаши толку Вики за друштввото, викаат дека во Орце имало фини деца, ако не еве јас ке бидам таму за дружење, dear my friend. Иначе јас сум во исчекување на резултатите од приемниот испит, не сум стрплива до утре.
ааа многу им ги сакам на орце униформите! ептен ми се допаѓаат иако иам две мнг добри другарки од таму шо ги мрзат..како школо можам да кажам за децата дека е мнг фини бар таков впечаток ми имаат оставено..за учење јесда е потешко но со труд се се успева се на се многу добро мислење имам за школово!
Мала дигресија. Зошто ги мразите „о“ и „у“? МНГ е кратенката за Mango, што ја ставаат на етикетите за да заштедат на конец и мали кинезчиња што истото би го шиеле. Ама што ве чини да пишете „мнОгУ?“ Не ги хејтајте самогласките, баш се кул и забавни.
Не дека ги мразам ама некако во брзина баш и не забележувам дека така го пишувам..како што можеш да забележиш на почетокот и крајот многу имам напишано. И ја сум против овие кратенки , а уствари и сама сум жртва на истите >< фина забелешка во секој случај..ќе се трудам да се поправам..во скоро време
вака Орце ти е д бест според мене ако си белингвална, т.е. ако не положиш директно те префрлаат во општа, супер школо, супер професори разбирливи пред се.. смерови се бираат во трета исто како секоја гимназија а за друштво секој си наоѓа, пошто има многу различни деца и у орце сам нема да бидеш, сите се вклопуваат,.. П.С до лани во смена бевме 1 со 3та , 2ра со 4та сеа се 1ва со 2ра, 3 и 4 )
О, не сум ви објавила резултати дека го положив приемниот по англиски за билингвална англиска паралелка. Беше така потежок, со многу фразални глаголи Иначе сега сум во исчекување на 1-ви септември. И некој може да каже дали на први се чита распоредот кој во кој клас ке биде, затоа што пред пред некој ден бев до Орце и немаше список објавено.. а да, и дали првиот ден сме прва смена од 7:30?
Да директорот поточно директорката Сунчиња ќе ги чита списоците со класините ваши и заедно ќе одите во училницата со својата класна. А ден два пред 1ви септември ги има списоците на влезна врата. Не се секирај ќе се снајдеш И да во 7.30 почнува почнува прв час, а прва година секогаш е прва смена, заедно со трета. Со среќа и имај убави 4 години, да можам јас веднаш би се вратила во тие клупи
Иначее.. Јас добив информација дека сега и во Орце ќе биле прва со втора и трета со четврта. Братучетка ми е сега за трета и она ми кажа, ама незнам колку е точно.
И јас исто се запишав на билингвална, може ќе се паднеме во ист клас За списоците незнам, ама мајка ми ја сретнала и ја прашала директорката која смена сме и од колку саат ќе бидеме првиот ден, а она и кажала дека сме прва смена и првиот ден ќе бидеме од 8:00, а наредните денови од 7:30. И да ќе бидеме во иста смена со втора година
Ина во 7,30 сме на први така ми кажа една другарка мајка и професорка е таму така да 100% сме од 7,30. И да, со втора година ќе бидеме во смена баш што убави видов во трета ама смотаниве све нешто мењаат ии немало да се шетаме помеѓу часови од една до друга училница, ние ќе си седиме професорите ќе доаѓале Иначе утре ќе бидат објавени класовите на врата од 10ч. *Мерлин видимо се
ИЗВЕСТУВАЊЕ РАСПОРЕД НА СМЕНИ ЗА 1.09.2011 и 02.09.2011 ПРВА ГОДИНА - 08:00 ЧАСОТ ВТОРА ГОДИНА - 10:00 ЧАСОТ ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА - 11:00 ЧАСОТ Од 8:00 сме 100% бидејќи еве и на официјалната страна на Орце пишува така, а и на самото училиште имаше истакнато Па девојки се гледаме
Значи Сунчица стварно е болнааа да воведе било каква промена во школото колку да направи нешто. Одвратна жена. Зошто ги ставиле 1ва и 2ра во смена, во Орце секогаш се знаело си идеа 1ва и 3та, 2ра со 4та и така е 100 пати подобро. Еј да и со среќа на сите, за друштво не се секирајте супер деца учат во Орце, а за учење ќе си го згреете столчето, не е воопшто тешко, само треба да се победи мрзата и верувајте многу попаметно ќе ви е да си учите, не заради оценки, чисто заради навика и знаење. Така после и без проблем ќе си завршите факултет Кога се запишавме уште на првите часови некоја професорка ни кажа учениците од Орце скоро сите се запишуваат на факултет и најголем дел од нив го завршуваат, така да гледајте да ја продолжите традицијата!