Светлана такозвано Цеце физика по мене е срцка жена.Сите ја мразат викаат даавала тешки тестови али многу попушта.Ја труп физика и на крај петка имав.Значи многу попушта али биди и активен/а. Лила....ПОДОСАДНА ЖЕНА И ПОГЛУПА ОД НЕА НЕМААААА!!!!!од што е досадна ќе заспиеш на час али ја лесно поминав кај неа ако имаш изборен одбери црвен крст зашо мн ќе те сака. Јасмина историја е многу фина.Има огромно разбирање и мн лесно се препишува на тест.Единствена маана е шо дава премногу голем план.Ќе се утепаш од пишуење. Доказа е супер.Попушта многу али мене не ми објаснуваше многу убави али битното е шо попушта и скоро нишо не праите на час. Сузана е океј на секои 3 лекции испрашува и бара да и пееш.
Кај прочитав за Лила дека прашуватепоглупа жена немало во историјата на орце, тестовите сите и ги знаат истите од пред 10 години и се, цело време запишува некој во дневник и никако да го запише. А Весна е една клета жена во климакс што лечи комплекси на ученици и испрашува фразални цело време, вклучувајќи ги 31 декември и 10 јуни.
Светлана физика-ужас, на часови само формули и графици ќе ти изнапише на табла а на тест дава задачи од типот пресметај ја масата на сонцето, а ти врска си немаш затоа што на часови ни една задача не решила или објаснила. ама на крај става петки и ако и правиш проекти без да читаш од слајдовите ќе ти поправа оценки и ќе те сака. лила био- подосадна жена нема, кога ќе каже дека испрашува нареден час направете и повеќе прзентации и нема да испрашува, на тестови со непипната книга си добиваш петка. јасмина историја-најдобра професорка, секогаш ти дава шанса за поправање и има многу разбирање, носи и проектчиња за плусови и кревај рака кога повторувате, за тестови учи од тетратка. лиле гео-најмногу замара кога не учиш на време и предава по цела тема на еден час. кога не и е денот те смара до бесвест и полудува, а многу денови не и е денот. учи редовно, слушај на час и покажувај на карта кога одговараш и нема да имаш проблеми. доказа-многу добро предава и се труди секогаш на сите се да им е јасно, знае и да се пошегува и има разбирање богољуб-оваа год прв пат ми предава, го бие глас дека ги манијачи девојчињата. носи опрема и кога имаш добиено за да не те запише и вежбај секој час.
Јас искрено сакам од следната година да се запишам а верувам дека има уште многу што размислуваат како мене така да пишувајте ваши мислења и искуства генерално за училиштето, наставниците, друштвото, екскурзиите? И да напишете за билингвалните паралелки нешто посебно за англиска.
Може некој да ми каже дали имам шанси за да се запишам во Орце. 6 поминав со петка, 7 со четворка, 8 со четворка и 9 ќе поминам со петка. Може некој да ми каже дали имам шанси?
Сега сум четврта, и веќе носталгија ме фаќа, ама го препорачувам Орце на сите. За тешко, тешко е се додека не се навикнеш. Прва и втора особено се тешки, ама после тоа веќе знаеш што бараат професорите и веќе си имаш најдено некој систем за учење. За професорите многу зависи кој ќе ти се падне. Има многу кул професори коишто прават дискусии на час и е онака полабава средина, ама има и некои коишто ако ги сретнеш во ходник ќе ти се стемни и 4 години откако ти предавале. Екскурзија имаш во трета што е 5/6 дена, а до тогаш имаш дводневни екскурзии во Охрид, мислам дека и во прва и во втора има екскурзија во Охрид, ама не сум 100% сигурна. За друштвото и генерално децата главно се супер и се сите дружељубиви. Ама зависи од генерацијата твоја, мојата ми се падна да има поголем дел топ деца. Билингвалната анлиски не ти менува нешто многу, учиш само неколку предмети на англиски (на пр. хемија се ти е на англиски) и не полагаш диплома на крај, за разлика од француската билингвална. Има малце полабави професори, според мене, и можете да одите во Словачка и во Лондон Англиски учите степен погоре од обичните паралелки, они во четврта учат FCE, а билингвалните во трета. Има приемен испит за билингвалните, што искрено да ти кажам воопшто не го памтам, само дека беше лесен, а дури и тоа ми е од другите што ми имаат кажувано
Јас се запишав пред две години и во мојата генерација едвај примаа деца со 2-3 четворки, последнава генерација примија со повеќе ама сите записани беа одлични сите четири години. За нареднава година зависи од заинтересираност, распрашај се да не те лажам, ама незнам колку шанси би имала.
Може некој да ми каже колку е потребно бодови за да ме примат во Орце. 6 поминав со петка, 7 со четворка, 8 со четворка и 9 со петка ќе поминам. Ако има некој да ми каже дали ќе ме примат?
Дечки како идете со смените? Уште е така 1 и 3 заедно? Ако е така некој од трета нека ми пише да се запознаеме.
@AmericanGirl05 Софрониевска обично на прва предава инаку нема врска смерот сите имаат хемија во трета и истата ви предава и најверојатно ќе бидете мешани (ПМБ) со ПМА или ОХА, така беше кај мене зашто многу малку беа. А оваа англиски мислам дека на билингвалните само предава.
Пишав и погоре, треба да имаш минимум 60 бода ама зависно од генерацијата, кај мене примаа едвај со неколку 4ки од 5то до 9то вкупно.
Зависи на што мислиш за најдобар, за најподготвен да го речам е ПМА, најпогодени за понатака се изборните предмети, ако сакаш можеш стварно да научиш и тие работи да ти бидат корисни за факултетот (ФИНКИ, Електро, Машински). ЈУБ (ако се формира) ти е чисто џаболебарски ако тоа го бараш, буквално ќе си уживаш 2 години. ПМБ ти е џабе да го одбереш само глава ќе тупиш безврска, изборните се ептен тапа. ОХА и ЈУА ти се некаде златна средина, имаш до некаде основа за понатака, не е тешко, посебно во 4та ќе си џаболебариш и со овие.
Сега сум втора година во Карев и планирам од трета да се префрлам во Орце. Прашање ми е дали би ме примиле во билингвална англиски или пак би ме ставиле во општа?
Јас баш се мислев дали да одам Орце или Карев..Што не ти се допаѓа во Карев што сакаш во Орце? Прашувам дека ставрно не можам да се одлучам.. И мислам дека другарка исто сакаше ама она од ЈБТ во Орце да иде и општа ја ставија..
Мене искрено ништо не ми пречи во Карев, се си е топ, професори на место, деца на место, организирано училиште, се бара учење и ред други работи. Мене уште од седмо одделение желба ми беше Орце, на моите дома постојано им зборев за во Орце ама тоа е што воопшто не се ни обидов да се запишам. Уште во прва година сакав да се префрлам ама се предомислив бидејќи малку сум тешка во вклопување со нови деца и сега бидејќи од трета година ќе се определуваме по смерови ќе ни се измешаат класовите (и во Карев нови деца и во Орце нови деца) и мене подобро би ми било да се префрлам во Орце бидејќи сепак тоа ми е неостварена желба. (Види спојлер) Spoiler: Офф топик Ако се мислиш помеѓу Карев и Орце, каде повеќе те влече, оди таму. За во Карев искрено супер е, и таму и ваму се бара учење, и двете се елитни училишта и каде и да одиш ќе имаш прекрасно поминати 4 години-
Ако одберам трета година јазично дали ќе ги имам сите предмети во 3та и плус изборните.Во четврта се учат само изборни или?