Се учат и редовни и во трета и во четврта: http://gimnazija-mk.weebly.com/1053...80-1080-10871086107610881072109511121072.html
ученичка сум во орце николов и утре правам тест кај џугуманова биологија. Дали случајно ви текнува кај тестот на џугуманова во 2година за поттемата менделови закони што имаше за монохибридно ?
Мое мислење за сите што се двоумат е - да се запишат затоа што во секое школо колку што има негативни работи толку и позитивни, па така и тука. Професори имаш секакви, а од лично искуство најубаво се учи, џабе сите што зборат, кога тебе ќе ти се деси после најдобро си знаеш хахах xD Ако те интересира посебно некој професор пиши тука или во порака. За друштво зависи каков карактер си ама вака генерално океј е.Во врска со англиската билингвална, до претходната учебна година беше хаос, премногу се пријавуваа, а во 2016та не го ни правеле приемниот тест зашто немало голема заинтересираност, едноставно влегле. Така што, за оваа година не знам како ќе биде, а инаку тестот не е мн тежок и е на заокружување. На англиски ќе се прават дека можат да ви предаваат многу професори ама после самите ќе се откажат хахахах ..единствена професорка што активно го предава целиот материјал на англиски е Толева по хемија. Цеце физика даваше тестови на англиски, а не предаваше на анг., исто и Софче математика. И да, учите на повисок степен англиски, во прва со учебникот за втора, во втора за трета, итн.
Во ЈУА имаш плус предмети италијански и педагогија, како и латински..но, не би рекла дека лесно се поминува. Дефинитивно е полабаво од ПМА и ПМБ што имаат математики и информатики, ама дека се губат често часови или дека можеш да бегаш без да бидеш запишан е тешко особено баш на изборните затоа што сте помала група и не можеш да бидеш незабележан..Исто така, не постои клас кој е само ЈУА туку се мешани, така што ЈУА ги изучуваат предметите еднакво со другиот смер.
ПРАШАЊЕ ДО СИТЕ ВАС ДАЛИ ИМА ПРВА ГОДИНА ГИМНАЗИЈА ТУКА ? И НЕКОЈ ДА НЕ ЗНАЕ КАЈ КОИ ПРОФ.МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ДРЖАТ ХОСПИТАЦИИ?
Дали може мислење за англиската билигвална? Дали наставниците се строги, дали приемниот е тежок и кои предмети се учат на англиски? Фала ви однапред
Бидејќи завршувам деветто одд, една од опциите каде да се запишам е Орце Николов. Би сакала да знам повеќе во врска со ова училиште : - Какви се наставниците, какви се нивните принципи на предавање, испрашување, тестирање и оценување - Кои наставници би ми се паднале и кој би можел да ми биде класен - Какви се правилата во ова училиште, куќниот ред, кодекс на однесување, кодекс на облекување, специфични дисциплински правила и мерки.... - Дали училиштето е опремено, со услови и материјали за вршење експерименти по хемија, физика, биологија, дали библиотеката е опремена со доволно книги, дали салата за физичко е опремена со реквизити за вежбање, дали има компјутери, интернет и со каква се технологија располага училиштето, и какви сѐ останати нагледни средства има во училиштево....... - какво е друштвото - каква е хигиената - дали се подготвуваат учениците за натпревари - дали секој ученик може да ја истакне својата индивидуалност и какви се секции и манифестации се организираат.... - некои други информации кои би сакале да ми ги посочите за ова училиште.... Однапред ви благодарам на сите што ќе се обидете да ми помогнете во мојот избор за продолжување на образованието и ќе ме информитате за ова училиште.
Според мене, англиската билингвална не е тоа што било некогаш. Оваа учебна година не ни имаше приемни тестови. Како и да е, не е многу тежок ама содржи двосмислени прашања на кои мораш убаво да размислуваш. На почеток сите професори ќе пробаат англиски да ви зборат или да ви вметнат некои термини, ама џабе сите се откажуваат после xD Само Толева по хемија предава на англиски СЕКОГАШ без исклучок и материјалот што ќе го учите е на англиски. Цеце физика ќе пробува ама нема да и успее. Ниеден друг предмет не го предаваат на англиски. Имаш секакви професори и секој на различен начин предава. Тоа е нешто што треба сама да го доживееш реално и тоа ти е за секоја гимназија. Би ти се паднале Цеце физика, Софрониевска хемија, Черепналковска македонски, Бети или Лиле географија...Има униформа која е задолжителна, маичка по кратки и џемпер. Редовно прегледуваат кој носи, кој не. Директорката во прва смена знае да стои на врата и гледа. Има враќано ученици дома по униформа, затоа гледај носи ја или пак снаоѓај се. Запишуваат ако не ја носиш. После некое време станува полабаво. Библиотеката има доволно книги, сепак кога станува збор за големи дела за обработка сите трчаат по истата лектира и се случува да нема. Салата за физичко е од неодамна реновирана. Има компјутери во училницата по информатика и во кабинетите каде што се прави екстерно, во другите не се ни потребни. Има нова смарт училница од оваа година и во секоја од училниците има телевизор. Има кантина со голем избор на храна. Учениците се известуваат и се спремаат со професорот за натпревари. Има драмска секција која секоја година се спрема активно и се играат претстави. Има и голем број на хористи и често се учествува на натпревари или отварања на одредени манифестации. Убаво школо е Орце, ти препорачувам да се запишеш. Ако не се пронајдеш, сепак постои избор да се префрлиш.
Ах,Орце,моето школо. Многу убави спомени ми буди,ми беше еден прекрасен и безгрижен период од животот. Неодамна завршив,а и сестра ми моментално таму учи,така што на кој му треба некој совет или има некое прашање слободно нека ми пише,ќе ми биде мило да му одговорам.
Здраво јас сум нова на форумов!Може ли една информација да ми дадете за билингвалната настава (кои предмети се учат на француски јазик,какви се професорите и сл).
имаше тестирање? затоа што јас се запишав билингвална и бев примена и немаше никакво известување закачено дека ќе има приемен
сигурно???? како имало па мајка на другарка чекала таму и имало закачено ама дошла некоја професорка и ги тргнала листовите и рекла нема да има