9то сум и сакам да се запишам во орце, ама математика едвај ја вадам 5ката. Може ли да ми кажете кои професори по математика би требало да ми предаваат и да ми кажете нешто повеќе за нив?
Е сега, немојте со вакви изјави. Не сум од Орце, ама имам многу другари и другарки од таму, и дечките секогаш наоѓале време за се. Можеби во прва година додека се фати ритамот, после се си доаѓа по себе. Дечки, во која гимназија да се запишете треба да бидете спремни на учење, ви треба организираност и да ви работат главчињата за да не пропуштите ништо од најубавите години. Другото само по себе си доаѓа. Среќно!
Според тоа што го знам ако се запишеш општа би требало да ти предава Раичевиќ математика зошто нас ни кажа дека догодина ќе продолжела со прва и ќе ни се смени...Единствена професорка по мат за којашто не се жалат, коректна е и дава добри тестови, другите по мат како Софија, Анастазија итн се хаос.
Може било која да ти се падне во општа, мене во 4 години 4 ми се сменијаВо прва Анастазија ми беше, за малце на полагање ќе останев од што ништо не разбиравВо втора Билјана една младичка, лизни мазни беше ама испод мира триста вира, на крај на сите ни намали оцени Трета и четврта посаглам ми се погодија, трета една друга Билјана, црна добро објаснуваше и коректна беше, а во четврта Кате, најсрцка беше и многу попушташе, во мојата кариера прв пат имав 4ка математика на крај Не се мисли и не се плаши за учење и оцени, најубавите години во средно ми беа, да можам одма би се вратила и тоа стриктно во Орце
Ако го знаеш францускиот, тогаш француска билингвална. Инаку општа и англиска разликата е што некои предмети предаваа на англиски (хемија физика..) и англиски учеа повисок степен.
Софче е изгубена скроз а Анастазија престрого оценува. Билјана Р. стварно е најокеј од сите. И пресрцка жена.. тие што не им одеше математика, сама наоѓаше начини за да извадат повисоко.
Оваа година завршувам 9то и планирам да се запишам во Орце (уште се мислам за дали да одам англиска билингвална или општа)а со тоа природно доаѓаат и некои прашања: 1.Никаде неможам да најдам информација за тоа кои професори би ми се паднале. 2.Колку отприлика деца би биле отфрлени со приемниот тест(англискиот го владеам супер)сепак ме фаќа паника 3.Дали некој има информација за што имало на приемниот?? Фала однапред
Ве молам за информација!! Утре се уписите и затоа итно ми треба. Како се одвива наставата во француската, дали предаваат стваено на француски и дали некој даваат тестови на француски (колку што знам математика најмногу се форсирало француски)
Хемија, мат и физика се секогаш на француски колку што знам, ама не е многу строго, поминуваат и тие што не го знаат нешто најмногу јазикот. Запиши се фрацуска ако знаеш, најлесно ќе поминеш
малце касно пишувам ама малку инфо пред да се впуштите во орцашките води. не е баш розево и не е лабаво воопшто ИСКРЕНО имам чувство дека е едно од најтешките средни моментално.. малку совети од мене што поминав тука 3 години па сеа и последнава ќе ја преживеам: 1. повеќето грешат у прва на старт.. нова средина нови фаци сите се трудат да остаат некаков впечаток некому, љубови и чуда додека се освестиш од филмот годината завршила а ти си начукал лоши оценки така што одма штом почнете бидете си психички спреми за учење и олабавете со журките пошто многу брзо ќе ви здосадат.. 2.сите се под стрес околу првиот ден-ништо посебно освен што на сите им е екстра незгодно, се препотуваат, никој никого не глеа у лице и сите се срамат.. ќе дојдат професори ќе ве викнат по класови и како овци ќе ве однесат до училница кај шо кој кај сака ќе седне.. не се замарајте прашајте дали е слободно до некого и седнете си почнете лабав муабет кај заврши како се викаш знаеш ли некој. ќе ви кажат кои ви се професори (после за нив) ќе ви прочитаат распоред и од утредента одма почнуваат лекции како громови да паѓаат немојте да си мислите дека ај почеток па полабаво ќе биде пошто планирајте за 2-3 недели од почетокот да го праите првиот тест.. 3. ако никого не познавате од класот (како мене) не му се замарајте многу само нека ви текне дека со истите околу вас-непознати ќе ги поминете следните 4 години така што секако ќе се запознаете со сите и тоа предобро (особено првата екскурзија у охрид кај шо сите си ги покажуваат вистинските лица) нема потреба од срам ако првите 10 дена чекате сами пред кабинет, за на одмор прашајте дали ќе иде некој до гранап или речете му некому ај прај ми дрштво до негде и готово нема зашо да ви е срам и онака сите се исплашени како зајчиња (малку злобно ама смешни ми се секојагодина коа глеам првачиње пошо ми текнува дека и ја бев таква) 4. екскурзија- не локајте можете да пиете и у скопје нејкете професорите да имаат такво мислење, без дрога и такви глупости и цигарите стварно не се толку кул чилте со вакви работи не е цело средно една ексурзија 5. БИРАЈТЕ си го друштвото! Во орце ќе созреете и ќе сфатите дека да се биде фаца и кул не води до ништо освен пропаст учете си за себе за да си се изградите во добри и интелигентни луѓе! одма ќе се поделат во друштва пропалиците со пропалиците бубалиците со бубалиците и уште 150 други чудни секакви друштво што е карактеристично за школово бидете нешто измеѓу без пороци ама забавни и кул НЕ оговарајте НЕ се лижете на проф ама бидете активни учете ама искачајте петок и сабота (за другите денови не сонувајте нема да имате толку време).. Професори 1.душко мак- мнооооооооооооооогу рееееееедовно учење есеите поише ставови за животот паметни мисли и филозофирање (не глупости чоекот сака да види колку памет имате во себе) мудрувајте ама не глупости! тестовите бог да чува небитни информации од лектири шо никој не ги памти ама јбг во главно најпочитуван неискомплексиран мудар професор што ве просветува БЕЗ ВРСКИ 2.далида мак- БИДЕТЕ АКТИВНИ ЗА ЛЕКТИРИТЕ не само да ги читате лектирите туку истражувајте на нет тоа е дури и побитно целта пораката на книгата за тоа се збори на час тоа и е битно пак и она гледа колку имаш у глаата (некоаш се нервира па испрашува за содржина али и она знае дека е тотално безвезе) БЕЗ ВРСКИ МН СЕ НЕРВИРА 3. бети гео- бубај нон стоп и тупи мозок со глупости пошто тоа и го бара ти дава наставно коа не очекуваш те испрашува коа нишо не знаеш у главно напната и непредвидлива вака ти е смешна а уствари на испрашување и наставно готов си 100% врски палат кај неа проверено од другарки шо ми раскажувале а да и обожава да те заебе со чудно прашање и да ти залепи некоја слаба немојјјјјј да и се лижеш нит па да глумиш многу активен биди си свој и ќути си 4.доказа инф безвезе буквално учи дефиниции главни лесно се добива добра оценка малце замара 5. богољуб и антониот спорт- спорт ко спорт ве тераат да трчате околу школо у дворот, склекови стомачни чучњеви грбни бројат колку поише толку поголема оценка за една мин мсм се е околу 35 плус за 5ка (сами си ги броите не претерувајте со бројките може да ви рече ај докажи ми ја ќе бројам) иако еднаш само се десило, а да ви мерат и тежина и висина (нормално не е за оценка ова брух и да пред сите ама нека не ви е гајле у осталом ју ар мор ден јор уеит) 6.ликовно снеже - само ќе кажам не е болест све шо боли замара со цртежи и тестови НОСЕТЕ и редовно ВАШИ И САМО ВАШИ цртежи а за тестовие учете ги тие шо ги имаат сите генерации 20 год уназад ќе стигнат и до вас сигурно ако не ви се паднат јбг ќе извадите оценка со цртежите. а да и носете материјали СЕКАД колку и да се осеќате ко дебили пошо влечате ликовно истото важи и за спорт (опрема)!!!!!! 7.хемија толева- почна таа да ги мења тестовите се повампири у главно од едмодо ја нишо не сфаќав ако не ви иде можда најпаметно е да учите со некој шо знае или со професор пошо одзема бодови на СЕКОЈА ЕБ*НА СИТНИЦА 8. бети физика- глеам новиве ген плачат од неа нз мене ми беше лабаво само учете си СЕДНЕТЕ ДО НЕКОЈ ШТО МУ ИДАТ ПРЕДМЕТИ ШО ВАС НЕ ВИ ИДАТ НЕ ДО ДРУАРИ/КИ ко ќе размислам заебаваше и она ти вика од тој сајтот го забораив учете а ти дава од книга и обратно прва година поминува од сајтот на англиски све втора секако дека нема на англиски да биде ќе си учиш од книга ме мрзи за професори пишете ако имате за некој точно.. у главно учете многу седнете у 2-3та клупа не се заебавајте у ниту еден момент со пороци и друштва со такви срања барем кога више ќе поминете 4 години у школово извлечете го најдоброто од него, а да и некако можно е да ви се створи одбивност кон некои предмети и едноставно да прекинете да ги учите дури и да не пробате да ги научите немојтеееееее тоа да го напрсаите само дајте им шанса еднаш два пати и ќе видите дека не се до толку лоши ПРОФЕСОРОТ НЕ Е ПРЕДМЕТОТ И ОБРАТНО *ќе има многуууууууууууууууууууу непреспиени ноќи, не мора да учите редовно ама 5 6 дена пред тест фаќајте книга сериозно!!! психички можно е малку и да се пореметите у втора како најнапорна година ама можам да ви ветам дека средното прва и втора само пошо трета и 4та(дајбоже) се лабави аф
Јас сега завршив четврта, сестра ми заврши прва. Мене ми предаваше Бабовиќ, на една паралелка Катерина, а на билингвалните Билјана ама не е Раичевиќ друга е. Не знам како иде тоа со земање на часови, но во овие четири години нема предавано во нашата смена дури бев јас. Инаку сестра ми е прва за втора и предава на нејзина генерација, на нејзиниот клас точно не но на 3-4 класа во нејзина генерација да.