Добив информација (не знам колку е точна) дека трета и четврта ќе бидат заедно во смена. Може некој сигурно да ја потврди доколку е вистинита?
Кај Невена учи редовно и ако си активна и почесто одговараш усно имаш шанси да те ослободи од тест. Кај неа само редовно учење не е некоја многу строга. Џугуманова и ја не знам многу за неа не ми предавала но не сум слушала дека е многу омилена меѓу учениците.
Џугуманова е хорор, обавезно ама ОБАВЕЗНО одговарај кај неа, тестовите претешки освен ако ептен не си се заинтересирал за био па си учел со месеци материјалот... Сузана е супер особено ако знаеш барем малце француски ќе те засака и биди активен/на на час. Лошо е ако немаш основа од основно, мене лесно ми беше на пример и тестови и се, ама некои не работеле воопшто фран у основно и сега им е многу одеднаш. Невена ја мразев отсекогаш, ама не е проблематична
Филозофија мене ми беше лесно кај Јулијана, професорката знае многу убаво да предава и да те заинтересира за филозофија, фер е и тестовите не и се многу тешки, можеш и да одговараш за да се ослободиш од тест, дава шанси и за поправање доколку имаш слаба оценка, но си сака дисциплина на час а не сака доцнење и забележува кога некој е често отсутен. За бизнис, мене искрено предметот не ме привлекуваше многу, па може затоа и Павлина малку ме нервираше кога премногу ќе се внесеше и си замислуваше демек сите бизнисмени сме. Си има одредени принципи до кои си се држи и можеби ќе имате во текот на годината послаби оценки, но на крај сите ќе бидете со петки.Некогаш дава тестови, некогаш испрашува, а на крај ќе мора сите да презентирате бизнис план кој се работи по групи.
Се согласувам со буквално сè што е напишано! И плус совет - без џвакање мастика на час кај Павлина - тоа е нешто што највеќе ја иритира, најверојатно и ви кажала на првиот час..
Нас денес ни збореше ќе имало со цртежи, а и задачите на час не и беа нешто мн едноставни.. Ваљда први часови па сака да не заплаши што знам
Мислам дека цртежите беа за локомотерен систем, не е ништо страшно ги има истите во учебник, ќе бидат од тие, а и задачите се исто од учебник.
Кај нас така збореше, ама после испрашувањето беше со кревање рака. Давала скрипти за учење викаат ама не било тешко, битен бил проектот за бизнис планот во април да е добар
Зависи како ја фатиш.Кај нас многу ретко се дешаваше да испрашува ненајавено. На почетокот и тестови правевме сега би требало некаде при крај на октомври или почеток ноември тест да ви даде на првите лекции(учи од тие листови што ќе ви ги даде од таму се паѓаат прашања).Вежбите исто така редовно прави ги што ги задава и на крај у мај месец таму глеј бизнис планот што ќе ви е у групи по 3-4 да го напрајте како што треба,така што и да имаш преку година послаба оценка на крај со тоа ги крева. Јас цела година со 4 бев на крај ни беше добар бизнис планот и ни пиша 5ки.