Може ли збор два за Дулевска по француски, сега и предава на сестра ми наместо Милица и Џугуманова(како испрашува и какви тестови дава,ми нема предвано да пренесам искуство,едино негативни работи имам слушано). Некоја од вас нека пише овде или лп ако знае.
Дулевска е океј и тестовите и се океј само бара активност на час, 2-3 пати ако ја научи нема да има проблем ама споредено со Милица е построга и поише се учи кај неа, а на тестови нема шанси да препишеш. Ако е втора година кај Џугуманова е доста тешко, јас највеќе проблем имав кај неа, дека и учебникот е доста обемен за втора, а тестовите и се логички и ретко вадеа петки, единствено лесно и со петка да поминеш е да одговараш усно за секој тест, помага и она, а плус и лесно можеш да се снајдеш и го цени тоа што усно одговараш особено па ако е на пример недела пред закажаниот тест и тогаш се пријавиш, ретко на испрашување доброволно става пониско од 4-5, а на тестови пола клас имаа единици. Испрашува од типот кажи ми за тоа и тоа и ти си збориш, она нешто додава и така
Може ли некој да ми каже подетално за тоа ако избереш билингвална дали сите предмети се на анг и ако не кој се поточно
Не се сите, во моја генерација во прва, втора година имаа некои тестови на англиски(хемија сигурно а за други не ми текнува) и плус додатни часови, а после додека стигнаа до четврта ништо.Освен сега ако не сменат нешто, инаку ништо посебно не е.
Во моја генерација имаа биологија, физика и хемија на англиски. Мислам и една по математика дека на англиски држеше настава.
Хемија кај проф.Виолета Толева ќе ви биде се на англиски речиси и тестови и предавања. Англиски ќе имате повеќе часови од општите паралелки мислам 3+1 или 3+2 беше не знам точно,знам дека тие плус часови лекторски ги викаа. Физика исто имаа делови на англиски и Математика. За другите не знам точно ова од другарките што ми беа у билингвална знам. Ако нешто плус те интересира може да ги прашам.
И уште ова дали би ме примиле во Орце доколку имам одличен успех од 6 до 9 но немам дипломи од натпревари?
Здраво дечки се надевам има сеуште некој активен! Јас сум сега 9то и се мислам каде да се запишам средно. Имам 5.00 просек и не се плашам многу од учењето, но дали ако одам во Орце воопшто нема да станам од книга, ќе биде многу психички исцрпувачки и ќе немам никаков социјален живот? Се мислам помеѓу Орце, Корчагин и ЈБТ. Може да ми кажете какво е друштвото во Орце? И дали е навистина толку строго? Дали е полабаво од Корчагин? Исто така се двоумам дали да одам во полесна гимназија каде што полесно ќе вадам 5ки (бидејќи сепак за упис на факултет се гледаат оценките а не од кое средно си) или во построга :/ Може ли да ми кажете какво е вашето искуство во Орце? Дали беа вашите најубави години или најлоши години и зошто? Исто така многу се плашам од хемијата бидејќи нашата наставничка ништо не не ни учеше не ни ни бараше :/ Исто така дали има многу секции и секакви активности во Орце? Дали има убава атмосфер? Какви се наставниците? Навистина сакам да го одберам правилното средно во кое што ќе ги поминам следните 4 години Ви благодарам однапред <3
Јас годинава завршувам и искрено колку и да ми беше криво на почетокот, пак би го одбрала. Секој почеток е тежок, каде и да се запишеш треба време за да се навикнеш. Многу ми е криво што сега со ситуацијава последните денови од средно вака ни поминуваат. Не верувам дека некаде би нашла подобро друштво и поубаво би се вклопила. И мои братучеди што завршиле порано ми кажуваа дека во Орце секогаш супер деца се запишуваат. За учење искрено, не можам категорична да бидам и да ти кажам лесно е, тешко е. Јас општо многу се потресувам за оценки и ми беше стресно, имаше ученици што не се замараа многу и беа полабави и завршивме со сите петки. Ако си активен на час по било кој предмет многу помага. Не е толку страшно како што ти опишуваат, времињата се многу сменети, било Орце порано тоа што било, сега и генерациите и професорите ама и критериумите се сменети. Има некои терсене професори ама сега кога се навраќам, нив најмногу ќе ги памтам. Размисли си сепак, јас се мислев меѓу Орце и Карев и иако сите другарки од основно отидоа Карев, сепак Орце го избрав. Ако имаш нешто да прашаш, слободно пиши ми вака не ми текнува што уште да докажам. Со среќа кај и да се запишеш.
Нее, воопшто не е така. Орце е школо каде што се бара знаење, точно ама вооошто не е потребно да се убиваш од учење и да немаш социјален живот, стварно воопшто не е така. Има професори кои бараат повеќе знаење и знаат да те исцрпат ама има и некои попопустливи кај што се поминува онака, да не речам од ракав ставаат оценки.Сега , вистина е дека во друга гимназија можеш да ги добиеш полесно сите 5ки, секако, ама размислувај дека и основата што ќе ја добиеш тука не би можела да ја добиеш во таква гимназија, а тоа ќе ти биде многу олеснителна околност подоцна на факултет. Доколку добро почнеш и имаш солидни оценки од почеток, ќе си бидеш во предност, според мене тоа е многу битно. Воглавно, скоро сите професори имаат добар однос со учениците(има и понекој терсене ама не е страшно, мора да има и такви)и ќе видиш дека има и многу можности и за поправање оценки и за попуштање на крај на година. За активности и секции има, ама особено ако си француска, е тогаш ќе имаш постојано можност да се вклучуваш во проекти. Искрено да ти кажам, 4 прекрасни години одма ми поминаа и да треба пак да се запишувам нема ни еднаш да се мислам дали орце или не.
Ако можам да го вратам времето, никогаш не би одбрала друго средно затоа што се' што таму преживеав, ме направи ова што сум денес заедно и со најубавите и најлошите моменти. Како и секаде, има различни карактери, не се сите професори фер, не сите се грижат вистински за ученикот, но има и такви професори кај кои ти е мерак да отидеш затоа што знаеш дека нешто ќе научиш и дека за нешто ќе те инспирира. Луѓето со кои сум опкружена денес се истите од средно и ми се најдобрите луѓе на кои сум наишла. Секако, се' ова е среќа и е моја прикаска, но од моја гледна точка секој почеток секаде, не само во средно, е тежок затоа што бара екстра труд. Труд да научиш, да покажеш дека знаеш, да оставиш впечаток, да стекнеш пријатели, да одржуваш добри контакти.... се' тоа е тешко и секаде ќе го доживееш, но според мене Орце има добри услови за се' она што го споменав. Сега има друг директор(порано предаваше македонски јазик) и имам слушнато дека е поразлично од порано, во смисла полабаво, но не сум сигурна во кој контекст. Орце секоја година одржуваше Отворен ден за ученици кои сакаат да се запишат, за жал оваа година нема таква можност, но сигурна сум дека можеш да дознаеш повеќе информации директно кога ќе заврши оваа состојба. Има различни секции, има драмска секција, има хор...Професорите не' поддржуваа многу при "бунтувањето" и добивавме поддршка за нештата кои сакавме да ги реализираме. Јас ги немав сите 5ки и тоа ме тиштеше на почетокот, но подоцна сфатив дека тоа не е суштински важно. Не зборам во контекст воопшто да не се трудиш, но ако по одреден предмет едноставно не ти оди, не е крај на светот и не значи дека си глупав/а или помалку вреден/на. Има предмети и нешта за кои повеќе те бива и воопшто не е битно што некој професор мисли за тебе. Така што би те советувала да учиш секако, но учи за себе, учи за да знаеш, учи за тебе да ти е убаво, не за да поминеш, зашто да се помине може сегде. После на факултет може да ти биде потешко, ако немаш дисциплина за учење и слично. И да напоменам дека Орце има одличен психолог и може да ти биде поддршка во многу нешта. Иако ова изгледа како многу голема одлука, знај дека секогаш имаш можност да се префлиш ако не се пронаоѓаш на тоа место Ако се сетиш, пиши која беше твојата одлука
Орце е најубавото и најпозитивното средно во Скопје. Без претерување. Што се однесува до учењето, тоа зависи од тебе. Може да учиш во некое послабо средно и пак глава од книга да не дигаш. Децата се многу опуштени, нема булинг ко што сум слушала у други школи. Професорите имаат високи критериуми, ама односот е пријателски, нема стравопочит туку само почит
Зравоо, ми треба ваша помош. Јас сум одлична ученичка со просек 5.00, но не сакав да одам на натпревари.. Во шесто отидов на натпревар по германски и завршив до регионален..одлучив дека натпреварите ми прават премногу стрес и од тогаш не отидов никогаш...Но сега не сум сигурна дали ќе ме примат во Орце без дипломи...Јас сум одлична ученичка, одговорна но незнам тоа дали е доволно. Прашањето ми е дали без дипломи со просек 5.00 примаат без проблем?
Здраво. Какви се професорите по физичко во ова училиште и дали знаете кој би бил професор во прва 2020/2021? (на кој што, мене најголем проблем физичко ...)
Мене во прва ми беше Богољуб и искрено имав проблем со него зошто јас не сакав да вежбам. Имавме да пополниме едни табели со колку склекови/стомачни/грбни/ чучњеви ќе направиме за 1мин. Сите имавме тројки зошто нереално е да направиш 40 чучњеви за 30сек за 5ка и ни ги шибна во дневник, ама на крај се среди сите имавме петки, освен ученичка што никогаш не се ни појавуваше на физичко и ептен му идеше на живци. После Сашо ни беше и цели 3год не оставаше пинг-понг да играме, не му е битно дали вежбаш само редовно носи опрема и облакај се и немаш гајле. Ако не носиш опрема, намалува оценка, а мене многу често и неоправдани ми ставаше, иако на часот бев присутна. Нема да имаш проблем со физичко освен ако ептен не се заинатиш со нив и не им го потцениш предметот. Прва мислам дека некој од овие може да ти бидат плус уште Антонио, мене не ми предаваше, он поише се дереше ко што го памтам вака по ходници, ама не правеше со оценки проблем.
Ти благодарам многу. Не сум се уште 100% сигурен дека ќе одам таму, но ова што прашав ми е доста битно. Секако дека не правам проблеми за носење опрема, редовно присуство на час и коректен однос, редовно вежбам но не сакам да биде она МОРА да го направиш тоа. Уште нешто, какви се децата во ова училиште?
Мислам дека погоре многу пишуваа за децата, во Орце секогаш супер деца се запишувале. Во мој клас сите се дружевме меѓу себе, немаше ниту еден проблематичен со кој не ми идеше муабет. Сите се воспитани и нема исмејување и такви глупости како што има во други школи. Барем за друштво не му ја мисли, одма ќе се вклопиш. Ептен добра атмосфера имаше и на часови.
Еве јас како бивша ученичка во Орце, во 2015 завршив и на сите тоа го повторувам Дека сега ако треба да се вратам во средно пак Орце би го избрала, вчера гледав Семејството Марковски и мислам дека повеќето знаат дека тие школски сцени таму се снимани и баш ме фаќа носталгија за тоа место и време Во прва треба да се навикнеш на новата средина и на професорите (кој како предава,испрашува) и слично. Според мене 2ра е потешка од прва заради пообемниот материјал што се учи, 3та се поделивме на смерови, нови класови и си поминав супер затоа што ми беше таков 'Лабав' класот и не можам да кажам дека Нон стоп дремев над книга, стварно се има време и за други работи Е сега слушам дека некои професори се сменети, има отидени во пензија и дојдени нови ама ако сакат конкретно за некој да прашате ви стојам на располагање