Мене ми се падна математика класна мислам Јелена се викаше. Има некој од тука што оваа му е класна ? А и ако може некој да ми каже каква е како класна ?
Анета е прекрасна професорка. Прво, секогаш знае како да си го организира часот и стварно ќе ве научи англиски. Спремете се за мнооогу фразални глаголчиња, трик вежби на тестовите и милиони форми за пишување (кај неа нема само формално и неформално писмо, туку секое од нив се дели на уште минимум 5 различни форми). Како и да е, тие што на годишен тест ќе добиете барем 4 знајте дека ептен добро знаете англиски и одма сте спремни да полагате и за FCE и за слични дипломи без проблем. За класна, ке кажам само одлична! Се бори за класот колку што може и секогаш е на страната на учениците Се надевам ќе успеете да извлечете се' што можете од професорите за да научите многу и ви посакувам успешни 4 години
Ви даваат фора пола саат да се спремите психички Инаку ми текна на мојот прв ден, буквално скроз сама отидов немав поима дали има некој од мое школо, од мое одд знаев дека нема никој. И 5 мин стоев сама, после најдов една познаничка ама беше во друг клас, влеговме внатре седнавме во КОБНАТА училница бла бла бла бла бла и си отидовме. Беше петок, а во понеделникот веќе се знаевме сите И мислам дека многу добро ми беше што немав никој познат во клас, одма се запознав со сите. Така да верувајте ако имате друштво ок е, не викам не, ама немојте да си дозволите само со друштвото да седите. Веднаш запознавајте се! Ако не четири, две години сигурно ќе бидете заедно со тие луѓе. Леле Сакам и јас утре
Анета е таа црната? Имаше една кога полагавме приемен што шеташе по сите училници, ако е таа ич не ми се свиќаше во сурат на тие 2-3 минути додека беше кај нас. Да се надевам дека погрешен впечаток сум добила иако скоро секогаш како ќе ги проценам луѓето во првите неколку минути такви се, ама за ова стварно се надевам дека грешам.. 4 години па и не се малце со неа како класна. *Инаку да, требаше да бидеме од 7,30 ама предходниот ден така одлучиле да бидеме од 8
Пааа како да ти кажам, професорката е фина се дур си мирен на час. Најчесто предава цел час и на крај од темата тест (многу ретко испрашува, само кога сакаш да поправаш од тестот). Тестовите и се унифицирани, не се некои ретардирани со нејзини измислени прашања, ама може да има по некое чудничко прашање. Најдобар совет за кај неа: НИКОГАШ не препишувај на тест, ако те види да кажуваш на некој или да препишуваш директно става кец у дневник и после за да го попраиш треба да ургираш со класни, родители и триста глупости. Ќути си на час, слушај си, учи си и нема да имаш проблеми ИНАКУ, не знам што ја бапнало у глава директоркава. Измислила некои нови ретардирани правила ко во алкатраз да сме. Не смееме да седиме пред главна врата, не смеело да се пуши во двор....КАДЕ БЕ!? Башка и секоја недела ќе имало по тројца дежурни и морало да седат во училница и да не излагаат ни на голем ни на мал одмор....ај ако не и да не им дава да јадат. И на сето ова уште законине од министерство, максимум 100 оправдани, за 10 неоправдани 200 евра казна и не знам ти уште што. Ненормални!
Мене ми е класна. Изглеа сме заедно у клас Мајка ми ми кажуваше дека била една од најдобрите класни во Орце, секогаш спремна да им помогне на учениците (барем така и кажувале ). А и мене на прв поглед не ми изгледаше како некоја катил жена, онака океј си е. Па ќе видиме за понатаму. И нема некои ептен ригорозни правила, слични се као до основно шо ми беа. П.С. Ако сакаш пиши ми ЛП да знам која си, па може ќе се здружиме (секако дека ќе се здружиме, ама еве порано)
Македонски јазик и литература - Душица Стегњаја Англиски јазик - Анета Гајдарџиска Француски јазик - Сузана Дулеска Математика - Јелена Бабовиќ Најдова Музичка култура - Сузана Тнокова Спорт - Горан Крстевски Географија - Лилјана Јовановска Физика - Светлана Наумовска ако може некој збор два за овие професори и по некое советче
лелеее луѓее.. аии не ова неможе да ми се случува.. паметната Анета по англиски ни лупна наставно ливче за неправилни глаголи може имаше едно 25 глаголи да напишеме.. но проблемот е во тоа што ја во основно скоро и да немав учено англиски (професорката ни беше мрдната -.- ) и сеа ми е мн тешко во однос на англискиот јазик.. да се вратам на почетoк.. и ни лупна што ни лупна и ни вика за 7 мин да го решите , 8 грешки ако имате добивате 1 .. и ја некои глаголи првпат во мој живот ги глеам и така си добив кец .. (п.с. прв кец во мој живот ) и стварно незнам што да правам се утепав од плачење .. знам дека не вреди за оценка да плачеш но таква сум емотивна .. и значи имам катастрофален старт .. прва оценка во дневник мене 1.. лелее аии стварно незнам што да правам .. и моиве се ептен строги дома не планирам да им кажам за оценкава зошто ако им кажам ќе ме селат од дома е да .. и ако некој знае дали може да се поправаат овие оценки оваа професоркава ништо не ни кажа и ако некој од тие што се втора трета година што им има предавано Анета нека ми пишат ако знаат уште колку вакви ненадејни писмени ќе имаме
Тоа ти се поп квизез и веруј бајаги ќе ги има. Кога ќе и текне ќе даде, ич не и е гајле, а за 7ве минути, остај, само што ги напишав, едно од нив поима немав ни што значи, го мислев една минута и толку, завршија минутите, нит си проверив ништо Ајде на следен поп квиз ако добиеш 5ка и на нареден тест, нема да ти остави кец во тоа сигурна сум, само учи си
А-лии фората е што ги става во дневник И дај не се потресувајте од првите отцени, секоја отценка се поправа, а професоркава верувам дека ке даде шанса и да се покажеш и усно и писмено, така да без плачки. И не знам зошто сте изненадени, па мајку му она уште меѓу првите денови најави дека ке имам еден ваков поп квиз, имаше време да се научи, ако ги знаеш глаголите и помалку од 7 минути ке ти бидат потребни, не беа 24, туку беа 12 глаголи, така да единствен изговор - трема или незнаење..