На е-дневник само има. Инаку најверојатно за кој клас си и кој ти е класен ќе излезат списоци само не знам кога.
Само за Цеце физика ќе ти кажам со среќа.Чудна е најсоодветен збор, искрено ниту ја разбирав на часови ниту ѝ го разбирав односот.Гледај да вадиш добри оценки на тестови и да не одиш на поправни затоа што ќе те измачува, исто така на часови преправај се колку што можеш дека си заинтересиран и не влегувај во конфликти со нејзе. Анета физичко беше дрска, само гледај да вежбаш редовно. Сергеј е срце професор, многу е фин со учениците и има огромно знаење само што штета сите ученици го потценуваат предметот а човекот баш си предаваше со пасија.
Може нешто да ми кажете за овие наставници? Класна/македонски - Љупка Боцевска Физика - Елизабета Поповска Англиски - Анета Гајдаџиска Географија - Сузана Танева Информатика - Викторија Доказа Математика - Катерина Хаџи-Илоска-Спировска Историја - Владимир Бојанов Ликовно - Снежана Крстевска Музичко - Сузана Тнокова Кузмановска Хемија - Виолета Толева другите уште ги немам Фала унапредд
Љупка македонски е спремна со многу знаење, навистина ем има големо познавање од тоа што го предава ем знае да го пренесе на разбирлив начин.Не ми предаваше долго ама ми остави одличен впечаток.На часови сака и дисциплина ама има простор и за опуштеност. Анета англиски мене на почеток ми беше многу напорна со синонимите и фразалните, тоа ѝ е како заштитен знак, да бара да знаеш милион синоними за различни зборови со цел да си го збогатиме речникот.Тестовите ѝ беа тешкички, ретко кој имаше 5.Не знам дали уште предава на тој принцип ама како и да е спремај се многу за кај нејзе, бара многу знаење на почеток(прва, втора), потоа е помека(зборам ако се погоди да ви предава и во трета и четврта). Сузана географија веројатно е нова од лани на местото на Бети, така што за кај нејзе може да ти каже само некој од минатава година. Сузана музичко е многу фина, кај нас често се случуваше да ни пушти музика и да си седиме со јадење и муабет , стварно е многу океј.Мислам дека и тестови имавме еднаш - два пати ама ништо сериозно. Другите не ми имаат предавано, ама има и за нив постови, побарај низ темава.
Здраво! Деветто одделение сум, и во Јуни се уписи за средно. Дури и од минатата год веќе детално размислував каде да се запишам и решив во СУГС "Орце Николов". Од четвртто сакав таму да се запишам, ми велеа дека било премногу строго, сум немала да можам глава да кренам од книга итн...ама сепак решив Орце : ). Ама гледам дека и многу деца кои што воопшто не учеле во основно, сакаат да се запишат, и ми станува сомнително а навистина сакам во квалитетна гимназија да се запишам. Може некој што завршил или моментално учи таму, отприлика да ми каже какво е училиштето, наставниците или пак децата? Фала однапред! PS: не мора до толку за наставниците, гледам сте пишувале за тоа : ))
Секоја следна генерација си носи со себе маани и предности, децата што се запишуваат исто така Мој совет, ич да не ти е гајле за соучениците, друштво секако ќе најдеш и ќе се прилагодиш. Најубавите години ги поминав таму Go for it!
Порано секогаш се запишуваа ученици кои исклучуво имале 5.00 просек, ама од оваа година за првпат се запишаа деца и со по некоја тројка.
Primaat i bez diplomi od drzavni/megjunarodni diplomi taka? Po rang listite od minatata god izgledase taka
Секако дека да. Со 75 поени нема шанси да не влезеш, па и со 2 до 3 четворки може се зависи до тоа колкав број ученици со сите 5 ќе конкурираат. Тие награди од натпревари носат максимум до 5 поени плус мислам, но не се пресудни за упис секако ако си со сите 5ки.
Коа се запишував и јас на буквално кој и да кажев дека ке одам во Орце ми кажуваа дека сум падната од марс, таму одат само бубалици и децата се сите дигнати Ама толку сум среќна што не се предомислив, иако нели, гимназија си го бара своето. Мораш да имаш доста добри вештини у организирање на времето и да се опуштиш да комуницираш со луѓе зошто кога на тоа ке се навикнеш веќе немаш гајле. Луѓето се супер, некои дволични ама сепак друштвени, професорите се така така, има некои кај што секој час е смешка, ама има и кај некои кај шо пиеш B6 пред секој час (и двете социологија се катастрофа ама за тоа ке се замараш у 2ра ). Нонстоп има по некои настани, можности да учествуваш итн итн. Така да без секирации, децата се супер, професорите се...професори..., верувај дека најубавите и незаборавните години ке ги поминеш тука