1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. lavander2007

    lavander2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, македонски ќе правиме тест и професоркава рече многу бил тежок, никој не ги знаел стилските фигури. Да нема некој од вас некој стар тест да пушти да видам отприлика што е и како?
     
  2. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    За која професорка прашуваш?
     
  3. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Marijana ti predava?
     
  4. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Дечки, некој од вас може да ми каже искуство со професорот Зоки по физика? Тој ќе ни ја замени Цеце :)
     
  5. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Вака ко што имам слушано многу океј човек. Бар не кружеле такви муабети како за Цеце, па според тоа би требало да е добар. :)
     
  6. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам предложете некој добар професор што држи приватни часови математика. Ништо не ја сфаќам Анастазија, значи катастрофа е, плус на пола часови ја нема, се негде оди, на крај ќе "предаде" 4 лекции на еден час па ти лупај си ја главата од ѕид. Чист кец ќе добијам. Помагајте, барав едни професорки ама едната не ми крена ,,Теорема" се викаше школото изглеа, другава само со студенти работела.
    И да не бидам погрешно сфатена, барам за да одам на часови да ми објасни, не да ми решава за време на тест да се разбереме. :)
     
  7. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Profesorkata se vika Nina. Sestra mi odese nekolku pati kaj nea i uste odi, zadovolna e. Broj za kontakt vidi vo inbox. :D
    I edna vo avtokomanda i predlozija, Sanja se vikala isto bila super. Kaj Voena kula nekade, ama ako uspees da najdes kontakt. Za taa nemam info.
     
    На Daisyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас сум моментално IX одделение, знам дека малку е рано, сепак сакам да си прашам на време. Мојата желба е да учам во ова училиште, веќе од пред 1-2 години, пред тоа не ни размислував искрено, но не се двоумам. До сега цело време сум со 5.00 успех континуирано, учам и немам проблем со учењето. Гледам дека активно пишувате, па ако може повеќе нешто да ми кажете еве како сте задоволни генерално од школото, нормално ли тече наставата или не е баш организирано, се губат многу часови итн... што е разликата меѓу класична паралелка и билингвална освен што во билнигвална се учи англиски на повиско ниво (само тоа знам). Децата мислам што се запишуваат се океј, сепак и за тоа кажете ми мислење.. и на крај мојот главен проблем- математика. Значи предметот го сакам, но до сега ми се сменија 3 наставнички. Една во 6то ми беше, па во 7мо бевме online дојде друга, па отиде на породилно и сега , ја замени една што уште нема дипломирано. Вторава и така и така ама првата и третата стварно не знаат да предаваат и сега се плашам зошто многу лесно поминувавме сите овие години, а основа немам, да бидам реална, па не знам како би се справила со професоркиве во Орце по математика. Инаку планирам ПМБ или ОХА смер, но видов и таму си има математика. Па покрај тоа што ќе ми кажете за школото, децата, дружбата, ве молам и нешто повеќе за професоркиве математика, барем со време да си се подготвам психички за тоа што ме чека. И тие приемен што полагавте годинава ако има некоја на форумот тука, ве молам исто за тестот кажете ми каков беше (математика), зошто со моево знаење има шанси и да го паднам, па ни О од Орце нема да видам. А дека ќе има годинава ќе има сигурно, кај мене во школо што сме само 7-8 знам што сигурно ќе одат, плус со други другари и другарки што се знам од тренинг и онака што се дружиме меѓу Орце и ЈБТ се мислат. Па и врв е што добра другарка од друг град 100% ќе оди во Орце, така да ќе има и од други градови деца, што е супер според мене, ќе се запознаеме така повеќе и ќе се измешаме, но се ова ми мириса на приемен, али ајде рано е ќе видиме.
    Сакам барем таму април-мај да одам на некои додатни часови, ем за приемен ако има, зошто тоа ќе објават два дена пред тестирањето, а и да нема приемен плус знаење за мене ќе си е, нема да ми оди на штета. Ви благодарам однапред на помошта:inlove::inlove::inlove:
     
  9. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Имавме вчера час со него, срцка е човекот навистина : D
     
  10. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Школото е супер, чиста 10ка би рекла. Реновирано е, средено, чисто, супер атмосфера за работа има. Професорите со минимални исклучоци океј, ги има такви во секое школо. Друштвото супер, кога се запишав одвај 4-5 знаев, сега се знам со пола генерација, а со дел и ептен се дружам и искачаме заедно. Со тоа проблем нема да имаш. Е професоркиве математика секоја ти е посебна приказна. Во прва ми беше Цаци, ако ти е она немаш гајле, си предава убаво жената, не е лоша, дава шанси да поправаш и може да ти попушти ако си меѓу оценка. Катерина е исто добра ко што сум слушала. Но, ако ти е Анастазија, таа сега ми предава, тогаш ќе продолжиш да си немаш појма математика и во средно, се дур ти предава. Ништо не знае да објасни како треба, тестовите бог да чува, нерешливи за 40 минути, но што е тоа е. Има мислам уште една што би можело да ти предава, сега им предава на 4та, малце постара така, виткана коса има и наочари носи. Ако ја знае некој нека ти каже нешто повеќе за неа, баш прееска ја разминав во ходник. Генерално мој совет ти е да се запишеш, јас сум класична не знам нешто повеќе за билингвалните, но што и да избереш нема да згрешиш и таму и таму е супер. Ми се смеат кога ќе им кажам дека со задоволство одам во училиште, со оглед на класот во основно каков ми беше, овде скроз различно е.
     
    На Mendelez и Spicy71 им се допаѓа ова.
  11. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Nema da zgresis za skoloto veruvaj mi. Ima i ucenje dosta, osobeno prva i vtora godina, no ima i druzba, ucestvo na razlicni megunarodni proekti. Taka da kratko kazano od se po nesto. Angliska bilingvalna razlika osven sto ucat angliski na povisoko nivo, ucat i hemija na angliski i uste predmet-dva odredeni sodrzini. Megjutoa programata i materijalot sto go ucat po site predmeti e ist so klasicnite paralelki osven angliski neli. Za francuskata ne znam mnogu, no ako imas moznost odi imaat dosta ekskurzii i razmeni so ucenici od Francija. Sega mora da imas uceno neli francuski vo osnovno za da se zapises tamu, inaku nisto. Vo sekoj slucaj da ne filozofiram, sto i da izberes vo Orce nema da zgresis.
    E sega si prasala i za profesorite po matematika. Ne bi trebalo toa da ti e edinstvena pricina radi koja ne bi go odbrala skoloto, zosto sekakvi profesori vo sekoe skolo ima, pa taka i tuka. Vaka za nekoi so znam eve ke ti kazam iako so trud i rabota, ne veruvam so bilo koja na problem da naides.
    Jelena Babovic- na mene mi predavase i mozam da kazam deka e edna od postrogite profesorki vo Orce opsto zemeno od celiot kadar. Sepak odlicno predava, taka da mozes da ja razberes na casovi i da naucis mnogu od nea. Testovite da bidam realna zezneni i bea stvarno.
    Sofce- mislam vo penzija deka e.
    Katerina- mislam najokej od muabeti so sum slusala. Dosta popustala i ne davala teski testovi.
    Caci- predavase na sestra mi, slicno kako i za Katerina bi ti kazala, ne se zalese od nea. Korektna bila.
    Anastazija- eve @Daisyyyy veke ti kazala za nea isto imam slusano i jas. Valjda pa od tolku profesorki nema taa da ti se pogodi.
    Biljana x2 - hahaha ima dve Biljani ama ni za ednata ni za dr ne znam nisto. Eve nekoj drug toa moze da ti kaze.
    Za priemen mislam rano ti e uste od sega da se tormozis, uzivaj si vo zivotot duri mozes.
     
    Последна измена: 18 ноември 2022
    На Spicy71 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Fala vi mnogu. Sepak ako vlezam vo skolovo pak ke ve zamaram, ama ima vreme za toa. Uste edno prasanje, kako se podeleni smenite,
    prva so vtora, treta so cetvrta god ili ne? I vtora smena dali e naporno kako sto zboruvaat drugarki, ova ne za Orce opsto za site skoli, mnogu kasno zavrsuvale, duri 7:30, 15 za 8. I ovde li e vaka? Od kolku pocnuvate prva smena, od kolku vtora? Jas ziveam ne mn daleku od skolovo, ama pa i ne epten blisku za sekoj den peski da odam.
     
  13. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Прва и трета, втора и четврта, беа во смена јас кога учев. Мислам и уште дека е така. Првата смена почнуваше во 07:30, а втора во 13:00. Колку што памтам не завршувавме ептен доцна, зависи дали имаш 7ми час или не, мислам дека има и 8ми ама не ми се погодило во распоред да имам, освен ако не е некоја проектна или слично. Но мислам подоцна од 19:15 дека немаше настава. Сега не знам дали е сменето. И немаш класични одмори по 5 минути после секој час како во основно, имаш еден голем одмор после 2ри час кој трае 20 минути, и еден мал од 10 минути, после 4ти.
     
  14. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Скоро се è како што кажа, само сега втора смена почнува од 13:30, а да 7-ми час завршува во 19:05 :)
     
    На Spicy71 и Alex29 им се допаѓа ова.
  15. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Pa vaka iskreno ke ti kazam nesto, sekoj me cita vo temava ama forum e sekoj ima pravo na mislenje. Vo odnos na skoloto, decata se super, druzenje ima i se toa, ekskurzii isto taka imas, nema da zgresis so izborot. Idejata da si odis na dodatni casovi za priemen ne ti e losa, a vo odnos na toj priemen eve sega ke dadam licno moe mislenje. Prvo bez navreda kon nikogo, ne mi e ni celta da potcenam ili omalovazuvam nekogo. No, priemen spored mene ke ima 100% ako bide istiot slucaj kako sega vo moja generacija. Taa brojka na 353 prijaveni za 285 mesta ne e taka slucajna. Znaes zosto?! Odgovorot e zosto od tie 353 , najmalce 15 ucenici se od okolnite makedonski gradovi (od koi se znam licno so 4-5 i koi imaat dojdeno bas od "cista mira") znaci ne zboruvame za PRESELENI semejstva tuku decata ete taka mislat ovde nie nesto posebni sme sto ucime pa ajde site vo Orce. Nema vrska skolo ko skolo isto e. Za zal na vistinata del od niv prestojuvaat vo internat, del pod kirija, del vo svoi stanovi okej se toa. Ne mi pretstavuvaat problem okej mi se, nisto protiv niv nemam. Ama problemot e drug. Ajde eve site od Kratovo ke kazam taka ko pomal grad vo koj eve preku sila ima 150 polumaturanti, resat da ucat vo Skopje, sto ke se sluci so tie profesori tamu? Ne treba da jadat leb i oni?! Nekoi od taa plata cela familija hranat... Malce drzavata tuka treba da razmisli poinaku. Znaci pravime muabet za gimnazisko obrazovanie sto go nudi sekoe sredno niz drzavava vo pomalite mesta. Nema grad vo koj nema gimnazisko obrazovanie. Za strucno ne zboram, ne site sakaat fax i so sekoja pocit za niv, mozat da si ucat strucno kaj sakaat i se toa. Ama sto e so gimnaziive ne sfakjam, nit sme nie nesto posebni vo Orce, nit profesorive se koj znae shto, nit pa 5ki delat gratis. Zalno ama dete so cel zivot ziveelo vo Skopje, ke se sluci eve so 2-3 cetvorki da e od osnovno, radi vakvite sto roditelite im ispolnuvaat zelbi na 15 godini, nema da moze da se zapise bas vo skoloto koe od sekogas go sakal. Eve devojce od osnovno bese u crvenite tie sto u start ne im dadoa ni priemen da polagaat. Taka da ja i moe mislenje nadvor od tvoeto prasanje si iznesov, ama vaka od rekla kazala muabeti zapisi se vo Orce, "site " tamu idat, za nekoja godina pola Makedonija ke dojde ovde da uci... Pa ne 1, 101 priemen ke ima koga na 285 mesta ke se prijavat 500+ ucenici. A profesorive vo pomalite mesta ko Kratovo, Berovo, Resen itn ke predavaat sami na sebe... Sakate rugajte me, ama sepak mislenjevo moe e toa. Pak ke kazam nemam nisto protiv tie deca, prvata vina tuka e na roditelite sto im dozvoluvaat, na 15 godini da sedat sami na sebe ostaveni, bez nekoja realna pricina, a vtorata vina voedno najgolema na MON sto definitivno treba da vovede nekoi restrikcii vo ovaa upisna politika. I da ne mi ja izvrtite temata so toa so e aktuelno denovive so dijalektite, zosto niv ne gi spomnav nikade i voopsto ne mi smetaat nitu tie nitu decata. E taka, daj boze ti da si vlezes vo skolovo dali so ili bez priemen❤️.
     
    На Spicy71 и Alex29 им се допаѓа ова.
  16. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Искрено ова сум го помислувала и јас во средно. И во моја генерација, претпоставувам и во тие пред и после мене има секогаш деца од други места. Некои се разбира со објективна причина, преселени и слично, но напротив повеќе онака доаѓаат, колку да кажат после ,,Еве ние што сме, учиме во Скопје". Никој не оспорува никого, нека учи кај сака, но јас да би живеела во друг град, мое дете би пуштила да учи на страна само со објективна причина- доколку тоа што сака вистински да го учи, не се нуди во училиштето/та во соодветниот град. Од 2-3, ќе станат 10, како еве ти што викаш, па за некоја година 20-30, токму цел еден клас колку да се оформи. А децава, со место на живеење Скопје, кај ќе одат?! Еве не мора Орце, ќе ги одбијат да речеме, а во другите гимназии кои и така се малку на број веќе ќе бидат пополнети местата. Што останува за нив понатаму? Да плаќаат средно приватно ако сакаат гимназија, или пак така неодлучени што понатаму со животот да отидат во рандом стручно школо. Супер се стручниве не викам не, ама па да не се лажеме во подобрите како Медицина, ГУЦ дел од смеровите ајде да речам, па и некои смерови во Коце, местата и таму се пополнуваат во прв рок. Тука убаво имаш пишано ти, министерството треба да си направи промени во уписната политика. Или квотата на запишување на ученици нека ја зголеми или едноставно нека го воведе принципот на реонизација како во основните школи. Ученици од еден во друг град, не мора да е тоа Скопје, за било кој друг правиме муабет, да може да мигрираат само доколку за смерот/насоката/подрачјето итн.. кое сакаат да го изучуваат немаат можност во својот крај. Ете едноставна е работата.
     
    На jabolceikruvce, ivcheslivche и Spicy71 им се допаѓа ова.
  17. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Fala vi mnogu mnogu na site za odgovorite. :l::l::l:Ostanuva da si se spremam za priemen so vreme po ova sto go kazuvate:sweat:.
     
    На blackrose07 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Epa ova sto ti go kazuvas ,STO AKO SE SLUCI DA SE POPOLNAT MESTATA I VO DRUGITE GIMNAZII" godinava se sluci. Osven vo Korcagin sto imase slobodni mesta, vo ostanatite gimnazii (JBT, Karev i gimnazisko Georgi) mestata uste vo prv rok se popolnija. Da ne bea tie mesta vo Korcagin ke bea ostaveni na cedilo... Medicina isto osven zabari i fizioterapevti se bese polno i tamu, za drugive strucni ne znam. Ama ako vaka prodolzi, bas ke bide "interesno".
     
  19. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Spremaj si se ,ke si imas znaenje za tebe kako prvo, kako vtoro ke bides sigurna na nekoj nacin deka ke vlezes. Brojkata na prijaveni i slednata godina po moe licno mislenje i okolnostite koi gi kazav ke bide sigurno nad predvidenata.
     
    На Spicy71 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jabolceikruvce

    jabolceikruvce Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Јас искрено баш спротивно мислење имам, мислам дека поради фактот што оваа год имаше приемен ги исплашија многумина и сега ќе бегаат од Орце ахахаха. Не знам, како и да е, колку што се сеќавам рекоа дека планирале од следнава год да има приемен во секое учимиште, но кој ги знае. Јас би ти рекла, ако полагате приемен, македонски посвети внимание на граматика (сите менливи зборови, зависни и независносложени реченици, интерпункциски знаци, минатите времиња...), книжевност/литература особено тие поважните што се во врска со македенскиот јазик/азбука, нашите писатели/автори/поети и кодификатори и обавезно стилските фигури. Математика од сè по нешто, најреално математика приемниот оваа год беше апсолутен ужас. Значи навистина не знам какви клетви фрлиле врз тестот ама ништо што ни го имале предавано не беше на тестот. И тоа ајде јас само да се жалев ќе кажеш до мене и мојата наставничка од основно е, ама кога повеќето се жалеа а сите од различни основни...Не се нервирај уште од сега, може и да имате а може и не. При крај год повтори си убаво сè за да ти биде очекувано а не изненадување ако ви кажат дека ќе полагате (како нас што ни направика еден ден пред приемниот ахахах). Ако имаш прашања, кажи слободно:)
     
    На Spicy71 и Daisyyyy им се допаѓа ова.