1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ова мислам дека беше причината во мојата генерација, сега што сме II година, да има слободни места и за втор уписен рок, што по кажувања на други, не се случило со години. Бидејќи самиот директор пред ние да се запишуваме имаше кажано, дека доколку се случи да има повеќе пријавени сигурно ќе има квалификациско, бидејќи тие што се запишаа 2019 и 2020, им прогледаа низ прсти и примија повеќе од предвидениот број, затоа после другите школи се побуниле бидејќи имале драстично намалување на ученици, и од МОН инсистираат веќе да има приемен па макар и 10 ученика да се плус од предвиденото.
    Сепак секоја генерација си е приказна за себе, ќе видиме што ќе биде во јуни.
     
    На Spicy71 и jabolceikruvce им се допаѓа ова.
  2. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Денес починал професорот по музичко Виктор Барбутов. ;(
    Многу жално.....млад и душа човек, на син ми му предаваше, работеше и во Корчагин.
    Лесна му земја, нека почива во мир ;(:u:
     
    Последна измена: 2 декември 2022
  3. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Да, за жал. Срце беше човекот, на никого не му го посакував тоа, најмалку па на него. Бог нека го прости : (
     
    На RockinIt и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  4. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Сите сме потресени од оваа вест. Ниту беше болен човекот, ниту сме губеле часови... Како гром од ведро небо, имавме час неделава, се најокеј си беше, најверојатно доживеал некој удар.. Како и да е нека му е светол патот во рајот и нека му е лесна земјата... :u::u:;(
     
    На RockinIt, ivcheslivche и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  5. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Да, од мозочен удар починал. Скоро сите портали веќе објавија.
     
    На RockinIt и ivcheslivche им се допаѓа ова.
  6. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Не ми се веруваше кога го прочитав статусот на една професорка од Орце. На само 42 години... Многу трагично и жално. Нека почива во мир ;(
     
    На RockinIt и ivcheslivche им се допаѓа ова.
  7. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ми беше еден од поомилените професори, но за жал Господ секогаш ги зема најдобрите. Нека почива во мир :u::u::u:
     
    На ivcheslivche, RockinIt и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  8. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    феминкиии, Зоки физика тешки/лесни тестови дава? Толку сакам да ја поправам оценката од кај Цеце така да морам на овој тест добро да направам, ама ни со Зокче не решававме задачи бидејќи сме изгубиле мн часови и немало време. Какви се вашите искуства за тестови/оценки кај него?
    ПС: се извинувам само јас досаѓам во групава|(
     
    На Irlandy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Може мислење од постарите? :D Полугодието е веќе на крај, сите оценки ги добивме скоро, барем повеќето од клас вклучувајќи ме и мене. Просекот ми е 4.69. Имам две 4ки (Математика, Физика ) и 3ка Географија. Дадов максимум што можам но тоа е, сепак сакам до крај да завршам 5.00, ќе вложам уште напор секако, очигледно ова не било доволно бар за овие предмети. Постарите сакам да ми кажете, дали овие оценки од полугодие би биле проблем за крајната, доколку си имам 5ки во графите второ полугодие, еве конкретно Географија бидејќи ми е 3 сега, дали ќе ми прави проблем за крајна оценка 5ка. Знам дека не е основно и не ги ставаат на лепе очи оценките, па да си прашам. Или ако веќе имам 3, максимум што може да добијам е 4 ;(. Инаку првата оценка ми беше 4ка Географија, имав само три 4 на тримесечие: Физика, Географија и Биологија. Малку сум трагикомична знам ама Биологија ја поправив, Математика добив 3 на полугодишна и ми рече не можам повеќе од 4 да ти ставам и Географија ми ја намали на 3ка. Неам 1ци и 2ки во графи по ниту еден предмет, па според оваа ситуација дајте ми чисто ваше мислење и совет ако може. Постари вака од школо што прашав рекоа индивидуално било, можело и да дадеш се од себе па на крај пак и да заслужиш 5ка да не ти ја пишат ако си имал пример 3ка на полугодие. Демек ги собирале сите оценки и НЗС правеле пр. 4,3 имам Географија и еве добијам 5,5 второ полугодие тоа искача 4.25 значи 4. ;(
    Инаку Математика ми е Раичевиќ, Географија Сузана :devil: и Физика Јагода. За чисто вака и тоа ако значи нешто бидејќи нели од професор до професор има разлика во оценување и критериуми. Фала ви :l:
     
    На ivcheslivche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Убаво што праша и јас се мислев за истово. Јас успеав математика 3ката од тромесечие да ја поправам во 4ка, се надевам 5 на крај. И мене просек ми е 4.70, со вкупно 4 четворки што се надевам ќе станат 5ки. :)
     
    На blackrose07 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    @ivcheslivche @blackrose07 Нема причина за паника девојчиња, прво полугодие е и прва година сте на сите ни се има случено тој мал "кикс" ајде да кажам. Поготово бидејќи од основно да не речам сите бевме навикнати на полабави критериуми плус две години online настава, па одеднаш нови професори, училиште си треба време дури се средат работите. И мене лани првото полугодие ми беше навистина напорно зошто директно од online настава и реално преспиено цело IX одделение седнав во клупа со сосем нови луѓе и нови професори секој за себе приказна. 3ки и 4ки на полугодие не се ништо трагично и е повеќе од возможно да станат 5ки на крајот на годината се разбира доколку вложите малку повеќе труд. Јас еве лани исто се плашев за Физика, имав прва оценка 3 од Цеце, па одвај поправив некако на 4ка во прво полугодие. На тримесечие во второ полугодие пак имав 4 па тука почна и штрајкот, ама бев упорна, одговарав, праев проекти, поправни тестови и на крај без проблем добив 5. За Географија што си прашала @blackrose07 може само да ти кажам малку повеќе да загрееш столчето второ полугодие, поокеј е материјалот, да учиш редовно лекција по лекција и да си извадиш две 5ки воопшто нема да ти прави проблем за крајна оценка, единствено може ќе бара да и одговараш пред крај и на материјалот од прво полугодие. Не е проблематична Сузана воопшто. Другиве две не ги знам што си пишала но со оглед на тоа што оценките не ти се подолу од 4 останува на тебе да учиш повеќе, за да ги поправиш не верувам намерно да не сакаат на крај да ти ја пишат повисоката оценка, ако си се потрудила. Ова генерално го зборам за најголемиот дел од професорите што ми предаваа лани и сега. Единствен исклучок е Софрониевска хемија, но веројатно не ти предава или немаш проблем со оценка кај неа. Таа на крај ги собира и дели сите оценки што ти се пишани во графа, и ретко прави отстапки за повисока оценка. Плус на крај година еве не дај боже и да ти останат една до две оценки пониски, ако класниот замоли поправаат и на совет. Барем во мојот клас лани имаше навистина покачување во оценки кај некои соученици, што искрено се изненадив, така да постои и таа опција што не е според мене многу оправдана, сепак личниот труд носи поголема сатисфакција кон самиот себе и кон професорот отколку попуштената оценка. Сега ни останува да уживаме во распустот, второ полугодие се ќе биде подобро. :D
     
    На ivcheslivche и blackrose07 им се допаѓа ова.
  12. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Falaaa mnogu za utehata :l::l:. Ke gledam da dadam se od sebe, ama golema panicarka sum. I za priemniot se utepav nervirajki se duri ne pomina i ne izlegoa rezultatite. Moze ponekogas i stresot mi vlijae negativno na dobienite rezultati, sho znam... Inaku Sofronievska mi predava, mozebi najgolemiot kiks so drugite ocenki mi e radi nejziniot predmet. Za da naucam za tie nejzini testovi i da dobijam 5 zapostavuvav se drugo i mozebi do nekade i poradi toa se sluci ova sto e. Barem imam 5ka kaj nea toa se tesam ne bese zaludno potroseno vreme. Sepak veke e toa sto e nazad nema :rofl:. Ke bideme pouporni vtoro polugodie haha.
     
    На ivcheslivche и Daisyyyy им се допаѓа ова.
  13. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Јас пак :D. Да ве прашам според вас дали е подобро да одам класична паралелка или во англиска билингвална. Прееска ми вика другарка во школо правевме муабет, сестра и е 3та година (класична паралелка) и кажувала демек во билингвалните полесно поминувале. Во кој контекст не разбрав баш. Ако може да ми кажете нешто околу ова.
     
  14. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Исто е според мене и таму и таму. За учење имаш секако, професориве се исти што предаваат и на класични и на билингвални. Со некои исклучоци минимални. Тоа што еден ист професор го бара на учениците во класична паралелка го бара и на тие во билингвална. Сега може на неа така и се погодило, да во нивната генерација имаат построги професори од тие што предаваат на билингвалните. Кај нас генерално скоро исто е. Постои разлика секако, но дали ќе биде потешко или полесно многу зависи од професорите. Еве јас сум класична паралелка, би ти кажала дека и меѓу класичните паралелки постои разлика во тежина. На пет класа класични паралелки пример кај нас во генерација предаваат три различни професорки македонски, англиски, математика, географија две се, небо и земја буквално, зависи која на кои ќе се погоди, хемија сите 4 професорки предаваат секоја на различни паралелки. Сума сумарум ако јас кажам дека ми е тешко, од друг клас може да кажат дека им е полесно, бидејќи имаат поразлична структура на професори. Мој совет е што навистина сакаш да одиш, тоа избери го, дали лесно или тешко, ќе ти биде ,однапред никој не би знаел, се дури не видиш со кои професори ќе си имаш работа. Можеш да отидеш билингвална, а на крај да ти биде 3 пати потешко, од тие што ќе бидат класична или пак обратно. Се надевам ме сфати:D
     
    На Spicy71 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Da istoto si go pomisliv. Bukvalno vo isto uciliste ne moze da ima koj znae kolku razlika vo tezina. Sega od profesor do profesor e razlicno sekoj razlicno si bara. Fala ti za mislenjeto :l:
     
  16. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Не е полесно исто е и таму и таму. Имаат по 1-2 построги професори и тие и ние во класичните и не им е нешто прелесно или пак на нас да ни е претешко.
     
  17. Eva.simon

    Eva.simon Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво :) сега сум 9то одд и многу се мислам помеѓу Орце и Корчагин па дали може да ми кажете ваше мислење,каде ќе ми е подобро?:^)
     
    На RaySunn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cookie18

    cookie18 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Орце
     
    На Eva.simon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се мислам помеѓу два смера ПМБ и ОХА, дали дозволуваат ако се предомислиш после II година да се смени? Видов дека во прва и втора година секаде се истите предмети, а од трета има различни изборни. Да знам ако не даваат да размислам поубаво:)
     
  20. ivcheslivche

    ivcheslivche Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Во прва ти даваат да бираш смер, но во трета можеш да го смениш доколку си се предомислила :)
     
    На Spicy71 му/ѝ се допаѓа ова.