1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. evche

    evche Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    Би можел ли некој да сподели искуство за писмена работа кај проф Маријана- македонски и како влијае на годишната оценка? Јас сум ужасна во пишување па затоа прашувам. Благодарам однапред:inlove:
     
    На Radmilla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. throwaway99898

    throwaway99898 Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали 4,6 - 4,7 е лош просек за крај година :(
     
  3. evche

    evche Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Неее, повеќето средношколци имаат и полош просек. Почекај до крај може ќе поправиш некои оцени :)
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка е да се запишеш таму кај што ти се запишува друштвото.
    Секогаш бирај идно образование според своите лични амбиции и желби. Пријателства допрва ќе градиш, без разлика дали во новото училиште ќе има или ќе нема некој што веќе го познаваш.

    Јас кога се запишав во средно имав само една другарка од старото школо.
    Продолживме да се дружиме и во средно, ама во трета средно го растуривме пријателството. И покрај тоа стекнав нови пријателства со повеќе луѓе, кои до ден денес опстануваат.
     
  5. evche

    evche Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас од цело мое друштво бев единствена која се запиша во Орце. Најреално ќе ти кажам, вториот ден веќе најдов до кого да седам и првата недела веќе се здружив, ама искрено мнпгу ми беше непријатно. Сега на скоро крај од годинава, скоро до цел клас зборувам и се дружам, а воопшто не сум екстровертна
     
  6. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Jas sum sega prva godina i mene mi predava bar do sea super sum pominuvala, zgora na toa i presrcka e profesorkava sigurno nema da ti staj losa ocenka na kraj radi ovaa pismena.
     
    На evche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Frau M❤️

    Frau M❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здр. Искуства со биологија во Орце?
     
  8. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Далеку од лош е, над 4.50 се ти е одличен успех. Има уште 2.5 месеци до крај на годината, така да ако имаш послаби оценки потруди се да ги поправиш, но и да останеш со овој просек не е ништо лошо и страшно. Генерално имаш шанси за упис на било кој факултет во иднина со добри резултати од матура:)
     
  9. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Јас сум годинава 9то одделение и во план сум да се запишам во Орце. Поконкретно во француската билингвална паралелка сакам, зошто ми ја препорача и наставничката по француски, а и јазикот ми оди доста добро па сакам да ја искористам оваа можност, доколку ме примат:)

    Имам неколку прашања до вас, ако сакате да ми кажете најискрено како одат работите. Читав на веб-страната на Орце, се тоа што пишува во врска со билингвалните француски, па ме интересира дали се тоа е така и во пракса, односно тие наведените предмети (физика,хемија,математика, итн..) се учат на француски или така само пишува?

    Друго што ме интересира е дали веќе кога е билингвална, француски јазик предаваат само професорите од училиштето или има и волонтер од некоја франкофонска земја? Така ми кажа наставничката ама не беше сигурна и таа.

    Постојат ли посебни професори што ги предаваат останатите предмети во оваа паралелка зошто на страната пишува дека треба да се со сертификат Б2 за француски, или истите се што предаваат и на останатите класови? И какви се отприлика ако може да ми кажете, дали убаво предаваат, начин на оценување, итн...

    Го гледав и тој филмот што е за училиштето, а ја следам и страната на фб, гледам дека има доста активности и можност за учество во проекти, тоа е навистина прекрасно. Се надевам дека се е така прекрасно и во реалноста како што кажуваат сликите и видеата :)
     
  10. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Iako ne sum francuska, sepak nekoi raboti znam pa ke ti kazam, moze ke ti se od korist, zoso ovde 3-4 ko sho gledam pisuvame po forumot pa ako se najde nekoj poveke so znae neka me dopolni slobodno. Ako si ucela francuski i znaes solidno ne se misli voopsto, pomal e toj klas okolu 20 i neso primaat zaso i generalno vo mn malku skoli niz Skopje se uci francuski, skoro segde e germanski, plus i vo Korcagin ima ista paralelka i nema neso epten navala taka da ke te primat. Francuski ne polagaa godinava, za razlika od angliskite kaj so imase pogolem broj prijaveni. Imas ucestvo na mnogu proekti, tocno, i golem del od tie se nameneti bas za ovie klasovi, do sea bea na 3-4 veke, iako mestata se ograniceni, sepak ke ti se pruzi moznost da otides barem na eden sigurno.
    E sea vo realnosta volonteri kolku sho znam ja nema nikakvi, si predavaat profesorkite po francuski sho se vo Orce, kakvi se nz zasho ja germanski ucam. Ne kruzat vaka glasini niz skolo deka se zalat od niv, valjda okej se.
    Drugo na francuski kolku so znam ucat i hemija mislam i istorija ali nekoi epten mali delcinja ili nekoi extra sodrzini nadvor od materijalot. Ova za istorija, hemija mislam poveke ucat. Drugo sho i dali ucat stv ne znam, i da poveke casovi imaat od nas msm poveke od denovite imaat po 7 casa, francuski mislam imaat 5 ili 6 casa nedelno. Toa malce e naporno ama drugoto vo globala okej e. Jas tolku sum upatena mozebi ti pomognav, nekoj poveke ako znae da ti kaze.
     
    На notloyal му/ѝ се допаѓа ова.
  11. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :l::inlove:
     
    На Pandy girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. evche

    evche Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ни јас не сум француска билингвална, така да што и да кажам може ќе те излажам ама еве мое мислење и што сум слушнала. Минатите генерации повеќе учеле на француски (колку е ова точно не знам), но сега се случува да предаваат повеќе на македонски зошто поголем број од децата што се во француската билигнавлна влегуваат во неа повеќе за проекти, не дека имаат толку големо познавање на самиот јазик, така што професорите знаат дека и да предаваат на француски, нема да има кој да ги разбере. Може грешам така да нека ме поправи некој. Историја дефинитивно е на француски ама за др предмети не знам.
     
    На notloyal му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш повеќе часови во неделата во однос на останатите класови. Тоа за почеток можеби ќе ти биде понапорно. Француски мислам од други учебници учите, на едно или две нивоа повисоко од оние стандардните за соодветната година. На француски се учат читај ,,учеа" (Хемија, Историја, Математика, Географија и Филозофија во IVта) зошто јас завршив пред некоја година, не знам дали нешто е променето. До детал се не предаваа на француски, но колку што памтам некои одредени теми да. Сега убаво пишале и над мене зависи од структурата на класот и нивото на кое ќе го владеете јазикот како клас. Не може пола клас да не знаат основни работи, а тие се да предаваат на француски. На крај ќе испадне пола да отидат на поправен ради тоа. Професориве во глобала се океј, Историја мислам Јасминка им беше на француските, не е некоја строга и премногу да бара, Хемија Сузе е океј исто, за разлика од другите по хемија најлабава е за оценки. Математика Анастазија не ми предавала, ама не сум слушнала и нешто позитивно искрено за неа. Географија Бети им предаваше на француски сигурна сум, ама на друга позиција е сега, па не знам кој ја менува и како предава. Друго мислам дека си учеа стандард на македонски. Проектите/размените се доброволни, но за да одиш мислам треба професор да те предложи, за тоа подобро е на почеток да се истакнеш и да покажеш заинтересираност и знаење нормално. Во втора година од моја генерација беа во Париз на екскурзија, тоа беше пред пандемијата, сега пост-корона не знам како е, дали повторно е воведена. Две недели беа, и престојуваа во француски семејства. Кроз магла ова памтам, уште нешто ако ми дотекне ќе ти пишам.
     
    На evche и notloyal им се допаѓа ова.
  14. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу на сите за одговорите, генерално дел од сликата која веќе ја имам во главата се потврди со ова што го кажувате, значи сепак си стојат до тоа што пишале на веб страната, тоа е супер. Фала ви уште еднаш :inlove::inlove::inlove:
     
    На evche и Pandy girl им се допаѓа ова.
  15. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
  16. Spicy71

    Spicy71 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова електронско пријавување, мислам од лани дека постои, што е целата процедура може ли некој да ми каже на кратко? Сите документи што се наведени треба да се сликаат и да се прикачат на таа страна или како? И потоа таа листа кога ќе излезе ги носиме во училиште?
     
  17. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Nema nisto slozeno. Eden den pred da gi prikacuvas, skeniraj gi ili slikaj gi, iako za da bidat pojasni najubavo skeniraj gi. Ne moras vo kopirnica da plakjas, simni Adobe scan na telefon i mozes direktno tamu da gi skeniras. Posle rang listata izleguva direktno na sajtot kaj so se prikacuvaat dokumentite i istite tie na toj datum so vi e pisan gi nosis vo uciliste. Ti trebaat svidetelstva od 6 do 9, izvod, drzavjanstvo (moze i ne mora mislam),prijava za upis, taa od stranata ke ja simnes i ke ja iskopiras i skenirana ke ja prikacis. Plus iako ne se barase mene postari mi kazaa deka nosele porano i potvrda za primeni vakcini, nemase mislam pole za da se prikaci, jas ja dostaviv koga gi nosev dokumentite i nisto ne mi rekoa si ostana so drugoto tamu. Valjda ne treba ako ne vi pisuva. Toa otprilika e.
     
    На notloyal и Spicy71 им се допаѓа ова.
  18. Sunrise007

    Sunrise007 Нов член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Јас сум сега 9 одделение и стварно ми е желба да се запишам во Орце билингвална англиски. Сега, ме интересира само од некој што е веќе во Орце за какви се билингвалните паралелки, дали е подобро/полошо од општите или нема некоја разлика? Бидејќи слушам некои муабети дека се само бубалици или "geeks" и алтернативци и дека е потешко по овие класови а од друга страна некои викаат дека има многу јаки луѓе и е дури полесно од општа и стварно не знам?
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Луѓе што учат или еве бубалици како што ги нарекуваш, имаш во кој клас и да се паднеш, реално последниве генерации како што влегуваме сите со 5.00 и не е нешто неочекувано. Ако ти е за децата конкретно во било кој клас имаш секакви, и такви кои не стануваат од книга, и некоја златна средина ,па и такви кои се скарани со книгата, но си имаат "грб" читај врски па си поминуваат како-така. Јас сум во општа- класична паралелка кажи ја како сакаш, тежината е таа горе-долу, класични и англиски, нема некоја голема разлика, на француската повеќе попуштаат искрено. Во англиска се поштедени од Хемија, не дека не учат, учат и тоа на англиски, но пример професорката им е поокеј, Географија исто е различна професорка на класичните и на билингвалните и Физика мислам. Друго во глобала може било кој од професориве што предаваат во класична да се погодат да предаваат и на билингвална, така што тежината кај останатите професори е таа, исто бараат и таму и таму, се зависи од професорот. И мене ми велеа да одам билингвална, сепак не отидов, и океј ми е и друштвото и класот, билингвалните исто океј се децата, се дружат и таму. Професори како професори, секакви има, зависи на кои точно ќе налеташ ,но сепак каде најмногу сакаш и сметаш дека ќе ти одговара запиши се таму. За дружење, барем за во школо ќе најдеш некој секако, има океј деца.
     
    Последна измена: 30 април 2023
    На Sunrise007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blackrose07

    blackrose07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Malku podocna ti vrakam, ali ima vreme do upisite se nadevam ke ti bide od polza.
    Vo vrska so angliskata, jas sto imam drugarki tamu, bidejki jas sum vo opsta, ne se zalat deka im e mnogu tesko. Ne ni ucat so nekoi apla bubalici da kazam, ama si ima vo sekoj klas takvi, pa i vo mojot, so si odat na natprevari, zemaat nagradi i sl, no ako si ucis tie nema da se nikakov problem za da se istaknes. Osven Hemija sto ucat na angliski drugo se im e na makedonski, a angliski od eden level poteska kniga ucat, ama angliski ko angliski, ako imas osnova i znaes toa ti e najmal problem.
     
    На Sunrise007 му/ѝ се допаѓа ова.