Колку и да ти изгледа трагична ситуацијава, не е ништо страшно Ова на Анета и е рутина и тоа секогаш во септември. Во прва година истото ни го направи и на нас, и колку и да ја мразиш во моментов, барем ќе научиш неверојатен фонд на неправилни глаголи, ако не друго од страв да не ви даде пак вакво ливче, па редовно ќе си ги повторуваш Колку што се сеќавам немавме второ ливче со неправилни глаголи (од причина што поголемиот дел од класот ќе ги научи како што реков, па ќе мора и висока оцена да падне, а тоа нема да ве исплаши доволно нели). Како и да е, ако на усните испрашувања и тестови си добиеш високи оцени, кецов нема да ти ја намали оцената, па на полугодие ќе си добиеш оцена што си ја заслужуваш реално
офф лелее ... од сеа секој ден глаголи повторување.. учење . бла бла .. аии несмеам сеа да се предадам
Леле моја грешка, погрешно сум ја слушнала. Океј 20 глаголи, втора група, сега за сега две неточни Вики нема откажување, веќе сме почнале по овој пат и ке го изодиме, ке се докажеме дека можеме да успееме. Верувај, можеме! Ова е само почеток, а тек следните две/три недели
Не се секирај Вики денес Анета кажа дека ќе има уште еден поп квиз за кратко време. Така да ќе имаш можност да си поправиш Иначе би сакала да прашам ако некој од втора или трета година знаат по каков принцип ги прави тестовите Душица (по македонски)? Ни се ближи тестот па затоа се прашував ако некој може да ми каже дали има некои трик прашања и такви ствари. За учење секако дека ќе си учам ама сакам да знам онака чисто информативно Фала ви однапред
маче мое, ич да не береш гајле, сега плачеш зашо имаш кец после ќе плачеш кога нема да ти предава, исто како мене мене ми предаваше анета, кај значи добиваш знаење ептен, кај не испрашува нешто тешко, не се тестовите нешто тешки, жената е цар знае да разбие монотонија се ти е средено во тетратче петка чиста за оваа професорка... напочеток никој не ја сака, сите мислат дека е строга а за оценкава нема кец да ти остави па што сака нека биде давам глава јас, или ќе даде поправка некоја ако цел клас има лош резултат или поединци .. ако нешто друго се интересираш за некој професор, прашај
-Анета кул жена имам пишано за неа -Сузана исто кул, топ и се најдобро, не е тешко, испрашува ама ништо страшно, некад знае да откачи со некој хеви метал али интересна е -Лиле - најбољи, разбирлива на испрашувања, сака да ја следиш на час, ќе седнеш еднаш у една тема све убаво е изнаучиш без трема и сака петки да става -Цеце - не ја сакам тие ми предаваат(ле) ...
Си добив петче на тестот и сфатив дека не ги прави по многу тежок принцип, океј професорка е Spoiler Ако не се пофалам јас не сум жива
Луѓе може мала помошш. Утре правиме тест англиски кај Анета, а слушнав дека денес правеле некои класови па ако може ако знаете кои синоними ќе ги има да ми кажете. Ве молам! Ви благодарам однапред
Овие се синонимите што треба да се употребат или за нив да најдеме синоними? Знам дека замарам ама сите што ги знам I7 i I6 рекоа дека бил многу тежок. Инаку мноу ти фалаа
Овие требаа да се заменат малку касно палам абе беше прилично тежок мене ми беа најтешки тие со членовите а ан и д ..
Испитните недели во Орце се во тек, таман мислиш завршиле и ќе ти тупнат пак некое тестче. На арно нека е
Е а може некој да ми каже што е во прва во Орце дали ја разбра Душица македонски што ни рече за псимената? Нели рече првин слободна тема, па сега на крај рече ќе не ограничела некои насоки ќе ни кажувала? Сега не ми е јасно ќе биде слободна тема или она ќе ни го каже насловот??
Нас на почетокот на октомври ни рече дека ќе биде слободна тема за да види како размислуваме нешо така. И од тогаш ни нема спомнато ништо.
zdravo devojki ete vaka jas sega sum osmo i razmisluvam da se zapisam vo orce belingvalna i me interesira kakvo e vaseto mislenje i kakvo e drustvoto bidejki ne sum od skopje i nemam nekoj poznanik koj ke odi vo orce ps. gi procitav komentarite no ako ima uste nesto.. [mod-kirilica:37364013][/mod-kirilica:37364013]
Јас сум билингвална и е супер. Друштвото е супер, нема да погрешиш ако одиш билингвална. И професорите се фер, ако се однесуваш добро и они со тебе ќе се однесуваат фер. За разлика од тоа што другарките ми викаат како е во општите блилингвалните се супер. За друштвото се зависи што тие втор јазик. Ако ти е француски тогаш децата ќе биде од подалеку (ѓорче, аеродром) а ако си со втор германски тогаш претежно децата ќе бидат од карпош. Ама сите деца се дружељубиви, јас имам другарки и другари скоро од секој клас. се надевам дека помогнав. Ако сакаш уште нешто да дознаеш слободно прашај
па во основно учам француски но баш и не ми е јака страна па сакам да прашам дали германски почнуваш од почеток или продолжуваш