1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. A-n-c-i

    A-n-c-i Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    уфф :tmi: . а учебниците испрасуваната на англиски се или.. :)
     
  2. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Не. Учебниците се на македонски само учебникот по англисики е за втора година. Испрашувањата се на македонски. Всушност освен хемија и физика јас ништо друго не учам на англиски. Ама се зависи што професори ќе ти се паднат.
     
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Голем дел од професорите што предаваат на англиски, не знаат баш многу добро, дури се случуваше да слушаме работи како: who want tell me something (што не е ни правилно ама ај) и после името на лекцијата демек на англиски, а тоа врска нема xD
    Математика, хемија и понекогаш физика си учев на англиски, другото послабо.
    И не, нема други учебници, истите се како и другите паралелки.
     
  4. A-n-c-i

    A-n-c-i Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    фала ви многу на сите , навистина ми помогнавте и разјаснивте некои работи :)
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Да си шкртнам впечаток од првото полугодие и досегашниот престој во зградава, повеќето време поминато на Г-то, низ ходници и училниците на Орце. Без филување, комплименти, честитки, поздрави и така до недоглед.

    Орце е многу тешка гимназија, стајте акцента на тоа тешка, да не речам најтешка. Учиш додека не те заболи гз од седење, по цели ноќи останување, у 3 саат стануваш да учиш и у петок вечер повторуваш за следната недела. Сеа за секој различно, јас целев за одличен ученик и ова ми налагаше да го правам.

    Професорите што ми се паднаа у бил. англиска паралелка беа супер. Значи навистина ми се паднаа екстра професори, фини, помалку строги кога треба, нема попуштање за отцена, мора да заслужиш. Според мене и како мене ме третираа професорите беа фер настроени.

    Друштвото, ооо друштвото. И сеа кога си отидов од таму уште патам по тоа друштво и колку се приврзав за нив за тоа кратко време. После часови дремевме у парк, бегање од часови за во Бела или Жапон на кафе и цигара, најубавите тостови од Сласт. Убави денови беа тие.. многу спомени закопав у дворот на Орце.

    Збор-два за професорите (не)заслужено. :D

    1. Лилјана Џугуманова - Биологија. Класна ми беше, многу добра жена. Како класна - срцка. Ни одложуваше тестови, оправдуваше неоправдани, постојано молби, поплаки, ветувања дека следното полугодие ќе се поправиме, таков ми беше класот.

    2. На почесно второ место ќе ја ставам милата, ем драга - Душица македонски. На почеток ќе биде бабарога, ќе има плашење за испрашување, и ќе го даде првиот најлесен тест ама потоа.. :x поставува двосмислени прашања. Ги одржуваше најинтересните часови во кои беа вклучени сарказмот, иронијата и дирекно или индирекно исмевање. Цар жена, безобразна до коска, на културен начин.

    3. Зоран по географија, со самата појава ми беше смешен. Среда последен час имав географија, во еден час предаваше цела тема, и нормално утре дента имав прв час географија и ја испрашува целата тема. Бидете само мирни кај него на час, учете ги лекциите до точка и ќе извадите добра отцена.

    4. Ииии четвртото место за г-ѓа Благуна по германски |( . Оо господе колку ме плаши со нејзиниот поглед и со црната сенка на очи. Одвај чекаше да помине часот и да си отиде. Лесно се вади отцена кај неа, напрај добар тест и ете.

    Од останатите..
    - Анета англиски - немам некој посебен впечаток за неа фер беше и добро предава.
    - Катерина по математика што дава у две недели четири теста, утепува со тестови за на крај со нзс да ти извади 3-ка.
    - Горан физичко не го поднесуем, а ни тој мене.
    - Ликовно неам поим како се викаше, битно менуваше расположение во рок од 5 секунди.
    - Информатика Доказа најдобра професорка у Орце, моли да одговараш за да ти поправи отцена.
    - Хемија Толева - не го сакам предметот, не му придавав значење, не учев и не се замарав, тоа време идев на кафе.
    - Бети физика - најмила професорка шо со насмевка ти става кец.

    У кратки црти тоа е тоа за школово. Интересно е у секој случај на часови, после часови и за време на часови, децата се екстра и се наоѓа многу добро друштво барем од досегашниве искуства. Само ако мислите да забушавате, да помувате на стара слава, со еднаш прочитана лекција и ве фаќа мрза за учење, ако сакате деновите да ги поминувате у дружба и на фејс, ондак Орце не е за Вас, бегајте подалеку од Илинденска.
     
  6. A-n-c-i

    A-n-c-i Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Па во основно сум одлична се надевам дека ке се прилагодам .. :wasntme: . А кога е приемниот за бил. англиска ? :$ :)
     
  7. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    па прво ќе се упишеш па ќе има листи дали си влегол па мислам крајот на јуни е тестирањето :)
     
  8. A-n-c-i

    A-n-c-i Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    aham :?: . A ako ne go polozis priemniot te prefrlaat vo mak. paralelka??
    (samo prasuvam, malku zamarama ama.. :?: )
     
  9. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да ако го паднеш тестот те префрлаат во македонска паралелка
     
  10. dgirl

    dgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    8
    Испитот одприлика што содржи?
     
  11. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Инаблад, мислиш ли на Зоран Личков?


    А Кате си е иста Кате.Ни дава 8 различни теста за 3 теми во рок од 2 недели, и тестовите ги добиваме на крај на година затоа што нема време да постигне се.
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^ Па не знам као се презива, али еден и единствен е у Орце што предава цела тема за еден час. Мислам дека тука беше привремено само за прво полугодие, така викаа. Ама колку што знам сеуште предава.
     
  13. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    ^^ И мене ми предава волот нажалост.Лекциите ги предава за еден час или па кога е расположен брза да заврши со 3 страни лекција за рекордни 25 мин. и да му остане време да испраша некој среќник.Става 2 (најмногу 3, ако му се смешкаш) на такви црни денови, а често ги има.
     
  14. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    Најверојатно си прва година, а и да не си како и да е, орце не е тешка гимназија дај прифатете, јас сум солиден ученик со не големи тенденции кон учење, точно е во прва година тоа дека сите ти викаат :o :o УЧИШ ВО ОРЦЕ?!?! мора да не си спиен 10 дена, кога јадеше? седиш ли воопшто на фб? значи прво полугодие во прва година мислиш дека светот ти се срушил што и мање више така е, ама натака е боза, дајте луѓе треба неандрталец да си да си да не ги научиш тие предавања, се е познато се е од основно, само се доградуваш. мислам дека овие муабети ги вадат секогаш прва година за тешкоста на нашието најубаво орце, ама прво според мене тоа се деца со тешки дебили наставници од основно, без основа, без работна навика, што сакаат 10 дена ХОП да си се ладат и коа ке им спрцаат 3 теста у недела праат фрки собираат потписи ,одложуваат тестови се жалат по министерства, ти и да имаш 50 страни сигурно не ти ги предадоа за 2 часа, така да се се постигнува со редовно учење дневно ти е доволен еден саат за да повториш се и пред тест 2-3 саати со оглед на разбирањето на предметот.
    во орце имаш златни професори (мање више) спремни да објаснат, сјајни друштва и многу дружење, се што на многумина им фали е организација на време и учење само на битните работи, е ова е формулата на орце.
    и П.С крајно сум разочарана од невоспитаноста на прва година 2011/12 што дојода, КРАЈНО - безразлика што сум втора, јас знам како се однесувавме ние лани како овие сега, и ова не е само од мене и од втора туку општо познато :*
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^ Ако ти си учела за прелазна отцена, ондак не ти било тешко. Јас учев да ми бидат сите петки, колку и преценувачки да звучи. Не го оспорив никаде фактот дека е екстра гимназија со супер друштво што доден денес многу ми недостига и екстра професори. И да, првото полугодие е тешко, многу.

    Не го зборам ова од други што ми кажувале, туку од искуство.
    Така да.. тоа што сум го преживеала додека бев таму, тие денови у Орце ги интерпретирав у предходниот пост, тоа е мое индивидуално мислење, не зборам ја у име на цел клас или генерација, има и позитивни и негативни работи.
    Јас така мислам и не може да ми се смени мислењето бидејќи бев, видов и си отидов.
     
  16. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    Oкеј тоа е твоето искуство :) , моето не е такво и многу ми е мило зошто мене деновите во орце ми се супер и ретко имам потешкотии со било кој дел од материјалот освен физика и математика за понатака ќе видиме што и како. иначе не се борам за прелазна, лани со и една 3 и 4 поминав по гореспоменатите предмети :tmi:
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    И јас учев да ми бидат сите петки, и сите ми беа петки сите четири години :)
    Не дека беше лесно, ама не беше ни толку тешко за да немам социјален живот и цело време да висам над книга.
    Времето поминато во гимназијата ми беше супер инаку, среќна сум што направив добар избор за средно.
     
  18. A-n-c-i

    A-n-c-i Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Пишуваш во други постови дека ти си целела да бидеш одличен ученик со сите петки, а наведуваш овде дека хемија не си перцепирала и си одела на кафе за време на часот. Драга моја, тоа така не иде. После професорите ти биле криви и гимназијата била НАЈТЕШКА. Јас завршив во Орце пред три години. Ниедна ноќ не останав до 3 за да учам, никогаш не бев ненаспана ради школо, никогаш не пропуштив викенд, имав дечковци, имав друштво и од школо и од страна и со сите имав време и надвор од школо пак да излезам и да се видам, имав време и за кафе после школо и за 3 саати утепани во школски и за се. И бев скроз одличен ученик (освен една тројка, во трета година :devil: ). И да, немав ниедна врска во школото, ако некој си го помислува тоа во моментов. Ама од друга страна, бев редовна, не бегав од часови, 3-4 предмети што ми беа поинтересни ги учев на час, другите ги читав дома. Не можеш да ме убедиш дека проблемот е во гимназијата, а не е во тебе. Пола од овие професори не ги знам некои нови се, али не е ни битно кои сака нека се, во секоја генерација има најмалце по 2-3 што се прават јаки и замараат и со непотребни глупости, така да не е дека јас или било кој друг поминал полесно заради различните професори. Се е индивидуално, не викам не, ама дека ти си вложила се што си можела, не си верувај. Или имаш премногу лоша организација на време. Немој да се навредиш од ништо, најмалце ми е тоа целта, ама вакви глупости нема потреба да се шират за гимназијата. Строга е, тешка е, ама дека 4 години ти крв ќе проплукаш и дека ќе немаш социјален живот, не е точно.
     
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^ Чекај бре. Зошто сите би мислеле дека таму тече млеко и мед?
    Од моја гледна точка, си го кажав горенаведеното. Јас сакав две у едно и да имам социјален живот и да бидам со сите петки. Е сеа мерак ми беше со друштво кога ќе се собереме да избегаме од некој час и не ми ставаа пониски отцени заради тоа што сум била отсутна неколку пати, надокнадував со лекциите.
    А за хемија.. види вака ја не учев два предмети и ги оставав секогаш на крајот, така беше и со физика и хемија. Никогаш не ми оделе, не ги сакав, колку и да им посветувам внимание и тие ми беа и добар дел од причината што не останав таму.
    Океј, може виновна сум што и немам некоја организираност. Како и да е тоа ми беше впечатокот од таму, а ваше си е секој да си го брани школото во кое учи и да зборува за него у суперлатив.