Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС Гимназија „Орце Николов“ -ваше мислење?

Дискусија во 'Образование' започната од white.kitten, 27 јануари 2011.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А зашто па да се збори дека е најтешко на целиот е*ан свет кога не е? Мед и млеко не тече у ниедно школо, затоа што е ШКОЛО. Јас не го бранам Орце воопшто, да имав пак избор може ќе се запишев, а може и немаше. Ако го бранев школото ќе се куропецав дека Е најтешко, демек woooooow ја завршив одлична у Орце, па таму е најтешко, ја сум капацитет браво за мене. Гимназија како гимназија, учиш имаш добри оценки, не учиш немаш.
     
  2. Smileee

    Smileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    12
    Сакав да ве прашам како е во Орце..8мо одделение сум..сакам да се запишам во Орце Николов..општи смер..па ако може малце да ме упатите..да ми кажете нешто за професорите кои што би требало да ми предаваат..поздрав :*
     
  3. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Ако имаш добра основа од основно ќе ти биде многу полесно. Значи Орце е едно од најдобрите училишта. Прво се бара дисциплина на часовите, соработка со професорите, носење униформа и така натаму. Што се однесува до учењето прво полугодие ќе ти биде многу тешко, што е нормално. Нови професори, нова средина... Прво полугодие, јас учев премногу и не се каам за тоа, на полугодие завршив скроз одлична со пофалба од класниот совет. Се разбира покрај учењето имав време за социјален живот и излегував со другари, другарки. Бидејќи прво полугодие се стегнав сега ми е многу полесно, научив кој професор што бара, им оставив добар впечаток, често сум ослободена од тестови, но и понатаму редовно учам. Професорите се океј, сите викаат дека на билингвалците им биле подобри и било полесно билингвално, но не знам тоа се само муабети. Друштвото ми се погоди, нормално од 30 души најдов некои со кои се дружам повеќе искачам и ми се ок. Се на се јас лично не се каам што се запишав во гимназијава. Иако е построго од другите ќе имам многу добра основа за факултет а исто таака и децата се нормални и ок :P :)
    ИИ да заборавив ако немате намера добро да го загреете столчето и да учите, туку целта ви е само да се фалите дека учите во Орце и имате униформа подобро не се запишувајте. Ќе си имате големи проблеми и ако наредите многу слаби може и на полагање да одите и ни класна не те спасува ни директор :)
     
    На Ami.2001 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    а каков треба да ми е просекот од основно и колку бараат таму да се учи?
     
  5. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Се бара солидно учење, ама и нудат знаење, а богами и доста бенефиции и добри услови. Просек, сите петки затоа што секоја година има се' повеќе конкуренција. Последните неколку години имаше одбиени дури и во првиот уписен рок, што значи втор и трет не се ни одржува.
     
    На i-am-who-i-am му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Ахххх Орце ..... убави средношколски денови :)
    Топло препорачувам на сите што се мислите дали да се запишете или не во Орце да го сторите тоа бидејки како што кажаа предходното другите фомуџики навистина е едно од најдобрите школи ако не и најдобро во секој поглед.Секое школо е тешко за тие што не учат така да не може да се збори за тоа тешко е школото професорите нечинат ..Јес да јас одамна завршив таму и сега верувам повекето од тие мене што ми предавале се отидени во пензија па не можам да зборам кој е добар кој не е добар само едно треба да знаете дека во секое школо има ок професори и има професори што душа вадат :D:D:D
    Oд таму навистина ке излезете со солидно знаење кое ке ви користи кога ке се запишете на факултет , на кој му е за друштво можам да кажам дека барем во мојата генерација навистина имасе добри деца прибрани не некои од одма избркани :D:D:D:D
    Се на се ако е Орце пола од тоа што беше јас кога учев таму деф вреди средношколските денови да ги поминете во него :)
     
  7. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    За сите оние кои се заинтересирани за упис во Орце, во сабота има отворен ден, мислам од 10 до 14 часот. Ќе делат флаерчиња и ќе можете повеќе да се запознаете со школото :D
     
  8. New--York

    New--York Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    за орце николов слушнав многу од другарка ми.таа вели дека таму било супер наставниците биле океј аа и друштвото било супер само на почетокот ке ти било малку потешко бидејќи треба да се покажеш колку учиш а понатаму се било океј :)
     
  9. this..is-me

    this..is-me Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    јас сакам да се запишам во орце во билингвална на англиски.. ме интересира дали тестот се прави за тие кои имаат исти поени или за сите доколку има повеќе пријавени.. исто така би сакала да знам што има отприлика на тестот..и бидејќи јас сум по натпреварите дали во орце ги спремаат доволно учениците за натпревари (математика на пример) .. ви благодарам однапред :D
     
  10. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Англиски тестот го прават сите без разлика на бројката. А за натпревари има. Математика послебно беа многу ученици на кенгур, и државно мислам. Незнам за други. На тестот имаш се значи повтори reported, passive, кондиционали, се од граматика :)
     
    На this..is-me му/ѝ се допаѓа ова.
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Да да има многу натпревари по математика, а и по физика, историја и по некои други предмети :)
     
    На this..is-me му/ѝ се допаѓа ова.
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ај да напишам збор-два за Орце, малку да им помогнам на збунетиве полуматуранти и полуматурантки.
    Јас сум во билингвална англиска паралелка и тука ќе напишам повеќе за билингвалните паралелки, како и за професорите што предаваат на билингвалните паралелки и тестовите што ги даваат. Прво и основно сите мораат да го полагаат приемниот испит. На тестот имате основни работи, вокабулар и граматика како Reported Speech, Passive итн. Не е толку тежок тестот ако имате веќе добро познавање на англискиот.
    Сега малку повеќе за професорите:

    Македонски јазик (Душица Стегњаја) - Многу ми е жал што нема да ја запознаете бидејќи си оди и нема веќе да предава наредната година. Сеа некој се прашува зошто пишувам за неа кога си оди, ама срце не ми даваше да не пишам два-три збора за неа. Најјака жена. Со неа годината ќе ти помине додека да трепнеш. Ако те засака на почеток петки ќе си имаш, ако не.. Мисли му ја :D . Обожава да ги за*бава луѓето. Ако те фати у ќорсокак има да те за*бава до бесвест :lol: . Ваква жена не се раѓа двапати и жал ми е што си оди и нема да имате прилика да ја запознаете.

    Математика (Катерина) - Има голема веројатност да ви се падне класна ако се запишувате во билингвална паралелка. Супер жена. На почеток можда ќе ве заплаши, демек да учите, сите задачи од збирка да ги решавате инаку нема петка, ама после ќе видите колку многу попушта. Е сега единствена маана и се тестовите. Во последните три недели ќе ви даде три теста, кои ќе ги прегледува до 10ти Јуни. Е во прегледување е многу бавна. Тестовите не и се многу тешки, сега зависи ако на некој му оди математика лесни се, ако не..

    Англиски јазик (Анета Гајдарџиска) - Женава убива со сарказми. Ѕвер жена нема што. за предметот нема што многу-многу да кажам. Учете си на почеток и ако направите две петки и една четворка нема да го правите последниот тест. Тие што и се како pop quiz се многу лесни и ќе правите две во годината, така да важно ви е на тие да извадите петка. За усно испрашуваше треба да знаете повеќе синоними и фразални, не само по еден. Тестовите и се секогаш гадно заебани, среќни сте ако извадите четворка. Кај неа нема многу попуштање. Оценува на класичен начин, ги собира оценките и ги дели со вкупниот број оценки за тоа полугодие.

    Биологија (Лиљана Џугуманова) - Мојата класна. За предметот си е строга, бара многу знаење. На тестовите има многу ситници, значи повеќе ќе треба да учите ситници отколку важни работи. Нас никогаш не не испрашуваше, дали дека ни беше класна не знам, ама мислам дека и другите не ги испрашуваше. Кај неа се учи од тест за тест.

    Хемија (Виолета Толева) - Кај неа си се учи од тест за тест. А дојде, цел час предава, никогаш не испрашува. Тестовите ви се исти како материјалите што ќе ги праќа на меилот на вашиот клас. Дава исти тестови како на претходните години. Затоа ако на некој некогаш му треба тест од прва година, слободно нека ми прати ЛП. Истите ги дава, само може да ги измеша прашањата, на пример тоа што е прво да биде трето и слично. За оценки попушта и може секогаш да се поправа.

    Физика (Бети) - Секогаш си е насмеана. Нема многу подробно да ви објаснува, ама па затоа ако имате кец на тестот можете да го поправите на петка :D . Така да не се секирајте многу многу за физика. Никогаш не испрашува и треба да ги учите само болдираните работи во книгата, никако цели лекции.

    Германски јазик (Благуна) - Благунче мило си нема појма германски :rofl: . Ама озбилно. Само ќе ви пишува зборови од речникот и ќе си дремете цел час. Многу е страшна, изгледот и е катастрофа. Ама затоа тестовите се лесни, цел тест го кажува пред почеток на час. Дури и да ја прашате во тек на тестот ќе ви го каже одговорот. Само да не ве фати да препишувате, кецот лета во дневник. (Истото важи и за биологија заборавив да спомнам).

    Историја (Љубиша) - Срцка човек, има разбирање за сите, и самиот завршил во Орце па ги знае маките. Нема потреба да учите историја може само да го прочитате делчето што ќе ве праша и ете ви плус за петка :D . Многу попушта и нема да правите тестови кај него, не се секирајте.

    Географија (Бети) - Беше на породилно и на нас ни се врати во второ полугодие. Супер си е жената, ама си сака мноогу дисциплина на часот. Ако одговарате усно, ќе ве ослободува од тестови и од часови кога ќе ги испрашува другите. За оценки не попушта многу многу.

    Музичко (Сузана) - Нема многу што да се каже. Ќе ве заплаши демек да учите, ама се што треба да направите е кога ќе ве праша да си ја читате лекцијата од учебникот и петка ќе ви стаи :D . И да, ќе мора да запеете еднаш, ви нема спас :D .

    Ликовно - Женава не знам ни како се вика. Ќе ви предава на почетокот и ќе ве тера да ги учите лекциите, ама нема да ве испрашува. После веќе ќе и се смачи и само ќе треба да и цртате. Не оценува за убавината на цртежите бидејќи е свесна дека секој нема талент. Е тоа ми се допаѓа кај неа.

    Инфорнатика (Доказа) - Леле бегајте од женава. Толку е досадна и сака да ви го задржи вниманието што дури и се заканува, ама никогаш заканите не ги исполнува. Многу, многу иритирачка жена.

    Спорт (Горан) - Мојот најомразен професор од цело Орце. Ќе ти стаи тројка и ако му напраиш 100 склека, само зошто така му се сака. Одвратен човек не можам да го поднесам :puke: .

    Не се плашете од Орце, воопшто не е тешко, посебно во билингвалните паралелки. Само два теста неделно смеете да правите, а и професорите прилично попуштаат, така да релаксирано си е. Немојте да ве плашат со тоа многу се учи вака така, дури и во јбт повеќе учат од нас. Озбилна сум. Ќе има време и за дружба и за фејс и за учење. Ќе запознаете прекрасни деца, дури и ако сте сами и никого не знаете од клас, како што бев јас, за две-три недели ќе си најдете супер друштво. На почетокот може малку ќе се изгубите во друштвото, ама по два месеца, ќе го најдете идеалното за вас.
    Моја препорака: Учете на почеток, после ниту еден професор нема да сака да ви ги расипе одличните оценки. Размислете си уште еднаш и со среќа :) .
    Се гледаме во септември :*
     
  13. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Oвие се стандардни професори за двојазични паралелки???
    Прашувам зошто братучед ми планира да се запишува, па го интерсираше.
     
  14. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Професориве предаваат на билингвалните англиски и француски паралелки. Доколку сака да се запише во општа паралелка (наставата се следи на македонски), тогаш 90% од професориве нема да му предаваат (можно е да му предаваат ликовно, музичко или спорт).
     
  15. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Фала за одговорот, ќе му пренесам :)

    Инаку, ме интересира кои предмети ги следите на англиски. А да, и професоите цело време предаваат,даваат тестово и испрашуваат на англиски, јас баш не верувам дека сите се способни одлично да зборуваат? :)

    п.с. учебниците ви се на англиски
     
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    ^ Хемија ни е стандард на англиски. Учебникот не го отворив цела година :D . Ни праќа материјали на англиски, на заедничкиот меил на класот и тестовите се исклучиво на англиски. Би требало на англиски да изучуваме и математика, биологија, физика и географија, ама они еднаш на почеток на годината ќе предадат една лекција на англиски и толку :D . Учебниците по сите предмети ни се стандард на македонски, освен хемија како што кажав. Аир од паралелкава е што повеќе се учи англискиот, поголемо значење му придаваат професорите по англиски. Иначе се си е нормално како во општи паралелки :)
     
  17. Smileee

    Smileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    12
    Луѓе а пријавата од каде да ја најдам?Таму ќе ни даваат или..?Затоа што во некои училишта им ги дале,ама кај нас еве сеуште не ни ги дадоа,а и сведителства си земавме и се ..?!
     
  18. matus

    matus Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Nema poubo uciliste <33
     
  19. Smileee

    Smileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    12
    Ќе се самоцитирам :)
    Некоја од вас ве молам да ми каже за пријавите каде да се земат,или таму на лице место ќе ни ги дадат да се пополнат..затоа што од другите гимназии гледам децава земале,а пак мене ми е срам да отидам за да земам :lol: :)
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    ^ Смајл лани ни ги даваа пријавите на лице место, мислам дека и оваа година ќе биде така.