Јас по многу размислувања, двоумења, дилеми и трилеми сепак во Орце се запишав денес. Епа ај со среќа ни е на сите, се надевам дека ќе не примат.
И јас се запишав,али како за некој инат отидов билингвална,и мислам дека ќе усерам работа. Кој ѓавол ме тераше си се чудам,па уште ако не го поминам тестот кога ќе ме префрлат во општа ќе си пукнам од срам.
Јас како што сум си настаината до 22 има да се разболам xD Толку многу ми е страв тоа невидено нешто. Ама мене ми текна у 5 за 12 три дена пред уписите мене ми прдна нешто у тоа главетинава моја,е ај ако не билингвална да одам,и така еве си учам овие денови ама ми се чини дека ништо нема да бидне,ај ќе видиме
Вајлд на тестот лани имаше повеќе граматика. Значи сите времиња треба да ги повтори (сегашно, минато, идно и сите нивни форми). Колку што се сеќавам имаше и Passive, за Reported Speech не сум баш сигурна, ама нека си повтори. Vоcabulary колку што се сеќавам дури и да немаше, ама не знам што ќе биде оваа година. Гајдарџиска ти е луда жена, мења тестови секоја година . Нека си повтори ова отприлика и нека не се секира, тестот ќе биде полесен од што очекува
Да прашам, ќе ги има утре списоците на примени на страната на Орце на нет, или треба до школо да идам?
^ Не бе, ги има на страната, еве ставени се: Spoiler http://www.orcenikolov.edu.mk/component/content/article/17-statii/79-upis-2012-13 Примена сум иначе си се најдов, јее.
И ја се најдов на листата ме примиле Мене како ми имаат кажано дека минатата година и оваа година тестовите ги праќаат овие од министерство
^паа ја у 8мо книга не отворив пошто на 3 натпревари бев по англиски и наставничката нон стоп ми викаше немој не учи од книгиве ќе ти дадам скрипта ќе учиш од нејзе,ама еве сеа се стресувам. А моите по дома ми се чудат зашто толку се плашам ама ете некако..што знам
Мона лани знам мораше да идеме до таму за да дознаеме резултати. Што ги натерало да сменат поима немам Смајл не сум сигурна, ама мислам дека Гајдарџиска ги прави тестовите, а можеби и грешам. Она ни кажуваше колку лесен го направила тестот, како сите сме требале двојки да имаме, а јас си имав 5ка на крај Џастис, не мора да значи дека од четврта ќе ви бидат класни, можат да ви бидат, Кате математика или Бети географија, они не беа класни, се вратија од породилно годинава.