1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Па вака 8мо сум и се мислам да се запишам во Корчагин ама многу деца ми викаат дека таа била математичка....мајка ми па ми вика дека нема врска сите предмети биле исти , а од трета си бираш смер...добро знам дека е гимназија и дека се исти сите предмети ама викаат повеке барале математика незнам кај...и исто ако има некој таму ако може да ми ка=е дали е добра, какви се професорите, дали е шремногу строга итн...
     
    На j234b му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    И јас сакам таму, ама не сум сигурна.. Има некој стереотип, сите мислат дека е ептен строго.. Незнам ке разимислам..И ако има некој од Фемина тука што учи.. :*
     
  3. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    и мене ми е заради стереотипот...ке му спомнеш на некој корчагин и он :o таму све бубалици ..... :o
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Јас завршив во Корчагин пред 2 години, ќе зборувам за до тогаш, не знам сега колку се променило.
    Првите две години сите учат исто, во трета се определуваш за тоа што сакаш.
    За строго, е далеку помалку строго отколку што било на времето, ама сепак не е ни туку така.Ако не отвориш книга, значи не покажеш никаков интерес за предметот, ќе си седиш во јуни, па и август ако треба тоа сигурно.А ако те видат дека сакаш барем малку да научиш не е толку проблем.
    Се зависи кои професори ќе ти се погодат.Јас ја имав таа (не)среќа да ми се погодат постарите професори(сега дел од нив сигурно се во пензија) и тие всушност ја држеа строгоста.Ама затоа нив и најмногу ги сакав, од нив научив и како се учи и колку е битно да се учи.
    Значи, ако сте спремни да учите повеќе од основно одете, ако мислите како во основно едвај книга да отворите и тоа да ви е тешко...има и други гимназии.Ама Корчагин дава многу добра основа за факултет понатаму и работење.
     
  5. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    И јас завршив во Корчагин и можам топло да им препорачам на сите што имаат намера да научат нешто во средно, запишете се. А тоа дека е математичка гимназија, ја следи уште од времето ехеее, пред многу години. :D
    Се бара учење, редовност, концентрација на часовите ( зачудувачки, како и во другите гимназии :D )
    Има многу квалитетни професори, што имаат многу што да понудат.

    Ме револтираат сите тие стереотипи за Корчагин. Како ние додека сме учеле таму,да сме немале живот.. :?:
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас сум годинава матурантка, и кажав на Linn1 тоа што можам општо за професорите по порака, прашајте да ви ископира ако ви треба нешто. :)
    Корчагин е по мене како корчагинец убедливо најдобра гимназија, а на тоа укажува и матурата. :wasntme:
    Математичка била, важи тоа дека математика се бара и цени најмногу по мој впечаток, а и што сме збореле во друштво, плус нема професори што можеш да ги завитлаваш. Секако не е само таа клучна, има и други предмети.
    Строга е, збогувајте се со екскурзиите. Додека јбт лумпуваат во Белград, вие драги мои ќе работите лектира. :D Тек оваа година видовме една екскурзија сите, освен прва година чинам. Како што рекоа некои директорот морал да спроведе екскурзии бидејќи ниту една освен матурската и еднодневните за кои се тепавме да се десат, не се исполнувале.
    Професорите, најмногу од нив се строги, бараат и даваат знаење, некои само едното...има искомплексирани, има и неискомплексирани. Јас ќе си ја одвојам македонски, многу си ја сакам иако страв и трепет е на испрашување. :D Ќе се сретнете со оправдувања: па вие сте од Корчагин, како тоа да не правите полугодишен на 9ти јуни? И тогаш ќе сакате да го кренете школото во воздух, ама на страна од тоа ќе имате прекрасен помин во училишните клупи.

    Тој стереотип Корчагин бубалици и сите те гледаат на криво нека ве прави горди што учите во толку јака гимназија, и идете со нос у вис. :D Нема Корчагин бубалици само, барем не во последно време.
    Коментарот на CocoSumner е сосем точен, особено првата реченица. :)

    Да си кажам нешто непотребно за вас..
    Ми течат солзи кога го читам ова и кога ќе се сетам дека им доаѓа крај на моите средношколски денови.
    http://www.facebook.com/group.php?gid=2 ... 565&v=wall
    Мори ми ја зема младоста, и ми додаде килажа. :D Ах тој мајонез.
    Ова е од facebook:Знаеш дека си од Корчагин кога:
    1. Секој ден после часови дремеш у Мори или Барбика.
    2. Редовно препишуваш на тестови по Физика, Хемија и Музичко.
    3. Се соочуваш со напорните говори на Дамевски за „чаушот“.
    4. Доживуваш оргазам по секоја добиена 5ка (недај Боже у дневник).
    5. Имаш 7 часа математика во денот ако си ПМА.
    6. Три месеци по ред на Физичко „имаш добиено“.
    7. Кај Милка си добил/а плус со „малку многу“.
    8. Професор кажува виц, а ти го гледаш малку бледо.
    9. Од Јоцо имаш преслушано за вулканските купи меѓу Скопје и Крива Паланка.
    10. Секоја недела после 3ти час се сликаш за пасош/лична карта.
    11. Снуп Дог и свитата раперки го чистат ходникот.
    12. Одбројуваш секунди до Звонко Спасич.
    13. Поправаш оценки на 31 Декември/10 Јуни.
    14. Имаш БАРЕМ слушнато за клетите Пацка, Глобочка, Пепи и Поповиќ.
    15. Хронично си ненаспан/а.
    16. Дочекуваш викенд и петок 6ти час добиваш кец.
    17. Највисока оценка по Ликовно кај Лидија ти е 2ка.
    18. Знаеш дека Раде- Ликовно е стрелец од напред, а девица од позади.
    19. Знаеш у сон да кажеш колку е (А+B)2
    20. За секоја ситница се обраќаш кај семоќната Милка.
    21. Барем еднаш сам си имаш ставено оценка по Географија у дневник.
    22. Одбројуваш денови до идење на дводневна екскурзија во ПАРК.
    23. Носиш Coffee To Go на час по Право.
    24. Учиш за патронат.
    25. Живееш за викенд, а морално заглавуваш у кафана гз пијан/а.
    26. Микица ќе ти упати некој опасен прекорувачки поглед.
    27. Знаеш за Миле и неговите мистериозни дејности у подрумот на школото.
    28. Славиш Матура на 24 Мај (Државен празник).
    29. Го имаш запознаено Тихомир, ладнокрвниот пријател на Јоцо.
    30. Владица и праќа поздрави на мајка ти да ти купи бела маица по Физичко.
    31. Пиеш литар кафе дневно за да можеш да учиш цела вечер до сабајле.
    32. И после сите претрпени стресови повторно сакаш да се врати времето да си средно.
     
    На Squirrel и Linn1 им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Јас завршив таму, ама одамна беше тоа :D

    Тогаш беше природно-математичка гимназија, и мене ми предаваа сите озлогласени професори, баш пред да се смени ја фатив таа генерација - Душка, Ермина, Пацка, Глобочка (до душа не знам зошто Глобочка ја биеше лош глас), и преживеав :D
    Што е право Лепа не ми предаваше математика, ама затоа кај Лидија по ликовно се кршев од учење за на тест! И Пирга ми предаваше физика, а кај неа за решени 5 задачи на 2 листа што не ти се споени се добиваше двојка и тројка!
    Освен природните науки и математика кои ги сакав и пред средно, таму ми се создаде посебна жубов кон книжевност, благодарение на Роза по македонски. Такви анализи на дела ретко каде се среќаваат. Кога се запишав во средно не знаев да бекнам англиски зошто во основно таа што ми предаваше всушност имаше руски завршено, и никогаш не сум одела на курс, ама за релативно кратко време научив многу, а после полагав и матура англиски, па и приемен.

    Тогаш се купуваа книги на плоштад, и ако побараш за Корчагин - одговорот беше - немаме книги за бубалици!
    Ни тогаш не се кршевме од учење. Ама дека се ствараше добра навика за учење - се создаваше.
    Луќето беа ептен на место. Излегоа многу квалитетни деца, сега веќе луѓе со одлични кариери за нивните години.
    Мене друштвото ми е од таму, така што не знам ни дали има потреба да пишувам за спомените од дружбата. И сега секојдневно контактирам со многу луѓе од клас.
    И многу сум задоволна од тие 4 години таму. Не мислам само на дружбата, тоа веројатно го има секаде, туку и на квалитетот на образованието.

    Ќерка ми сега заврши прво одделение. За основно можеби и се мислев малку каде да ја запишам, ама за средно немам дилеми - ќе учи во Корчагин, а јас ќе најдам начин таа сама да ја донесе одлуката :D
     
    На tinan и nesa им се допаѓа ова.
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Глобочка, Пацка, Лидија и Роза се уште предаваат.
    Првите две во комбинација со Пепи се триото од Корчагин, така си ги водиме барем. :rofl:
    Душка секоја среќа што е во пензија, и предавала на мајка ми и иако не ми предавала мене, морници ме лазат. :D
     
  9. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    епа се запишав таму.....и шо е ова сите идат таму... :D колку луѓе знам од таму ехеее....бтв сефора која година ке бидеш сеа?
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Леле Сефора, ме врати назад во средно :D
    Јоцо исто нема да го заборавам по стапот Мирко :D , филозофија исто не ми текнува како се викаше, со кратка коса и ситна, а ликовно многу си ја сакав, само се малтретираше со тие пари за балет :D :D :D
    Јас ја имав среќата сите три години да ми предава Пацка, Глобочка да ми биде класна и Фросина да ми е сите 4 години математика.И не сум цинична кога ќе кажам среќа, навистина така мислам.
    Колку само Глобочка ни правдаше изостаноци и ни поправаше оценки, ехее :D :D Ама знам дека отсекогаш со свој клас била многу добра.
     
  11. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Корчагин било и ќе остане озлогласено училиште, искрено не е толку тешко како што преувеличуваат. само ако сакаш добри оцени мораш да знаеш дека треба да се загрее столчето и редовно да учиш. а за професорите секој си е приказна за себе.. на пр. имаш некои мн. јаки професори кои знаат и да ти објаснат и да ти помогнат, а имаш и некои кои знаат да те измачат. искрено мене ни предаваат и Пацка(страв и трепет за тие кои не се спремни за на час) и Глобочка(незнам зошто сите креваат паника дека е мн страшна) па сеуште сум жива. Старите професори главно си заминаа останаа уште неколку кои си ја негуваат својата репутација. а младите зависи кој како. има некои се добри фини (читај: се препишува ненормално многу и сите имаат 5), па има некои кои предаваат убаво ама и бараат многу(ама од овие стварно многу ке научиш)
    Во главно не жалам што сум таму и супер си поминувам :) а и добивам знаење
     
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Плукајте го колку сакате, нема подобро. Колку години е прво на матурата? Јас бев пеин ин ди ес и повеќето ме мразеа, но имаше... 5 професори со кои се сакав и ме сакаа, и до ден денес ми се особено драги и одам да ги видам. Јас 5 имав кај Пацка бе. 8)
     
  13. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    Имам најдобра другарка што учи во Корчагин..и гледајќи според неа..РЈК дефинитивно не е тоа што било..татко ми има завршено таму и како што ме гледа мене како учам а ги имам сите петки ми вика ја од книга не станував за 3че..само мат физ и хемија имал 5ки..што значи печен си бил за у рјк..и кога ке направам споредба со него и другарка ми има гооолема разлика верувајте..она не се замара дотолку сега многу јасно учи и завршува одлична со по неколку 4ки..знам дека и предаваат пацка и глобочка мислам нема да помине муабет за школо без тие 2 да се спомнат..и што? и кај двете има 5ки..кај таа физика глобочка учи однапред 2 недели за тест и вади 4-5 и за тоа може да предава физика комотно. А и пријателка на моите предава у рјк математичка анализа..самата таа си кажува најреално дека си бараат професорите ама не за џабе ке кажеш после завршив во КОРЧАГИН гордо..жената е не знам најјака а знам дека има доста такви професори у рјк бараат МНОГУ ама со добри намери..сега дека има искомплексирани КАЈ ГИ НЕМА?! ама им се восхитувам на оние строгите со намера да те научат нешто..а не овие дволични лица шо се кај мене-.- со исклучоци секако..За децата у рјк се најдобро знам доста и префини се..сиг заклучивте дека не сум од рјк но се можам да ви кажам за школото..за малце ја избегнав корчагинската судбина едноставно пошо точна е таа констатација дека е мат гимназија јесда има смерови..си ценат математика! а и имам доста блиски и од деца и од наставен кадар таму така да.. Нема да погрешите ако се запиштете у рјк..верувајте горди ке бидете кога ке бидете на факс..поздрави
     
  14. jumpermkd

    jumpermkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    дали можете да ми кажете кои смерови ги има во корчагин и дали треба да има претерано уценје за 5ки
     
    На Viktorija P. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spongeebob

    Spongeebob Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сеа завршив прва, ми се паднаа прилично лесни професори, али со некои си имав доста мака, само се заебав што не учев од 1ви септември, туку ми текна после првото полугодие дека сум у Корчагин и дека не е заебанција ко што си мислев, и се запнав ги поправив сите оценки колку што можев најмногу, поминав одлична (без врски, молење да ми поправат или сл..)

    Имам еден совет за првачињата: почнете да учите од старт и нема да имате проблемм :)
    Па ајде со среќа, се глеаме за неколку недели :)


    - и тоа што читам дека математичко било школото нема врска, јас цела учебна година ништо не научив математика (и тоа што го знаев го заборавив) пошто за (не)среќа ми предаваше Митруш и не се замарав барем по тој предмет, дури ни на часови не му идевме :D Сеа отиде у пензија оваа година, на сите им ги напумпа оценките, не добивме никакво знаење, се плашам од септември... којзнае кој/а ке ни дојдееее :( :sweat:
     
  16. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    па викаш дека не е мат гимназија само поради тоа што ти предава таков професор(што најреално секаде ги има таквите) рјк не е веќе декларирана како мат гимназија, ама сеуште имате стара гарнитура на професори кои ја ценат, и многу гледаат според неа..иначе зашто ви се толку исфорсирани предметите како физика, хемија ..за математика не спомнувам? патем..зашто скоро секој што сака да заврши електро иде у рјк, или орце а и двете се гимназии, но гимназии на кои најмногу и се придава важност на математиката..тоа е неоспорлив факт:) со среќа од септември..
     
  17. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Знае некој дали се објавени списоците со класови во Корчагин? :)
     
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Слушнав дека се објавени. :)

    Инаку, сакав да прашам кои професорки предаваат физика?
     
    На sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Знам дека Наталија предава физика, а за други не знам :^)
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Глобочка, таа е една од најстарите професорки.
    Ама мислам дека сега на трета (и четврта година?) ќе предава само :)

    А сега и јас нешто да си кажам :)
    Многу мразам кога ќе речам на некого дека учам во Корчагин, и реакција:
    "КОРЧАГИН?!?!?!?!?!!!! :o Па ти дали си нормална!"
    Чиниш директно од пеколот сме му излегле пред очи.
    Де бре луѓе аманте, сите мислат во Корчагин учат само бубалици од прва класа. |(
    Ко прво не е точно, а ко второ барем паметни луѓе се бубалиците, не е ништо срамно.

    И се согласувам дека преуваличуваат во врска со строгоста. Има такви 2-3 професорки па што ако, секаде ги има. А има и некои што не приметуваат дека си киднал од час, а на тестови фрчат учебници од под клупи.

    Барем супер друштво може да се најде. Јас најдов, и многу сум горда што имам толку верни пријателки.
    И да, гимназијата е на 5 мин од трговски.

    Па сега размислете малце колку лоша гимназија е Корчагин, според мене е најдобрата ;)
     
    На fashionista и CharmedGirl им се допаѓа ова.