Господ нека ни е на помош со таа Лидија . Се надевам дека ќе си поминеме убави 4 год таму. Најмногу од се ми е ради друштвото, зашто сепак "одбрани" деца одат во Корчагин, па одвај чекам понеделник да одам да се запишам.Со среќа нека ни е.
Имам многу добра основа од граматика основно,ама за писмените ќе се помачам малку,искрено и мене ми е највеќе заради друштвото..со среќа на сите * но немора да значи дека она ќе ни се падне,сепак не е една професорка македонски
Жаклина е позната како ,,ѓавол" ама ја не би се согласила. Не е толку лоша како што ја зборат, си бара знаење и става реални оцени. Мене не ми се допаѓа како предава, не можеш многу да запамтиш на час. Ретко правиме тестови и не оценува преку проекти и испрашувања, што мене лично ми е многу полесно. Добро е што ако се трудиш и учиш редовно ке имаш 5 без проблем.
Мислам во Корчагин најчесто се запишуваат одлични и примерни деца, не само по успех туку и како луѓе се воспитани, добри другари, а не некои татини принцези, разгалени, аздисани и безобразни. Немојте погрешно да ме сватите, но во Корчагин стварно се најинтелигентните деца, најсветлата точка на денешната младина.
Ankica predava fizika i e fina. Ceni mn koga nekoj se trudi i znae chesto da popushti za ocenki na kraj. Dobrata rabota kaj nea e shto pri formuliranje na ocenki gleda i usni isprashuvanja i testovi
Do site koi sakaat da se zapishat vo Korchagin Toplo vi ja preporachuvam ovaa gimnazija...Jas sum sega 4 ta godina i koga bi imala pak izbor pak bi go odbrala Korchagin. Kje vidite mn pravdi i nepravdi, kje zapoznaete profesori na chij chas kje odite duri i koga ste oslobodeni, no i profesori na chij chas nema da sakate da stapnete. Nekoi kje ve nauchat mn od svojot predmet , no i i nadvor od negovite ramki, dodeka nekoi nema da mrdnat so prst za da nauchite neshto. Ona shto e najvazhno e deka Korchagin kje vi pomogne da se pronajdete sebe si. Kje steknete navika za uchenje, kje zapoznaete razlichni karakteri, prekrasni prijateli, kje se steknete so ogromno znaenje koe ponatamu mnogu kje vi koristi. Bidete sigurni deka eden den kje bidete mnogu gordi shto ste bile del od tradicijata narechena Korchagin
Резултатите од уписот за Корчагин се објавени и на веб страната. Не мора да одите во школо. Нека ви е со среќа на сите примени и петки да редите. http://rjk.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&catid=44&id=135&Itemid=71
Леле, ќе си приумрам од среќа! Конечно нема да мислам веќе на тоа, примена сум. Се надевам на најубави четири години. Едит: кога ќе бидат објавени листите со класовите и класните раководители?
Дури после 20 август, пред да почне школската година, ама се прават многу грешки (деца што учат германски ги ставаат во француски класови и обратно, некои се префрлуваат) така да официјалните во септември.
со среќа нека ви е јас матурирав оваа година, па најверојатно ќе ви се паднат некои од моите професори ако некој го интересира нешто нека пише ЛП слободно
Ве молам да ми кажете нешто подетално за Корчагин. Како е и како сте си поминале. Тешко ли е? Мењате ли училници? Какви спортови имате за натпревар ( сакам спорт ) ? Како со професорите? Вистина ли се стереотипите? И најважно како се децата? Има дигнати? Иначе зашто оваа година многу малку примиле со сите петки? По другите школи викаат сите скоро 5ки. Има ли некој прва од септември овде?