Од Септември почнувам со средно. Ве молам за совет. Сакам да се запишам во гимназија и кажете ми кое школо е подобро: Корчагин или Орце во Билингвалните паралелки?
Па не сум учела во двете да ти кажам. Јас завршив во Корчагин пред 6 години, сестра ми во Орце пред 10. Знам дека различно е што тогаш во Орце имаше подобар однос ученик - професор. Е сега многу професори се во пензија од тогаш, така што сега не знам како е. Мој совет ти е да се запишеш во тоа што ти е поблиску. И двете се меѓу најдобрите во земјава и нема да погрешиш со било кој избор.
Учам во Корчагин и можам да ти кажам дека доколку се запишеш во билингвалната нема воопшто да згрешиш. Децата во целост во цела генерација се премногу добри нема некои татини принцезички ама биди спремна на секакви правди и неправди. Повеќето професори навистина знаат да оценуваат, мислам секој знае како да оценува но има и такви кои не го практикуваат тој правилен начин на оценување. Најважно НЕ Е ПЕКОЛ МОЖЕШ ДА ПОСТИГНЕШ И СО УЧЕЊЕ И СО ИСКАЧАЊЕ И СО СЕ
Јас сум деветто одделение и планирам да се запишам во Корчагин,па би ве замолила ако можете да ми кажете по некој збор за наставниците
Имаш страници претходно за професорите, кои во никој случај не треба да ги нарекуваш наставници. Има многу професори, доколку бараш за некој конкретно, повели. Би ти помогнала доколку можам. Само да знаеш дека ќе направиш добар избор доколку се запишеш тука.
Вака општо ако зборуваме за сите, нема заедничка именка за нив. Има професори што се построги, има и такви кај кои ќе поминеш без претерано учење. Во текот на годината никој не попушта без ич учење ама на крајот скоро сите ќе завршите со висок просек. Во главно ќе ве научат многу, меѓутоа има и такви професори што не се замараат многу. Таму се за да се каже дека се присутни и толку. Не е лесно да се постигне ако сакаш високи оценки, сепак Корчагин е најјака гимназија во земјата, ама многу генерации завршиле, па можеш и ти. Ако мислиш дека си спремна, со среќа Поконкретно ќе одговориме кога ќе се запишеш и ќе ни кажеш точно кои професори ќе ти предаваат
Мене англиски ми предава Маја, океј е, работи исклучиво како што е програмата, т.е што има пишано тој ден дека треба да се направи на час-тоа се прави, за разлика од други професори што на овој час кој бил предвиден за една лекција, ќе предаде две. Тестови/испрашувања кај нејзе никако одложување, во никој случај не дозволува. Според мене има малку зафркнати тестови, во смисла во една вежба кај што пишува на пример да пополниш со глаголи од различни времиња, може сите глаголи да бидат само од едно време. Тестовите се прават во некој од кабинетите по ликовно или музичко, бидејќи смета дека таму ѝ е попрегледно, да не препишуваат. Испрашува лесно, барем според мене, на крајот на учебникот е сумирана граматиката и тоа треба да се учи, плус текстови да раскажуваш, секако, претходно ви ги кажува кои. Се прави дека е строга, ама не е толку. Мислам дека покрај оваа професорка, има уште две по англиски. Другата е Тања aka тичр, многу добар впечаток ми остави, мене веднаш ме запамти иако не ми предава. Не знам како одат предавањата кај нејзе и какво знаење може да ви пренесе. Предава само на седмица и осмица мислам. И да, често организира екскурзии надвор од земјава. За другите не знам. Математика ми предава Мирјана алијас Мими, многу фина професорка, кај нејзе имаме најмногу одложувано тестови. Тестовите се лесни, дава шанси за поправање, и попушта со оценки. Само искрено, не научив многу од нејзе, јас од основно имам слаба основа математика, и сега уште толку. На час нема некоја атмосфера, најчесто се прави муабет. Многу ми е интересна кога се обидува да не` смири. Предава на кец до шестка. Има уште неколку професорки мислам, ама не ги знам. Толку можам да ти кажам за овие. Не е многу строго, можеш да преживееш во секој случај. Јас имав слободно време и да учам, и да излезам и се`, и на крај завршив одлична. Ако те интересира уште нешто, слободно.
Нема да погрешиш, можеби 4 години ќе се мразиш што си се запишала таму, но ќе излезеш полна со самодоверба и знаење. Ниедно друго училиште нема да ти пренесе знаење и да те научи на дисциплина како Корчагин.
Ќе може ли некој да ми каже што смерови има ? На пр.во мојата гимназија има економски, правен и општо ( и после 3 год општите се пределуваат на ПМА ПМб ОХА ОХБ)
Уште се само овие. ОХБ тешко дека ќе се формира - иако има интерес од страна на учениците, нема волја за тоа кај професорите и стручната служба.
Има ли некаде ставено резултити? Јас неможам да најдам никаде. На официјалната страна на училиштето би требало да има?
Кај Олимписки. Ако се наоѓаш на автобуската од страната на базенов, само се продолжува право педесетина метри отприлика, па потоа лево и voilà. Ако објаснив лошо, кажи, ќе се обидам на друг начин.