На кој начин второто го исклучува првото? Би те поправила, најдобрите по природни науки докажаа дека може да си најдобар во повеќе полиња. Љубовта до математиката на никој начин не го исклучува моментот на креативност и љубовта до изразување. Бар мојата генерација, како една меѓу првите што почнаа со глумење и пеење, најјаките ученици беа тие кои ангажирано ги организираа претставите и манифестациите. И пак имаа 5ки кај Фросина.
Акцентот премногу се стави на претстави. Премногу. Не викам дека тоа е лоша работа и дека децава се лоши во тоа. Партали правеа со мјузиклите. Но според мене треба да ја појачаат таа природно-научната страна, не знам како е ситуацијата сега но што ми кажувале други било тапа. Одамна не сум прочитала за добиена награда по математика/физика/хемија.
Веројатно зошто никој не пишува за вакви работи? Не знам. За да дознаеш треба да си таму и да следиш кој е ослободуван најчесто од часови, со забелешка од професор. Шала на страна, има, уште има. Јас не матурирав во толку дамнешни времиња, а само вака на памет ми текнуваат еден куп примери за награди што ги земаа деца од моите генерациИ, со +/- 2 години, зашто се дознаваше де. Континуирано се земаа награди на наптреварот за нано-материјали, мои другари земаа еден прво, друг трето место на државно по физика, а растур направија и на матура математика. Со мое "друштво" бевме 4 години редовни на школата за астрономија, со земени редовно пофалници и места на натпреварот. Исто и во програмирање редовно имаше неколку дечки што растураа, и пошироко од државно. Исто и латински, секогаш први. И во францускиот билингвалците редовно растураа на натпревари, не е П-М, ама вреди да се спомне. И се ова се работи што во моментот ми паднаа на памет, сигурно во меѓу време има уште еден куп, и некои што сум ги заборавила. Само треба да си таму и да знаеш кој што како прави. Само факт е дека за натпревари треба време за подготовка, исто и финансии, посебно ако е за подалеку од државно. Не е проблемот само во Корчагин, туку во државното образование и поддршката за децата кои ги бива. Многу добар другар беше во Јахја, и нон-стоп беше на натпревари за програмирање надвор од државава, на децата стварно им се обрнуваше многу внимание, со професори задолжени само за нив, пред и после настава. Во Корчагин далеку од тоа дека нема професори што навистина се залагаат, ама не може да е исто вниманието и условите. И пак ќе кажам, повеќето што беа гореспоменати за награди, беа во први борбени редови на претставите и на Просветилка.
Не е дека нема награди, и на државно ниво а и на меѓународни олимпијади: http://rjk.edu.mk/2018/03/23/корчагинци-секогаш-меѓу-најдобрите-н/ http://rjk.edu.mk/2017/05/28/корчагинци-ќе-го-развиорат-македонск/ Веројатно не е толку тешко и строго како пред 20-на години, но мислам дека Корчагин е сепак меѓу неколкуте најдобри гимназии во државата.
Ja otkriv stranava na insta, mnogu dobri memovi pravat za korcagin, iako zavrsiv pred 5 godini seuste 90% gi razbiram i se gazam od smeenje instagram.com/rjkmeme
Во однос на лектирите и делата за Iва година. Дали се обработуваат како што е даден списокот на огласна табла или нема некој ред. На пример би требало прво да биде едно од евангелијата од Новиот завет, па Скржавец , па т.н.??
Би требало тие што се погоре да се за прво полугодие, во принцип се оди по ред со мали отстапки. Сигурна сум дека во прво полугодие ги обработивме Стариот и Новиот завет и Скржавец.
Дали има списоци по класови и класни раководители за 1ва година? Се надевам дека нема во понеделник на 03.09 да ги објават. Инаку страната http://www.rjk.edu.mk е веќе некое време нефункционална.
Итноо ми треба одговор Дали е возможно преместување од едно во друго одделение во Корчагин уште на почеток на прва година? Директорот не го интересира многу но дали е законски дозволиво вакво преместување?
Даа го прашав он одлучно ми рече не. Демек јас ако сум се префрлила во друго одделение он ќе морал некој друг да стави на мое место а не е дека во сите одделенија има ист број ученици. Во секое е различно.
Извинете дали некој може да ми испрати слики(ако има) не сум во можност да ги видам резултатите и од лектирите за прва година. Фала
Можно е префрлање само доколку бројката во класот каде сакаш да се префрлиш е помала од 34.Законски не е дозволено да се формира паралелка со повеќе од 34 ученика. Пробај си ја среќата ако се 31,32 или помалку во тој клас кај што сакаш да одиш сигурно ќе ти дозволат.Друга опција е да најдеш ученик од тој клас што би одел во твојот.Се надевам дека малку ти помогнав.
Следнава учебна година ке бидам 1 година во средно школо, па, ќе може ли да ми ги кажете смеровите во училиштево, се интересирам за информатика, или програмирање, па да ми предложите нешто... однапред, благодарам
??? Ако сакаш да кажеш дека многу се учи, и дека е тешко, напротив, тоа сакам, да стекнам поголемо знаење од страна на информатиката
Супер јас сум прва сега,а за учење бидејќи е почеток мининално има,но штом ти сакаш да учиш уште подобро зашто натаму на полугодие има многу работа.Кога ќе добијам плус информација ќе пишам инаку супер школо и професори што помагаат
\ goce najsrckasst ama mnogu strog da znaes i mislam deka pravi 4 testa godisno pogotovo od zbirkata od Trajce iii uci redovno od sekoj cas i nonstop resavaj gi zadacite od zbirkata