1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. elica23

    elica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    albi
     
    На ivanaanavi12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elica23

    elica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    kje saka nekoj da mi napise nesto na sostav mokjta na jazikot :)
     
  3. ivanaanavi12

    ivanaanavi12 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Фала ти многу
     
  4. ivanaanavi12

    ivanaanavi12 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    дали некој знае Гоце какви тестови дава???Некој со искусвто:D:D:D:sweat::sweat::sweat:
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.727
    Како е во билингвалната паралелка? Истите професори ли им предаваат? Може ли таму да се избере математички смер?
     
  6. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Скоро сите професори се истите. Класен раководител сите 4 год воглавно е професорот по француски и предност е тоа што класот по втора година при избор на смер не се дели туку продолжува заедно само што посетуваат часови според смерот што го избрале. И да може кој било смер што го има да се избере.
     
    На Bethany Mota и Ariel им се допаѓа ова.
  7. memelord

    memelord Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Здраво се надевам сеуште има некој да одговори :)
    Се двоумам дали да се запишам во Корчагин или Карев. Имам просек 5.00 и не се плашам од учењето. Но исто така не сакам да сум нонстоп над книга и да сакам да умрам и да немам социјален живот и да немам слободно време. Како е во Корчагин? Дали е мнооогу строго? Срцето ме тера да одам Корчагин, но мозокот во некоја полесна гимназија каде што полесно се добива 5. Бидејќи сепак за упис во факултет 5ка од Корчагин и 5ка од Карев исто значи. Ве молам кажете ваше мислење и како е во Корчагин:l:
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    За знаење одиш или за оценки? Ако на пример речеме математика не те интересира нема потреба да се преоптоваруваш за 5 да добиеш. Учи тоа што те интересира, тоа што мислиш ќе ти биде корисно во иднина за да оствариш профит а и задоволство секако..Да учиш или работиш нешто со сила, нешто за кое немаш интерес е тортура. За факултет не се секирај, има многу факултети кои знаење бараат а не просек. Оценките не се мерило. Никој неможе да те натера да учиш нешто кое не те интересира тебе лично, тој систем на образование е сосема погрешен. Така да каде сметаш дека е најдобро за тебе, таму.
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Одамна завршив и да, тешко е. Нивото на знаење што го бараат е доста повисоко и тоа по сите предмети. Покрај редовните испрашувања и тестови има и полугодишни, што се како припрема за испити на факултет. Не буквално, но сакам да кажам те спремаат за тоа што те чека поматаму. Особено ако се спремаш за технички факултет, многу ќе ти биде од помош. Јас искрено се чудев како не знаеја основни работи и мораа дупло повеќе време да учат на факултет бидејќи немаа основа. Излегувањата кои ги пропуштив во средно ги надоместив подоцна, така што не се каам воопшто. :)
     
    На andrejko82 и Mich им се допаѓа ова.
  10. Aleks12

    Aleks12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дали во трета година ги мешаат класовите во Корчагин или пак си остануваат истите од прва година?
     
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Се делат во групи, природно математичко а и б, општествено а и б (зависи колку ќе има заинтересирани).
     
  12. elica23

    elica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    sakam da ve prasam dali imate nekoj predlog za koj smer da odam dokolku ne znam sto sakam da pravam vo idnina? Sega sum 2ra godina vo Korchagin i do petok kje treba da dadam odgovor.
     
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    Те разбирам како ти е. И јас поим немав.

    Ако ти оди математика и ти се допаѓа тоа, би рекла избери ПМ А, ако ти оди биологиха, хемија, природни науки тогаш одбери ПМ Б.
    Ако повеќе ти одат општи науки одбери ОХ А или ОХ Б. Нема некоја претерана разлика помеѓу тие 2 насоки.

    Зависи се од тоа кои факултети од прилика ти се во план во иднина.
     
  14. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Општествено А (или Б) ти се најлесен избор. Јас бев ПМБ па запишав нешто сосем трето зашто тоа што сакав тогаш се смени, па се снајдов без проблем. Реално, што и да запишеш можеш да се пренасочиш (само нормално, ако запишеш нешто со математика, ако си била ПМА ќе си ги скратиш маките посебно во прва факс па и понатаму). Ама не е невозможно и без. Не ја тупи главата со математики ако си сигурна дека тоа не го сакаш, ама како и да е, со воља, што и да запишеш понатаму се постигнува без разлика на смерот од средно односно не си ставај премногу притисок. :)
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Јас бев ПМб бидејќи тогаш сакав едно, па после се одлучив за машински. Ми помогна тоа што бев природноматематички смер во запишувањето бидејќи примаа мал број на студенти, иако не морав да се мачам тогаш со многуте математики. Така што тој мислам дека ти е "најнеутрален".
     
  16. elica23

    elica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram na site, izgleda pmb kje idam pa kje vidime ponataka za vo idnina :)
     
  17. memelord

    memelord Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Здраво! Дали може некој да ми ги наброи смеровите и предметите во смеровите во Корчагин. Не можам да најдам каде ги пишува или пратете линк каде се наброени ако знаете. Благодарам!
     
  18. Bethany Mota

    Bethany Mota Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    http://gimnazija-mk.weebly.com/1053...80-1080-10871086107610881072109511121072.html
    Еве ги смеровите, иако од овие ЈУА и ЈУБ никогаш не се формираат во Корчагин. ПМА, ПМБ и ОХА ги има секоја година, додека ОХБ оваа година не се формираше пошо "немало доволно ученици заинтересирани"...иако бевме доволно да се оформи клас...
     
    На memelord му/ѝ се допаѓа ова.
  19. memelord

    memelord Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Zdravo! Pisuvam povtorno bidejki recisi e juni a jas seuste se nemam odluceno kade odam sredno. Najverojatno odam Korcagin bidejki toa sredno najmnogu me vlece. No seuste ne sum sigurna dali toa ke mi bide dobra odluka. Mnogu luge mi vikaat deka tamu nema da imam zivot, deka e prestrogo i nastavnicite se losi i decata se dignati. Dali ke si ja lupam glavata i ke se kaam deka sum se zapisal vo ovaa gimnazija? Dali nema da krenam glava od kniga i ke nemam zivot? Drugite opcii mi se JBT i Orce. Ve molam ako ima neka pisat deca sto se momentalno vo taa gimnazija bidejki znam kako sto vremeto pominuva skolite se menuvaat. Ve molam kazete mi kakvo e vaseto iskustvo vo ovaa gimnazija i dali ke napravam dobra odluka ako go odberam ova sredno uciliste. Mnogu mi e strav da ne si gi unistam slednite 4 godini od detstvoto. Ili pak ke gi napravam podobri ne znam. ❤
     
  20. Bethany Mota

    Bethany Mota Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Јас сум момнтално трета година во РЈК, можам дефинитивно да кажам дека не би го менувала школово под никој случај. Ако сакаш да учиш ти препорачувам да се запишеш во Корчагин. Тоа дека нема живот можам комотно да ти кажам дека е една од најголемите лаги кои ги имам слушнато за школово, пошо и мене ми беше премногу страв за тоа. Децата се ДЕФИНИТИВНО подобри од Орце и ЈБТ. Многу помалце дигнати има и сите се на место и топ друштво ќе си најдеш се надевам. Секој викенд можеш да искачаш, има време за се. Професорите се понекад терсене и знаат да бидат строги, но во глобара се во ред. Јас од моја гледна точка ти препорачувам ако навистина сакаш да учиш, а не да се зезаш да се запишеш во РЈК. Не се секирај толку за друштво пошо стварно децата се топ.
     
    На dayla, Monniy и memelord им се допаѓа ова.