Ај ве молам помогнете му на едно прваче-тапа сум за физичко, а Бранко ми предава.Што точно бара и ќе имам ли проблеми ако не можам да направам нешто?
Ооо па имало мн корчагинци тука, тоа ми се свиѓа Нека им е со среќа на тие што како мене оваа год ќе полагаат матура и да не се избрукаме. Тие што се запишале сега да не се плашат, не е ни приближно толку страшно колку што викаат сите Има по некои чудни професори, али сегде се наоѓа по некој таков. Па да ни биде оваа година поуспешна од минатата
Еее пацка, пацка, немаше да помислам дека ќе дојде денот да ти бидам благодарна за сето тоа знаење и таа твоја претерана строгост, која ме направи човек, со повеќе од малку знање во главата!!! Ми недостигаат деновите кога со teacher се шегувавме и се дружевевме но кога ќе се потакареме по малку Втора мајка ми е до ден денес а веќе поминаа 3 години. фала ти и тебе пепи, 10ката историја и те како ми дојде добро со учење само од по 2 саати од книга. И фала им на сите кои НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ЗАБОРаваМ! убаво викаше една професорка-Кога ќе те прашаат кај заврши и ти гордо кажуваш Корчагин и онака оној поглед, па, па браво и одма те гледаат го генијалец И да не се пофторувам се се се од доленеведеново, поготово болдираниве. РЈК forever in my
Кој е па сега Бранко? Од кај никнаа толку нови (за мене) професори? Првите три. ПМА математичкиот. ПМБ за медицина и остало. ОХА за правен, економски, архитектура можеш...итн ОХБ кој е повеќе психологија настроен и двата јазични ги нема, затоа што нема кадар, и бидејќи со нив се одело на тапа факултети надвор од тоа што имаат заслужено учениците во РЈК демек. -.- Единствено ако се собере клас дури тогаш може да се оствари ОХБ групата. Ако имаш врски без гајле. За константно петки треба или да згрееш стол убаво првите две години, ама да нема час да не си спремен, а трета и четврта да учиш само за тест, ама секат да бидеш доброволец за испрашување. Друга опција ти е да си учиш со мера, и да мешаш 4ки и 5ки па на крај класната да ти попушти мнг јасно. Трета ти е да учиш цело време, а да се заебаваш на час, ама пак да те сакаат пошто имаш харизма и си остаил добар впечаток на прв час. Тоа ти е ситуацијата кај мене во клас барем. И да ја кажам мојата огромна забелешка, немаме кафич. Трговски стварно како што кажа некој друг низ темава, ни е поблиску дури и од ЈБТ, она опасните центарци ама мора нешто да направат. Мори е полн, полнннн значи и у посл време е полн со лоши фаци кои си мислат се средно и шема владеат. Барбика е ќумезарник за кој сме со сласт реметени од други луѓе. И уште нешто, ако ви се падне македонски Мими Блажевска, згрејте го столот, читајте лектири, бидете редовни и благодарни што ви предава затоа што по мене подобар професор не постои. Авторитетна, права дама, објаснува прекрасно, бара дупло од тоа, ама проблем со неа за матура? Ни случајно.
Бранко ми предава и е мнооогу добар човек. Сеа и јас не сум нешто многу долго во Корчагин и јас сум прваче ко тебе, ама досега е срце! Денес не сакавме да правиме колут напред и назад и зема тоа списокот, и ние си викаме ќе не дере И вика ајде оваа, ајде оваа.. Ние вакви Вика сеа по список ли треба?! Аман бе деца! И си се врати на место Така да ич да не му се плашиш, вежбај му секогаш, носи опрема, прај ги мерењата(скок во далечина и сл.) без разлика на резултатите.
Девојки сега сум 8-мо и се мислам помеѓу Корчагин и Никола Карев.....проблемот е што не ми иде баш францускиот па сакав да прашам какви се наставниците по француски во Корчагин и општо сите наставници таму....иначе сакам математика..англиски...историја..ликовно..македонски се ми оди освен француски и помалце физика и биологија...до сега имам се 5-ки а и + корчагин ми е најблиску од кај што живеам а и блиску е до ГТЦ...ФЕМИНКИ ОД КОРЧАГИН ПОМАГАЈТЕ
^ За француски незнам зошто учам германски, ама за физика секако ќе имаш проблем која и да ти се падне професорка. Знам по мене, имам огромен проблем бидејќи немам основа и претешко ми е. И за германски исто.
Мене ми предава Тања и жената е срцка.Супер, испрашувањата се многу лесни, а тестот ни го најави три недели однапред Друга професорка по француски е Андријана, таа е помлада и сите викаат дека е супер, ама мене не ми предава
тања и е мајка на моја другарка, жената на мравка не гази, а и од останатите од моја генерација, знам дека е срце, немаа ама никакви проблеми со неа! Ликовно или лидија-пикасо, или раде-мањо, ама океј се и давјцата се трпат! Англиски, тичер е ѕвер, сторга е да, ама сака континуитет и да си КОМУНИкаТИВЕН! сака деца што лесно паѓаат во очи. Други незнам баш професорки англиски! Амо ла мода карев е океј, ама не е КОРЧАГИН, тоа да си знаеш
Бранкооооо.. Бара ракија да му однесеш Кај нас супер беше, ништо не ни бараше и не ни моравме да седиме на час.. И Тања француски е срце жена, ама не очекувај многу да научиш од час/од неа. Кај ја отворив темава, си вратив спомени
Оо, браво за Наташа, трудна е, тогаш сите ученици и викаа дека е време, се зафркававме Јас од неа многу научив, а сепак е многу млада и фина, се што бара е да си фер и да си учиш
Прво, професори. Огромна грешка од старт ти е ако ги наречеш наставници. Запамети, нема да си веќе во основно. Француски мене ми е Слаѓана, ние си ја викаме Слажан. Јас француски знам, и рачунај у клас 5 души се снаоѓаме со јазикот, никој совршено. Часовите се едни па исти, учиме 4 години исто што веќе ми е смачено. Жената е фина, сака да се прави лоша и се, ама не иде кај некои луѓе. 10 различни начини осмисли како да не оценува и виде се пропадна, па пак се вративме на онаа стара песна, тест, и после оценката зависи. Ние правевме тест во четвртокот, муабет си правевме и имитиравме скечеви од к-15. Математика зависи, Пале може да ти биде, мојата Марија и не знам од каде се родија куп нови професори. Знам уште некои математика се шуњаа низ канцеларија. Биологија мене ми беше Тања Ангова и жива среќна сум што куртулив од неа. 3 години мачеништво претрпев. Жената не е ни добра, ни лоша. На секоја минута се мења, не можеш да знаеш. Физика Виолета ако ти предава, уживај. Кај неа ни е најреметениот час направен. Има сеа некоја друга замена за Милка Чекреџи, огин била. Другите не ми се познати. Се отиде у пензија. Не знам Једина дали остана. Валда не.
ее, а Елисавета по хемија уште е во Корчагин? За таа жена ако е, само да ви кажам, со среќа, зошто она е стварно ненормална.
А ја немаше наташа одма трудна ја правеа супер беше, да не беше она, гутен таг немаше да знам што значи! Незнам дали е уште, мислам дека отииде во пензија! Таа беше најклета ама од сите! Мн чудна и ладна жена, како времето надвор така беше расположена!
^ Не предава таа Елисавета.. Предаваат Глобочка и таа мене што ми предава нз како се вика ама добра е жената.
Глобочка не ми ја збори не ја сакам, не ја ни почитувам, многу лицемерна жена. а хемија ако била добра, сто посто е ќељчо (знам злобно е ама сите така ја викаа дека беше малце ќељава, ама мн фина жена,под 4 немаше оцени!)