Здраво дечки! Се размислувам за средно и големи се шансите да одам во Корчагин,но сакам да ве прашам дали толку многу се дава значење на математиката,затоа што слушам многу викаат дека сега се сменило и повеќе се барало да се учат лекции на памет(мене повеќе ми оди да учам лекции по биологија,географија,...) Навистина би ми значело доколку некој одговори. Благодарам однапред❤️
Ако планираш да учиш 10тина предмети на памет со среќа стварно, пошо и да учиш на памет треба многу време (барем за мене). Се дава значење на сите предмети, секој професор си го цени својот предмет и не им е многу гајле ако имаш математика за учење, а не си научил кај нив. Сите професори сакаат континуинуирано учење. Не е запоставена математиката воопшто, само некои професори (обично тие што предаваат на ПМА) и даваат многу големо значење. Географија ако си ПМБ има и во трета ама скоро нишо не учат во трета само проектчиња си праат и уживаат на час. Биологија се учи многу и идат на натпревари секоја година (хемија исто, само професорката е бог да чува понекад). Не се плаши толку за математика, професорките се супер и добро оценуваат. Ако те интересира за некои други предмети или било што друго пиши ми се надевам ќе имам можност да ти помогнам.
Фала ти многу за тоа што ми даде малку повеќе самодоверба за математика затоа што тоа е една од работите поради која најмногу ми е страв да одам во Корчагин. Сакам само да прашам дали некој можеби знае какви се професорите по француски јазик затоа што во основно наставничката не ни предаваше онака како што треба и не научивме нешто многу од неа. Благодарам однапред на сите❤️
Фала ти многу за тоа што ми даде малку повеќе самодоверба за математика затоа што тоа е една од работите поради која најмногу ми е страв да одам во Корчагин. Сакам само да прашам дали некој можеби знае какви се професорите по француски јазик затоа што во основно наставничката не ни предаваше онака како што треба и не научивме нешто многу од неа. Благодарам однапред на сите❤️
Здраво, да ве прашам дали има да се одбере германски јазик како втор странски јазик во прва година? И дали можеби знаете некоја страна на кој можат да се видат кои се професорите во РЈК? Фала
Искрено, мислам дека професорките по француски се најфини и најмногу почит имам спрема нив. Мојата е срцка, а и за другата се немаат жалено и таа е фина. Ако нешто не ти е јасно слободно прашај ги се ќе ти објаснат. Препремногу се добри и не се толку стегнати на час. Ако не напишеш домашно или поминеш лошо на тест ќе ти дадат друга шанса. И на крај можеш да поправаш ако напраиш проект/научиш и одговараш, нема да те остават со ниска оцена никогаш.
Да, можеш да одбереш втор странски како германски...не сум германска паралелка да ти кажам многу за професорката иако колку што имам слушнато и таа е океј и не е строга. Инаку, го преправаа сајтот на училитето поради online настава и затоа сега нема информации за сите професори на страницата туку само за некои. Еве ја страната: https://rjk.edu.mk/ *барај во online настава по годините така ќе најдеш барем некој професор...
Здраво на сите, моментално сакам следната година да се запишам во Корчагин и го читам форумов за да видам со колку бодови примаат ученици, но последната информација е од 2016 а се разбира сите школи се менуваат со годините, па ме интересира дали би ме примиле со 75 (ако и следната година имам 5,00), или да гледам во деветто да одам на натпревари (и да се надевам место да добијам на државен) ?
Здраво и на тебе, Има две професорки по германски јазик,но мене ми има само една од нив предававано.Наташа(една од професорките по германски) реално оценува и доста труд вложува во предавањата.Искрено ми се допаѓа како оценува и е многу праведна.Сепак,некогаш знае да даде глупави прашања на тест повразни со некој текст што сме го работеле.Навистина не сфакам што е поентата со тоа,но сепак е многу апсурдно.Во главно бара дисциплина и да бидеш културен со неа
Дечки да ве прашам дали е вистина дека во Корчагин имало многу годинава запишано и можно е да има тестирање?
Дечки здраво ! Сакав да ве прашам од колку почнува наставата во Корчагин ? Мислам за прва и втора смена ? Тенксс
Dali ke moze nekoj da mi prati materijali(sliki od tetratka ili ucebnik) bar od prvo tromesecije/polugodie po fizika Mnogu mi e potrebno Fala odnapred
Здраво дечки! Доколку некој има повеќе информации за професорите и начинот на кој се одвива наставата би го замолила да ми пише. Thanks a lot!
Листите мислам дека денес ги прикачија, така да можеш слободно на сајтот да си видиш: https://rjk.edu.mk/список-на-ученици-од-i-и-iii-година/