1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. Drageeu

    Drageeu Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Еден добронамерен совет до идните средношколци: НЕ СЕ ЗАПИШУВАЈТЕ ВО ОВА ШКОЛО!! ПОДОБРО ВО ДРУГИТЕ ГИМНАЗИИ ОТКОЛКУ ВО КОРЧАГИН!
    Ако сакате да го видите пеколот на земјата слободно запишете се
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    130
    Дали некој знае оваа година во Корчагин кои се класни наставници и општо кој ќе предава од септември?
     
  3. tatashi_puk

    tatashi_puk Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Во глобала секоја година професорите се менуваат,но најчесто професорите како македонски,англиски,спорт,математика ти предаваат оние што предавале во четврта. Можам да ти кажам дека немаш потреба од страв за професори затоа што секој професор си го тера своето,секој си бара степен на знаење,ама гледа од тебе да го извлече максимумот. Од професорите што мене ми предаваат можам да ти кажам неколку зборови:
    -Биле хемија: добра професорка,ама има маана што не знае да предава најдобро и она што го добиваш на тест ти го става во дневник,ама на крај во глобала со презентација поправа оценка.
    -Дадич биологија: во прва беше со нас многу фина, ама во втора ние како генерација ја налутивме и од тогаш учам само биологија.
    -Цеца географија: топ професор, секогаш игра во полза на учениците и не цепидлачи за глупости како колешка и,дава проекти и на тој начин помага за покачување на оценките.
    -Ничота: ова ти е фина,фина па Ничота. Професорка што живците ми ги изеде, за нејзе немам никаков коментар освен тешки тестови.
    и уште многу други професори. Поентата ми е да укажам дека сите професори се различни, сите си бараат свое и секогаш гледаат да бидат настроени кон ставање повисоки оценки. Е сега,јас во Корчагин имам приметено дека откако се стави новата директорка истото се уназадува и паѓаат тешки врски. Таа си има свои блиски колеги и каде сакаат они да предаваат таму и ги става. Исто,ако некој професор сака клас она му го дава ,а да не кажам колку секоја година германците имаат подобри професори од французите.
     
  4. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    110
    Кој е сега директор? Дали историја уште предаваат Дарко и Атанас?
     
  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.446
    Пол:
    Женски
    Проф. Атанас е во Австралија од поодамна.
     
  6. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    261
    Директор е Елена - Математика.
     
  7. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    110
    А кој предава Македонски,Физика,Филозофија,Хемија и Географија?
     
  8. Drageeu

    Drageeu Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Многу пропаднато школо стана Корчагин, оваа година имаше околу 90 слободни места после два уписни рокови. Порано секоја година уште во првиот се пополнувале местата и тоа најчесто со просек 5.00.
     
    Последна измена: 15 јули 2024
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rweoifihodfvb

    rweoifihodfvb Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ако им е.
    Нека ги малтретираат професорите децата уште само маааалку па можеби ќе престанат да споделуваат искуства со тазе полуматуранти…
     
    На Drageeu и Selena01 им се допаѓа ова.
  10. Drageeu

    Drageeu Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Жалам што децава мора да трпаат булинг од искомплексирани професори кои што можат сериозно да им го нарушат психичкото здравје како во случајот со детето пред 2 год. што се фрли од ГТЦ и умрел на лице место баш поради нив, а што е уште потрагично е дека никој до сега не превземал одговорност. Иначе самите се криви што го одбраа школото а сите знаеме за што всушност станува збор кога ќе се спомне Корчагин -ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ за децата што не го заслужуваат .
     
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Ти кај учеше средно? Корчагин?
     
  12. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    261
    Ќерка ми учеше таму кога се случи таа трагедија и на првата родителска ни кажаа дека со детето разговарал и психологот и било пренесено на родителите , но до тука биле ингеренциите на школото .
     
    На SummerGirl и Jan@i им се допаѓа ова.
  13. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.446
    Пол:
    Женски
    И јас учев таму. Проблемот е во училиштето, управата и професорите. Се на куп. Одат деца кои се од "големото добро утро", деца на "некого". И истите тие прават проблеми по школо. Доаѓаа напушени, пијани уште во втора година. Тепаа, се закануваа, булинг што го нема ни во филмови. И нема апсолутно никакви санкции, ниту па професорите смеат нешто да им кажат на родителите ниту па на децата. Затоа што и самите професори се знаеме како пикнати таму. И нека не продаваат м*да за бубрези дека до таму се ингеренциите. Пошо знаеме дека не се. Работите се пикаат намерно под тепих

    Ако е вистина тоа погоре дека има помал број на запишани, навистина ми е мило. Затоа што тоа место одамна требаше да се затвори. А не да го нарекуваат училиште.
     
    На SummerGirl и Drageeu им се допаѓа ова.
  14. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    261
    Ама сега на факултет ќерка ми без проблем решава математички задачи на вежби , а тие од ЈБГ појма немале за што се работи. Не дека нема да научат , ќе мораат за колоквиуми и испити.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tatashi_puk

    tatashi_puk Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ај ако може нешо за Михајло математика?
     
  16. Sopro

    Sopro Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Вистина е тоа деκа сκоρо сеκоја недела се обρаботуваат леκтиρи? И аκо може да ми κажете κаκо ги обρаботуваат за да знам дали да ги ρасκажувам во тетρатκа летово?
     
  17. SilencedWolf

    SilencedWolf Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Сакам да прашам за професорот по историја Дарко дали од секогаш бил лабав и трескал тешки глупости на часови од типот како да се колонизира Марс?И дали испрашувањето се одвиваше еднаш во годината и потоа оцените беа само препишувани или за секоја тема водеше испрашување?
     
  18. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    110
    Секогаш беше лабав,тестови не ни правевме имаше усни испрашувања ама и тие беа ретки два-три пати во годината
    Повеќе ни имаше кажувано за тимот на Реал Мадрид отколку за темите и материјалот за учење.
    И во принцип сите имаа 4ки 5ки и по некоја 3ка.