Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Елисавета е во пензија. Отиде пред 3 години. :)
    Фала богу!
    Женчето влагаше во училна и стандард не пееше:Деца бањајте се. Многу смрдите. Користете сапун. -.-

    Бурна година имав со неа, бурна.
    Знам се, 1. Ништо не знам, 5. Браво девојче, гледаш како може да се научи.
    Алоооо жено!

    Инаку германски има некој нов и таков тиња бил, валда тој Сашо. Претходно имало некоја Стела, Стеличка пчеличка ја викаат. Опасен ремет било кај таа на час.

    Не знам што е со Корчагин. Куп нов кадар има. Професори само што искочени од факс и некои таму недефинирани што не заклучиле уште дали добри или лоши сакаат да бидат. Особено ме нервираат тие што прават споредби затоа што предаваат во друши школи. Хемија претходната година на глава ни се качи како Орце биле појаки. Yeah, you wish. :devil:

    А, и голем проблем е ова со младите професори. Не знаеш дали ти се од генерација или не. :D
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cancer-4

    Cancer-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Не!!! ми предаваше во прва година, а сега сум четврта :D
    МАСТА МИ ЈА ИЗВАДИ
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    И мене 3 години ме тероризираше :tmi:

    А Поповиќ математика? Таму е?
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Си отиде во пензија прееед..3 дена :)
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    http://www.facebook.com/group.php?gid=369353725222
    Ја поминувам вечерта доста забавно, барем се насмеав и потсетив на старите времиња кога хит беше групава. :D

    Корчагинци млади, одете во Мори! Вртете табла, пијте кафе и пукајте се од смеа на филозофиите на Џери! :)

    И гордејте се со ова воедно. :P
    http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=2
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    И после 16 години од матура сакам повторно да влезам во тоа училиште, да го осетам неговиот мирис, да се прошетам по ходниците и да влезам во WC за да си испушам едно цигарче и секако да седнам на една клупа и со затворени очи да си го вратам филмот назад ;)
     
    На Bozica1980, femina90 и Ariel им се допаѓа ова.
  7. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас сум сега 8мо, и следната година планирам и 99% сум сигурна дека ќе се запишам во Корчагин. Ги прочитав сите постови и некако ми се врати довербата и желбата да одам таму. И да ве прашам, освен основните предмети што ги имаме во основно, има некои +?
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Знаат професориве за групава?
    Нашите интернетски глупости секогаш ги откриваа и си плаќавме со денови и денови... :D
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Марија Николовска по математика знае, другите не знам. :) И пост има жената пишано мислам. :D
     
  10. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сите корчагинци се гордееме со горенаведената победа :)

    Инаку мислам дека се нема спомнато во темава:
    Чујте и почујте! Сите минати/сегашни/идни ученици во РЈК!
    Пацка од годинава е во (долгоочекуваната) пензија :rofl:
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Да ти дадам еден совет на тие што сакате да се запишувате во корчагин. како прво немојте да идете таму ако не планирате многу да учите па дури и до осмо да не сте учеле многу и да отидете со помислата кје почнам да учам немојте.. освен ако немате ништо против 2ки. Исто така немојте доколку учите но не премногу а не сте едни од тие што им се симпатични на професорите.. во тој случај додека на (омилените) ќе и стават оценка погоре на вас нема.. и тоа многу се двојат децата... и исто така доколку изберете втор јазик француски и НЕ сакате да бидете опкружени со бубалици.(ама баш во праа смисла бубалици) молете се да не се паднете во 8мицата.. ќе бидете мешани со билингвалните .. и скоро секој професор заради нив лекциите ќе ви ги предава на француски... И дефинитивно јас сум разочарана од корчагин.. не знаев дека има толку привилегиии за некои учениции.. ://
    И да ви кажам корчагин не е тоа толку што го збораат. може ќе стекнете некоја навика за учење, но верувајте ќе ви биде жал како од другите школи помалку учат а подобри оценки имат.. и на крај коа ќе дојде време за уписи на факултет тоа другар ти од фискултурно(или од кое било друго подобро школо) што ич не учел а имал петки додека ти си се утепувал од учење и си имал тројки ќе има поголеми шанси да биде примен заразлика од тебе.. или да ако ти се петки да имаш исти оценки со некој што ич не учелл..
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Eпа крајно време беше Корчагинци, дочекавме да се одмориме! :lol: Сите да си поминете најубаво за НГ и за распустот :*
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Добро бе, во Корчагин си учела, правописот каде?
    За секого е различно дали учел до осмо или не, па како продолжил понатаму. Сестра ми беше во основно слаб ученик, па првенец на генерација во Корчагин.
    Двоење има секаде. Постојано ќе има ученици што вадат оценка на лепота, ги има многу. Некои заслужно, некои не.
    Друго, зошто мислам дека ако се паднеш во билингвална што е поделена, пола пола им се часовите? Не може ти да си се пријавил за класична паралелка, а на француски да слушаш настава. Не сум запознаена со ова добро, ама по моја логика е така. Плус, обично билингвалната е полна, ретко да се случи да се спојат класовите. Настава на француски имаш по многу малце предмети и тоа не секој ден, еднаш месечно ли беше, не знам. Не викај скоро секој професор заради нив ќе ви ги предава на француски лекциите.
    Навика за учење не е ветено дека ќе стекнеш, ако е така сите ќе се запишеа за да им е лесно на факс, ама дури после тоа се чувствува разлика од не знам ученик од Корчагин и Браќа Миладиновци (ништо против).
    Земено е предвид при упис од каде доаѓаш, без грижи, а и матурата си кажува. Кој го држи врвот?

    Заклучок: запишете се каде ви душа сака, двоење, срање професори и остало има секаде. :)
     
    На singer97, Linn1, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Друго, зошто мислам дека ако се паднеш во билингвална што е поделена, пола пола им се часовите? Не може ти да си се пријавил за класична паралелка, а на француски да слушаш настава. Не сум запознаена со ова добро, ама по моја логика е така. Плус, обично билингвалната е полна, ретко да се случи да се спојат класовите. Настава на француски имаш по многу малце предмети и тоа не секој ден, еднаш месечно ли беше, не знам. Не викај скоро секој професор заради нив ќе ви ги предава на француски лекциите.

    Јас коа се запишав имаше само 14 билингвалци и не измешаа заедно.. и само на англиски и француски се двоиме пошто они имат само 2пати неделно а ние трипати англиски.. а француски обратноо.. и тоа со француски лекциите и ние мора да слушаме.. постојаано ни велат нема да имаме зијан но сепак, и не е толку сеедно, и ние слишаме француски исто колку нив а воопшто не ни беше желба и тие сега ќе идат во парис а ние нема.. да одбрале билингавла но немора и нас да не оптоваруват со тоа.. ... има некои професори што го праќат материјалот по мејл но некои т.е. повеќето на час предаваат.. :/
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Нит сум учела во Корчагин нит ми значи нешто, но морам да те поправам. Ова се однесува на сите појаки гимназии, не само на Корчагин.

    Откако дојдов на факултет, видов колку е значајна основата. Верувајте дека тие што доаѓаат од поасални средни школи, каде што се учи, ама навистина се учи, првите колоквиуми ги минат како на шала. Па кога ги гледав на ФИНКИ резултатите, ќе се запрепастев. Речиси сите од Корчагин вадат 10ки, или пак колоквиуми со над 85 поени. Сајанс фикшн е тоа за другите. Имам јас една школска која е тата-мата математика, во средно сите 5ки ги вадеше со по 100 поена, ама џабе и е кога мака мачи сега, ја нема таа основа, тоа ниво, кое сите го бараат на факултет. Корчагинци во трета средно решавале матрици, ние во трета средно полиноми решававме. :|

    Или пак, една колешка, учела во гимназија од внатрешноста на Македонија, каде што имала многу строга професорка по германски јазик. Па да видиш сега како и е полесно, комотно може да ја помине прва година без да пипне книга по германски, затоа што има основа. Да бидеме реални, речиси сите средни школи кај нас се заебанција, одговараш 3 лекции и ти става 5ка. Пфф! :emo:

    Оценките се битни за да те донесат до факултет, но верувај дека побитна е основата. Ти може ќе положиш матура, ќе ти бидат сите петки во свидетелствата, ќе те примат во државна. И што после? Не си завршил факултет ако тоа си го постигнал, таму е битното да се снајдеш. Затоа, учете, оти после многу мака ќе видите. Само да знаете колку мака мачат луѓе што ги знам на техничките или на медицинските факултети, изгубени во свемирот се. И не се жалете дека е тешко, или не знам што. Сте се фанале на орото и терајте до крај, за ваше добро е. :hai:
     
    На FortuneTeller.xD, Ann.94, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Девојки, дали после втора година треба да одберам смер? И ако да, кои се во Корчагин?
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Да, ПМ-А, ПМ-Б и ОХ-А и ако има повеќе заинтересирани може и ОХ-Б(али не верувам дека ќе успеете да се изборите хаха), ќе ви дадат список со подрачја, предмети, факултети и се што ве интересира :)
     
  18. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    нема јазичен смер ?
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Нема, има само билингвална.
     
  20. singer97

    singer97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    jas sum 8-odd. .. se cudam dali da se zapisam vo Korcagin, velat mnogu bilo tesko, preterano tesko.... skros sum odlicna site mi se pretki no bidejki ne sum od skopje i ne poznavam nikoj neznam nekako strav mi e .. imam stan so e blisku do korcagin pa taka naj mi odgovara tamo ... ali neznam so da praam... ve molam pomagajte !!!!