1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Честито на TheaEsposito и на Singer97 за уписот.
     
    На singer97 и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  2. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Мхм, океј. Фала на информацијата.
    A може да ми кажете кои наставници се онака поспецифични и бараат повеќе? Да знам да си се спремам.
     
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Теа, Корчагин е голема гимназија со околу 1000 деца што учат таму.Има премногу професори за да можеме да ти пишуваме за сите, а и не верувам дека некој ги знае баш сите зошто сега се во фаза кога постарите отидоа во пензија, а нови дојдоа.Најдобро би било како што ти кажав за класната, така и за професорите, првата недела ќе се запознаете со нив и ќе се претстават, а ти ќе ни кажеш кои ти предаваат (ако не сакаш јавно, можеш да ми пратиш ЛП) и ќе ти кажеме какви се ;)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  4. singer97

    singer97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Сум слушала дека по македноски некоја професорка била многу строга..... Мене највеке ме е страв за историја бидејки во нашето основно ништо книга не отваравме историја, и си немам блага веза :( ... али што биде нека биде ....
     
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Леле, се заборавам да прашам. А кои се лектири за прва, ако може да ми кажете?
    Сакам сега да ги прочитам зошто после ваљда ќе немам време за читање од премногу учење.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Обично се истакнуваат лектирите на список или на врата или тука на прозорците на канцеларија, барем така баше кога јас се запишивав.
    Еве ти ја наставната програма ги пишува мислам сите книги
    http://bro.gov.mk/docs/gimnazisko/zadol ... 0-%20I.pdf
    Јас колку што се сеќавам работевме доста книги, по 10тина секоја година.
    Не се секирај ќе имаш време за се, само со редовно учење се ќе постигнеш :)
    Со среќа
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас сега прочитав 2-3 лектири. Другите во текот на годината. Не сакам сега да се оптоварувам. А и не сум 100% сигурна дали се тие, зошто не ги истакнаа. Иначе едвај чекам да ги истакнат класовите. Леле, леле, па кој/а ќе ми биде класна/класен, со кој ќе се паднам во клас, што, како... еуфорично. :lol:
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Што ако не сте учеле ништо историја во основно? Во средно почнувате со праисторија така да..
    Вера, Петранка, Дарко (мутле е овој, песни им пеел на час ко што зборат) и Станка.
    Оваа не знам дали отиде у пензија уствари.

    Ако ти ја збореле македонски, Мими..ич не се грижи!
    Учи, зборувај литературно, читај и постојано биди активна при обработка на лектири.
    Кај неа не работи таа финта, докажи се во прва и уживај до крај на четврта.
    Жената е, не знам. Ја почитувам најмногу од сите луѓе кои ги имам запознаено некогаш, а не се дел од мојата фамилија.

    И тоа наставници бришете го од речник. :)

    Прво честито!
    Второ, не е смер тоа бе. :lol: Смеровите ви се во втора..има време до тогаш. :)
    Билингвална во принцип ти е патување во Франција кој може да си дозволи, поголемо знаење француски, дополнително полагање француска матура + тоа не го важат никаде освен ако не планираш француски да студираш, или секако во Франција, Белгија.

    Имате браво од мене што сте одбрале општи паралелки затоа што билингвална со традиција ја има најлошата дружба.
    Има дружба, да, се наоѓа секако. Јас имам многу добри другари што не се бубалици, а беа билингвалци, ама сепак има поголема конкуренција и далеку поголем број фрикови. :D
    Кога имавме час математика заедно, ние како телиња гледавме и решавме проста равенка 10 минути, овие како 2+2 пресметуваа. :D
    Ма ќе искусите се тоа самите.

    Ако сте французи, мои искрени желби да бидете 7мица, најјаки бевме. :angel:
    + 107 е најтемната училница. Дури и на 40 степени таму е ладно. :D Сите дрва од дворот држат сенка на таа просторија. Милина!


    Ако ви треба помош, сугестија за некои професори што како да правите и слично, лична порака.
    Не верувам да капам на темава, носталгична ми е.
    Корчагин љубов драга. :hug:
     
  9. IAnna

    IAnna Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам за да се запишеш во Корчагин дали мора да имаш некој дипломи од основно? :))
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не. Само биди си 5.00 за сигурен влез.
    Тоа дипломите ќе те стават прва на табела, ама што ако? :)

    И со четворки примаа јас кога бев. А претходната година примија и многу послаби како што се збореше.
    Е сега ако има доволен број 5.00 колку што се бара, тие со 4ки летаат.
     
    На IAnna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сефора оваа година примаат со 4ки и те како, дури и класната моја кога и бев на посета ми рече во Корчагин имало слаб одзив и спуштиле бодови и примале со 4ки...Од генерација моја накај 200 души што сме, 5-6 души дали има таму запишано...А имам една од клас онака 3-4ки има, прво во Георги сакала ама не ја примиле па во Корчагин си дошла, а имам и 5,00 од клас што се во Корчагин, абе каша попара. :rofl:
    ____________
    Падна првиот снег...
    Ученик од ЈБТ: Колку е романтичен бакнежот под снежно небо..
    Ученик од АСУЦ: Сеа коа ќе помине автобусон рекет му праиме со топки...
    Ученик од Корчагин: Бар сега можам и на снег да ги испишам формулите по Физика колку да повторам..
    Јас сум нашла вицови за Корчагин да кажувам, во Орце саде мед и млеко течат... :rofl:
     
    На Lolo5, Special.Someone и Anonnimna им се допаѓа ова.
  12. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Mоже во Корчагин да се влезе зо една 4? :wasntme:
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Може, тоа не е така лошо,една четворка и во мое време пред 7 години примаа, не многу ама примаа.
    Јас мислам дека нема да имаш мака, посебно читајќи дека од промала заинтересираност примале деца и со послаб успех.
    Штета ние бевме се по 8 или 9 класа,сега одвај 6-7 има.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу е бедно тоа што примаат луѓе со слаби оцени.
    Мене ич не ми се допаѓа.
    Од една страна сакаат да си го пазат имиџот и форсираат со матурата, од друга страна примаат се и сешто.
    Не ја примиле во Димитров? Со сета почит до сите што завршиле таму, тоа е многууу послаба гимназија. Штета.
     
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Не ќе ми беше мака да беше по нешто друго освен МУЗИЧКО :fubar: :swear: Човекот ми стави 4 затоа што знам да пеам ама не одев на хор. :swear:
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сефора, не е само во Корчагин, Борис бетер се, се` што треба и не треба примаат, имаше една тука од кај мене преку година 2ки и 3ки, не знам како ја примија во Борис, едино на крај да ги поправила оценките али не може па сите петки одеднаш да и бидат :^) , исто една другарка со 3ка математика се запиша во Борис, економски смер.Ужас бе, поените од 60 на 55 ги спуштиле, ко демек да немало и од прва пријавени, па после имаат по 10 класа во еден смер, и цела држава економисти и правници станаа!
    Орце си држи репутација мање - више, повеќето пријавени бевме со 75 бода, последните примени имаат накај 70.Медицина најстрого се држи, деца со една 4ка не можат да влезат, ептен некоја јака врска да имаат.Со Карев и ЈБТ не сум многу запознаена, ама знам дека одбија двајца со доста солидни оценки, и во ЈБТ многу гужва и ептен пријавени имало.
    Абе порано ко ќе се рече Корчагин или сл, абе гордост било да кажеш дека учиш во такво школо, сега кој каде сака си влага. |(
     
  17. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Да ви кажам нешто за школо. Еве вака сестра ми се запиша во Корчагин. Прво морате психички да бидете спремни за ова школо. Да имате голем потенцијал за учење и да учите редовно а не како кога ке ви текне. Бидете спремни дека ако ве фати на пик некој професор има душата да ви ја извади. Друштвото е феноменално нема забелешки. Ги има од секаде значи ке имате другарки од цело Скопје а можеби и пошироко ништо чудно. Воглавно ќе ви биде супер а можно е и да се покаете што сте се запишале таму. А мојот избор падна на ЈБТ (следната година ќе се запишам таму), а сестра ми сега се кае што се запиша Корчагин и сака да се префрли во ЈБТ ама мајка ми недозволува и вели кај отишла таму останува.
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мона Мона се уште е гордост да учиш во Корчагин. :!:
    Какви и да влагаат, на крај искачаат пак први на матура.
    Мада во тесно сме биле со гимназијана од Битола. :swear:
    Професорите стегаат, не можеш така да збориш. Мене тоа многу ми се допаѓа. И тие што беа буквално најлошите ученици во Корчагин си положија матура и тоа со солидни оцени. Само во мојот клас имам сигурни примери кои положија со 4ки двата предмета и тоа солиден процент, а претходно се тегнеа за една 2ка.
    Тоа што они примаат се и сешто е друг муабет. Орце веќе 2-3 години е шема за запишување мислам дека.
    И не можеш Борис да го споредиш со Корчагин. Гимназија и стручно.
    Плус медицина прима многу под 5.00. Претходната година или таа пред неа, не се сеќавам, примаа многу под скалата што ја имаа дадено.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Selfridge

    Miss.Selfridge Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Вака ,пошто некој погоре спомна цитирам ''примаат се и сешто'' , не значи ако примиле ученик со неколку четворки им опаѓа репутација и слично, оценките од основно не се слика за ученик како ке му иде понатаму во средно. Многу добра другарка влезе со по 4 5 четворки и некое тројче , сведок сум дека денес е мегу најдобрите во класот! Многу зависи од начинот на предавање , професорите колку се способни да ги мотивираат учениците да работат. Сепак и да е примен некој послаб ученик, најверојатно има големи амбиции, да било обратно ке одберел друго школо!

    За неинформираните во Корчагин се негува традиција за изучување на Природните Науки, Токму затоа има помала заинтересираност (на пример има голем број на оние кои сакаат општ смер) , и за разлика од порано кога примале само ученици со сите петки , денес професорите се принудени да примаат и ученици со по неколку четворки!
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Се извинувам за изразот се и сешто, гледам сега дека лошо звучи.

    Во моја генерација не беа баш мотивирачки настроени.
    Поентата е што знаат да стегнат, предаваат убаво повеќето, пак ќе кажам не знам за новите какви се, и има да те натераат да учиш па што сака нека е.
    Од друга страна има одвратни професори, од кои ќе ти се згади предметот. Малку се, ама квалитетно си ја вршат работата со одбивност.

    А во однос на тоа со 3ките и 4ките, како што имам пишано стегаат, ама не секогаш тие што биле примени со такви оценки се имаат докажано како квалитетни ученици после тоа. :) И обратно.
    Јас кога се запишував чекав да видам дали треба за приемен да се спремам.
    Они сакаа таква репутација да држат, дека е тешко да се запишеш. Јас, што бев 5.00 се плашев дали мене ќе ме примат, затоа што така се збореше.
     
    На Miss.Selfridge му/ѝ се допаѓа ова.