1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Нека ни е честито успехот што го постигнавме и со среќа за на факултет! Не верувам дека може да биде мн потешко од минативе 4 години :lol:
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Да прашам нешто сака брат ми да да оди во четвток да види дали се изjaвени списоците некоj да не знае дали се истакнати списоците да не оди за ништо?
     
  3. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Списоците со класови ќе бидат објавени на 29 август, следната среда.
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За префрлување во друг клас мислам дека може.Едно девојче уште првата недела од прва година, си се префрли во друг клас без проблем.А класнава не ти ја знам, не ми предавала мене, а и немам слушнато ништо за неа.Мислам дека предаваше на четврта лани, така да, најдобро е да прашаш некој што сега е четврта или што завршил лани. :?:
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Владица како професорка е многу фина, мене не ми предаваше ама седи во сала па си правеше со нас женските муабет и фина е многу,духовита е и не се бунеше што женските секоја недела не вежбааенски проблеми :lol: како класна незнам каква е и дали се бори за оцени.теа кои други се класни кажи ми ќе ти кажам која е најфина и најпосветена;)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Јордан географија е налуд професор :D Добар е и тоа многу, ама незнам колку е пожртвуван за оцени да брка со професорите.
    на 8ката Тања е по француски многу се фалеа од неа, предобра била како профосорка.
    Митра прв пат ја слушам, а Вера ако е по хемија БЕГАЈ ОД НЕА, луда жена е таа,по времето каково е така е расположена |(
    За Тања Ангова и Елена Стојаовска исто не ми се многу познати.
    Од сите овие Владица е убедливо најдобра жена, сеа нема да може многу многу да се пазари за оцени дека она предава физчко, ама па стои добро со професорите, некој за неа нема лош збор кажано, барем мене така класна моја ми кажуваше.А тоа пазарење на оцени нека не те чуди, се случува на крај на година, сите бркаат по некоја оцена плус и обично највлијателните професорки секогаш си извојуваат подобри оцени за некој ученици, ама не за сите, норамално кај има простор за една оцена плус.
    Мојата класна беше царица за тоа.
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не ме замараш, тамн работа, мило ми е што си запаишала таму, имам посебна љубов кон сите корчагинци незнам зашто :$
    Јас сум малку постаричка пред 3 години завршив средно, порано беше вака прва смена од 7и30 а втора до 13и15. Сега мислам дека го поместија малку зашто многу се бунеа дека рано е одсабајле и нешто наслушнав од брат на другарка ми што е сега 4та дека од 8 почнуаат, ама не сум сто посто сигурна.
    Се менуваат на 2 недели смените и искрено се постигнува со учење, ама мене подобра ми беше прва смена, зашто цел ден ти е слободен до 1-2 си максим во школо и после имаш време за се, и кафе и да излезеш и да учиш.
    Втора смена најлоша ми беше, да можеби се изнаспивав поасално, но покнап ми беше за учење,зашто во 7 кога ќе се вратиш од школо за ништо не си, па тек за учење.
    Затоа преку викедни гледав да изнаучам зашто преку недела, одвај домашни пишував.
    Кога морав сепак учев пред школо,зашто после бев преуморна, и тоа за сите 4 гпдини така.
    Фати си со време,лекција по лекција мака нема да видиш најсигурно и најискрено ти кажувам.
    И се надевам дека нема да имаш потреба од ургирање, но се случува некад, се заинатуваат за 5ки за да можат да се пазарат после |( Мене ми се случи тоа еднаш со таа латински, за инат неќеше 5ка да ми стави за да може од мојата класна да изнуди 2ки, требаше 3ца на полагање да ги носи, ама тоа е срамота за неа.
    За првите часови сега гледај да си таква како што си, фала богу дека нема да се наметнуваш ако не си таква особа нели. Гледај убаво и внимавај на одеснувањето на сите, посебно на професоите, сите се преставуаат ептен строги на почеток ама ќе видиш со тек на време, дека и не е баш така.
    Биди опиштена и пази да не му стапнеш само на нерв на некој уште од сеа,зашто се многу суетни некои од нив. Ако те прашаат одоговри си, дигај си рака и учи со време, само така ќе видат дека не учиш кампањски пред тест и ќе те ценат.
    Не се карај одма уште првата година, знам сигурно ќе има некој порфесор кој нема да го поднесуваш, ама како што ти кажав немој уште од одма на лошо да ти запмтат.
    И некои мрзат каснење, знам од сопствена кожа :$ гледај барем кај нив никкао да не касниш.
    Со среќа и кога ќе ги дознаеш сите професори кои ти предават пиши ми, тие што ми предавале ќе ти кажам нешто повеќе за нив.
    Зашто има преквалитетни професори, ама секогаш се простнуваат и по некој лош од кој нема па и баш да добиеш неко квалитетно знаење, ретки се, но ги има по некој.
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sckarlet90

    Sckarlet90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Здраво феминки од корчагин, може некој да ми каже каков професор е Јордан Лукаревски, класен ќе ми биде ?
     
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ау Теа, јас не сум ни слушнала за пола од овие професори.Тања Димовска само знам дека е екстра, ми предаваше и супер е.Многу е духовита, опуштена, си сака тишина на час, ама не е од оние професорки да се дере цело време.Борбена е и се залага многу за децата, така да, мислам дека би била супер класна :clap:
    За смените, прва смена е од 7:30, а седми час завршува во 12:30.Втора смена е од 13:15, а седми завршува во 19:10(за ова последново не сум сигурна, знам дека шести со сигурност завршува во 18:20).Се менуваат на две недели.Втора смена и јас ич не ја сакам.Обично станувам околу 8, учам сабајле, се спремам и на школо.Вечерта кога се враќам дома, ако имам малку слободно време пишувам домашни само, ама немам енергија за учење.Имам другари што учат касно навечер, па сабајлето спијат до 11.Ти ќе почнеш со прва смена и ќе имаш време да сфатиш дали повеќе ти одговара да учиш навечер или порано, преку ден, па ќе се снајдеш и со втора смена.
    Ајде, сеа да дадам и јас некое советче :lol: На првиот час со секој професор, прво, ќе се запознавате и ќе ве прашуваат што ве интересира од нивниот предмет и зошто сте го одбрале Корчагин.На тој час биди си мирна, ако те прашаат добро, ако не, немој да се залетуваш.Следниот час веќе кога ќе почнете да учите, ако знаеш нешто, дигни рака, професорите треба да те научат дека знаеш уште од почетокот.Јас бев многу срамежлива на почеток и не сакав да дигам рака.Ама, за среќа, имав едно девојче во клас што се потепуваше цело време да одговара и таа ме поттикна и јас да пробам да одговорам на некое прашање.После ова, стигнаа и првите две петки, што ми беа уште поголем мотив да се вклучам во наставата и да бидам поактивна.Немој да претеруваш, зошто така ќе направиш и професорите и децата да не те сакаат, ама немој па и да бидеш претивка, така оставаш впечаток дека не знаеш(ова ми го има кажано професор од Корчагин).Загреј го столчето на почетокот, и се ќе биде ок ;)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sckarlet90

    Sckarlet90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Која смена е 1 година утре во Корчагин ?
     
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Прва. Од 7.30!
    Уште едно прашање.. дали ќе ни даваат слободни во школо или како? Што треба да направам за да добијам слободна? И дали се плаќа?
     
  12. Sckarlet90

    Sckarlet90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Мислам дека даваат и не се плаќа.
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ќе ви дадат утре привремени слободни, на кои вие ќе си напишете податоци.Тие ќе ги имате до октомври, т.е. додека да ви ги направат вистинските слободни.Неделава ќе треба да однесете мала сликичка за слободните и ќе ја однесете кај класната.Не можам да се сетам баш, ама мислам дека не се плаќа ништо, ни привремената, ни вистинската. 8)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  14. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Музичко(Виктор) и Ликовно (Раде) баш се срцки :D
    Информатика (Жаклина) беше мн строга кај нас, на крај сите се бунеа за оценки и на сите им даде по една погоре
    а македонски (Мими) му е мајка на еден шо учи со мене.Некои викаат строга била...шо знам
     
  15. laptopxD

    laptopxD Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Korcagin e mnogu dobra gimnazija.Ja sum prva godina, mnogu go sakam klasot,nastavnicite se strogi ( mnogu normalno ). Ako ucis redovno maksimum 1:30 saat na den DOVOLNO TI E ! Ke zavrsis odlicen moze i skroz odlicen! taka da ne e tolku mnogu tesko, da tesko e ali ne da placete.I za profesorkata biologija, ne ja vregjajte taka koga si e super osoba, deka menuva raspolozenie toa da.... a i e mnogu stroga... sekako deka e zasto takva treba i da bide...pozdrav se najdobro
     
  16. lariska

    lariska Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас сум четврта година и од овие професори овде напишани можам да кажам се најдобро. Повеќето се строги и бараат многу учење. Ај да почнам со ред:
    I-1 Проф. Павлина ви предава математика, можам јасно и гласно да кажам дека е најдобар професор по математика во корчагин. Работи на принцип на кој мн малце од професорите работат, а е доста добар. На часови ке ви објаснува и тоа детално, со големи болки професорката цели часови стои и објаснува и оди од еден на друг. Многу ја почитувам и можам да кажам само пофални зборови за неа.
    п.с.(На час се ке ви изгледа супер , али тестовите и се многу тешки. Доколку имате блок часови ке правите и тест на 2 часа, и полугодишен и годишен тест секогаш ке имате :), али многу ке научите од неа верувајте) На крај кој не е задоволен ке прави поправка на годишен тест ама тоа е 3 пати потешко од тој тест кој е екстремно тежок и до сега рекорд е 2 петки од 3-4 класа

    I-2 Проф. Митра или Мими Блажевска е исто многу квалитетен професор, кај нејзе на час е исто многу строго, смеењето заборавете го, лектири не ве тера да читате али тие што читаат ке имаат 5ки а вие после на 1 час испрашување ке добивате највише 3. Писмените ги оценува строго, има по 2-3 5ки во генерација а 3ките се најчести. За крај година не очекувајте поправки ;)

    I-3 Проф. Владица е мн мирна жена и кај нејзе ке поминете лежерно. Ако знаете добро одбојка ке бидете омилени за неа , али во секој случај ке се бори за вас (АЛИ НЕ КАКО КОСТАДИНКА ГЛОБОЧКА)

    I-4 Проф. Тања е исто добра жена али не сум баш многу задоволен од неа. Од мое лично гледиште таа во Корчагин беше само како ривал на познатата Павлина Крстевска (Пацка). Го менува расположението на 2 минути, ако ве засака ке ви пишува 5 цело време али може да и текне да ве праша нешто па ако е нерасположена, тешко вас .... ке ве дере 4 години :) Али мислам дека ке си оди брзо. П.С. не ги сака воопшто оние што се умилкуваат и прашуваат 1 исто 5 пати :)

    I-5 Не ја знам за жал али ако е таа која што се збори дека е , мислам дека е една строга жена али ако ви е класна нема да имате кај нејзе проблеми.

    I-6 Проф. Елена за мене најодвратното суштество во корчагин(Не од надворешен аспект туку како личност) кај нејзе за 1 тест ке имате 10 лекции од кој 10 типа на задачи кој сте ги учеле само 5 ви се за тест. Правите тестови како за прво одд. што се прелесни али преобемни за дадено време ( Како да напишеш есеј за што си правел вчера од 500 збора за 15 мин...) Многу ке ја замразите затоа што ке се понаша како газда и ке се заканува со триста санкции од којa ни 1 не ја видовме до сега... Едноставно одбивна личност која што коа ке ви треба највише(Пред тест, да ви објасни, на вежби...) нема да ве познава(Не очекувајте поправања на совет затоа што ни она како класна нема да се заангажира)
    Али ако сакате да поминувате без тестови и без замарање кај нејзе само умилкувајте и се и секој час после секоја задача носете и тетратка и прашувајте ја дали ви е точно ова она... и ке ве засака

    I-7 Не го знам професоров али пошто се шири добар глас за него не верувам дека ке имате проблеми со него, впрочем сите професори по географија во корчагин се шалабајзери, ништо нема да учите а само ке уживате...

    I-8 Германски клас сум и незнам за неа али погоре сите ја фалеа па вагјда таква и е.
     
  17. lariska

    lariska Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    П.С. Заборавив да кажам дека ке сте најсреќни луѓе затоа што информатика ви предава Жаки :) Ѕвер е жената, многу фина личност, оцени 4-5 али со малце учење се има 5, испрашува рандом :) и тоа и позната узречица, можам да кажам се најдобро за неа :) Малце ке ве нервира на почеток ама многу ке ви фали ако си отиде :) ко што мене ми фали сеа.


    Иначе сакав да прашам дали некој има искѕство со проф. Валентина Програмски, оваа година IV ми предава, и уште на почеток стекнав некаков лош впечаток за неа али се некако не ми е јасна во било каков поглед, ако некој има искуство би ми било мило ако ми каже збор два за неа :)
     
  18. sparklie

    sparklie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    255
    ^ Жаки е супер професорка - said nobody ever :^)
     
    На Milenalena, Ann.94, deedee0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Да ве упитам, му предава на некој Софрониеска хемија?
    Абе женава е единствена мислам во 2 школи што предава.Живи цепки е на часови, иако на СИТЕ што им предавала уплав имаат и од нeа и од хемија. :D
     
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не е единствена што предава во 2 школи, ама дефинитивно и од двете гимназии сите на кои што им предава, ми се жалат од неа.Многу била строга, требало да знаете не знам што за да добиете петка,па ако била нервозна, на сите ставала ниски оценки, без разлика дали ги заслужиле или не...За мене се тоа само муабети, не ја знам жената и не можам да кажам ништо за неа зошто не ми предавала :lol: