lariska една е Пацка, не ги буни. Вие викајте си ја како сакате Павлина, ама Пацка си е Пацка. Ангова добра жена? Ти бе дете имаш памет? Ги сака тие што се умилкуваат баш. Уствари кај неа или си и мил на фаца, или не. Јас не и се смешкав зашто до тоа ми било дојдено, па и одвраќав и се хејтавме. За Павлина не знам дали ти пишав ТеаЕспосито тогаш во инбокс (барем така паметам, може на друг беше), меѓутоа е страшно добра професорка. Може сум ти истрескала некоја глупост, ама штом дечко ми е задоволен од неа, алал да и е. ^^Виолета физика предава во Корчагин и ЈБТ. ЈБТ ги сака повеќе, а не знам зошто кога ја малтретираат. Хемија, не Софрониевска, другата Стојчевска што се презива мислам предава во Корчагин и Орце. Таа Орце ги сака исто, не ја пипкајте. Додуша не знам дали е уште кај нас. Нора по англиски исто така предава во Васил Антевски Дрен. Е она Корчагин го љуби. Не ми текнуваат други, ама има, сега да не ги мислам. Ај некој од Корчагин нека биде доволно фин да ми пише или на темава или лп, кога има предавање со Мими Блажевска. Сакам да ја посетам па да се ориентирам со време и плус смените да ги погодам.
Девојки ке може ли да ми кажете другиот месец кој датум е уписниот? Сакам т.е. ке се запишам во Корчагин, иначе сестра ми е во Корчагин и до сега најлоша наставничка им е по физика Јулија...не дека е лоша али млада и тоа ти е...
Обично се истакнати на вратата или на прозорите на канцеларија сите лектири. Имаше време, одмори малку ќе ги прочиташ сите. Лектирите се помалку, повеќе има дела.
Луѓе ја сакам во Корчагин да се запишам конкретно од 3та на ПМБ знам тоа за медицина е но може некој да ми каже што предмети се изучуваат
Природно-математичко подрачје Б III година -Македонски јазик и литература -Прв и втор странски јазик -Математика -Историја -Физика -Хемија -Биологија -Спорт Изборни предмети -Програмски јазици -Латински јазик -Географија IV година -Македонски јазик и литература -Прв и втор странски јазик -Филозофија -Спорт Изборни предмети -Физика -Хемија -Биологија
епа јас отидов и си ги запишав. вака: Лектири: 1.Плаут:Скржавец 2.Едно од евангелијата на Новиот завет(избор) 3.Жозеф Бедије:Тристан и Изолда 4.Оноре де Балзак:Шагринска кожа 5.Народна македонска поезија(избор) 6.Современа македонска поезија(избор) 7.Антон Павлович Чехов:Вујко Вања Дела(овие не ги сфаќам баш): 1.Најстарите литература на светот-египетска,сумериска 2.Сумерски еп:Гилгамеш 3.Хебрејска литература:Библија 4.Преглед на другите ориентални литератури-персиска,индиска,јапонска 5.Старогрчка литература(родови),страогрчка митологија 6.Епика:Хомер 7.Драма:Трагедија,комедија,сатирска драма 8.Софокле:Ојдип тиранин/Крал Едип 9.Лирика-преглед 10.Старогрчка литература(преглед) 11.Средновековна/старословенска литература 12.Панонски легенди 13.Климент Охридски:Похвала на нашиот блажен татко и учител 14.Црнорезец Храбар:За буквите 15.Средновековни жанрови 16.Средновековни скрипториоуми од теренот на Македонија
^ Лицемерка е, јас ич не ја сакам зашто кај неа се живееше на стара слава во главно и се приврзуваше многу за одредена група на студенти и за нив беше бескрајно попуслива. Како професорка е никаква, со некои фикс идеи, ќе се смееш на системот на оцени на писмении 3 на 2 на 1+ или 4 на 5 на 3- и тако даље. Не е позната како борбена класна, барем во мое време не беше. Но може нешто се сменило,поминаа цели 4 години откако јас завршив средно, не знам како е сега таму.
Фала за брзиот одговор... ако е точно тоа за нејзините начини на предавање и дека не е борбена класна.....тогаш тешко мене
Vprento123 не е се така црно, барем Македонски нема да си имаш големи проблеми, само читај ги сите дела и дискутирај на час, кај Роска тоа многу пали, на граматика ич не обрнува внимание нас ни викаше сами научете си дома Паѓаа добри дискусии на час признавам, ама е малку чудна за мој вкус, сакаше да пишуваме ко Венко Андоновски, и немаше 5ка на писмена никогаш ни една у не знам колку генерации наназад, и јас се бунев за тоа и затоа се закачивме у 4та година на крај у Април, зашто има невозможно критериуми за средношколци. Вака е инетресна знае да направи и нормален муабет и знае да биде фина, ама мене ме невираше тоа што имаше 3-4 љубци од клас што им предавала од 1ва(мене ми предавше само во 3та и 4та) и на нив и најголемата глупост да ја кажеа 5ка им ставаше и им прогледуваше низ прсти а со другите имаше други критериуми. Не сакаше искреност туку малку циле миле да и водиш политика и јас затоа не ја сакав, не ги сакаше борбените ученици туку оние послушните што само климаа со глава. Дај боже да се променила, ама јас имам ужасно лошо мислења за неа, што го имам само за уште 2-3 други професорки од Корчагин. Мене класна не ми беше, и беше другарка на мојата класна и многу се дружеа(Тичер и е другарка, по англиски Тања) и можев да ги компарирам и затоа ќе кажам дека на мојта класна не и беше до колена за пожртвуваност. Е сега најубаво би било да се јави некој на кој му била класна па да каже најточно и најпрецизно. Али не паниничи, не е толку битна класната, мене во 1ра и 2ра класа ми беше Глобочка физика и ако ти се верува не ми помагаше туку ми одмагаше, не само мене на пола клас, заради неа една 4ка ми остана у прва зашто она и рекла на профеорката ако не му ставиш на еден нејзин миленик 5ка немој и на другите да има ставаш. Ѓубре од класна, мизерија, ама и без неа пак си иима среќа други прекрасни професори што ценат учење и искреност а не лицемерие. Учи и биди си своја, тоа е мој совет. И не се разочарувај кога ќе видиш врскаџии и незаслужени 5ки, и тоа го има во Корчагин, можеби не премноу како во други школи ама го има. Учиш за себе, средното остава голем белег на тебе и на твојата личност. Со среќа и само успеси да редиш Само многу ми е криво што овие идни генерации нема да го имаат најпрекрасниот професор на планетата- Стефан Сидовски- Сидо по филосовија, затоа што тоа беше човек на чии предавање се седеше со мерак и се учење, се црпеше мудрост и знаење, прекрасен човек пред се и вистинки заљубен во профестијата и со мерак предаваше и даваше знаење, на оние кој сакаа да го добијат.
Му предава на некој Елизабета Николовска биологија и Сузана математика? Ај ве молам пишете нешто повеќе за професоркиве
Елизабета мене ми предаваше во прва и втора. жената стварно многу се труди и знае, за секое предавање спрема презентација со слики и видеа и ако слушаш на час доста ќе научиш. учевме од нејзини скрипти (прилично големи, а она ги вика скриптички), тестовите и се прилично тешки и големи со по околу 30-40 прашања, на 4 страни и во нив имаш заокружување, дополнување, цртежи, табели значи СЕ. нека не те лаже тоа дека прашањата на заокружување се лесни, ги составува да бидат такви со сите одговори точни, ама еден најточен (ко што вика она) ама не се плаши, ако си научил убаво ќе имаш 5, тестовите и се обично реални. иначе еднаш е насмеана и ги сака сите, друг ден е намќореста и ги мрази сите. таква е и со оценките, некогаш може да поправи една па и две оценки, а некогаш може да те исцеди до смрт и пак да не ти поправи. на крај на година знае да попушти барем една оценка, ама затоа знае и да намали хахаха. лошо кај неа е шо секогаш има некои деца шо ептен ги сака, а има па некои шо секој час го јадат. си има некои свои принципи, за нас сеуште непознати. често испрашува ненајавено, и ако не е расположена, молете се да не ве испраша, зошо повеќе од 2 нема да добиете и немој никогаш да и се спротивставуваш или да и водиш инат, немој!