1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од BlackCat, 4 април 2011.

  1. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Вистина е тоа деκа сκоρо сеκоја недела се обρаботуваат леκтиρи? И аκо може да ми κажете κаκо ги обρаботуваат за да знам дали да ги ρасκажувам во тетρатκа летово?
     
  2. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Кажете ми дали во прва година има задолжително одење на базен, ако да во кој период одевте. :)
     
  3. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Да се оди, но зависи од тоа како ќе ви каже професорот. Ние моравме да одиме, ама не беше задолжително да се бањаме. Иначе се оди во зависност од тоа како е направен распоредот за термини.
     
  4. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Само еднаш одите или повеќе пати?
     
  5. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Три пати мислам дека, за сите школи е ова не само за РЈК.
     
  6. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Ее дајбоже да е таκа :)
     
  7. anadzvezda

    anadzvezda Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Зависи кој професор ќе ти се падне секој различно ги обработува лектирите. Мој совет е да си ги прочиташ и раскажеш зашто после не верувам дека ќе имаш време и за читање и за учење. Во прво полугодие нема многу со лектири да ве замараат две - три ќе обработувате ама затоа во второ... и не е како во основно една недела однапред закажана лектира значи ти кажува од час за час...Корчагин.. :)
     
  8. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    ^
    Ее епа најдобρо е да ги пρочитам и запишам сите летово, ја пρочитав Тρистан и Изолда само. Сепаκ фала ти за советот и јас мислам деκа нема да имам вρеме од септемвρи сепаκ Κоρчагин е, не е зафρκанција. :)
     
  9. TheKing02

    TheKing02 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Сакам да знам кои наставници се "терсене" во Корчагин и каква е како класна Англиски :) :) :D :D :D
     
  10. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Дали знаете кога ке бидеме распоредени по класови? :)
     
  11. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Последната недела од август, најверојатно 27-29 август..
     
  12. TheKing02

    TheKing02 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Класовите ке се објавуваат изгледа од 25 натака а ако си белингвална ти си 1/8
     
  13. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Јухууу, објавени се κласовите, јас сум I-7 κај Пеρо Миновсκи :D
     
  14. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    I-4 класен раководител: Каролина Кузмановска. Нешто за класната? :^)
     
  15. TheKing02

    TheKing02 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Нешто за Розе Македонски. 1-1 мислам дека сме супер клас.
     
  16. TheKing02

    TheKing02 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Каролина ти предава Англиски
    :) :)
     
  17. TheKing02

    TheKing02 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Каролина ти предава Англиски
    :) :)
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Најдобро е детално да си ги раскажеш книгите, ама детално! Не можеш да пројдеш со скратено од нет или некој ако ти ја прераскаже (сме пробале милион пати, верувај). На почеток ти кажуваат во која недела што се учи и после буквално се случувало од денес за утре да ти ја зададат, така што води си забелешки. Прашуваат доста детално, споредба меѓу ликови, анализа на лик и кои одлики на правецот ги препознаваш во ликот/делото. За писателите најважно е да знаеш што повеќе за нивните дела, која година се напишани и во кој жанр припаѓаат. :)
     
  19. Vkc

    Vkc Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    I-7 sum i jas, zbor-dva za klasniot Pero fizicko? :)
     
  20. ana01

    ana01 Нов член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Перо е еден од најдобрите професори во Корчагин.Најважно за него е да бидете редовни на часови,секој час да носите опрема и да вежбате. Можеби прва година ќе биде малку строг за да ве заплаши,ама не е таков,добар е. Исто така го цени многу трудот на учениците,посебно на оние кои немаат дарба за спорт а сепак секој час вежбаат .На крај на година многу попушта на сите. :)

    Видов некој погоре праша и за професорките Роза и Каролина. Па еве да искоментирам нешто и за нив :)

    Роза македонски е најдобрата професорка во Корчагин дефинитивно. Во прва година беше премногу строга. Буквално сум се тресела од страв на нејзините часови не само јас ,туку сите. Уште првиот час не прашуваше за фонетика и фонологија. Првиот есеј што го пишувавме на незјин час не натера по 10 пати да го пишуваме,ни ги кинеше листовите од тетратката и ги прешкртуваше есеите затоа што не чинеле и содржеле раскажување.Меѓутоа сите нејзини критики ни помогнаа да научиме како правилно да пишуваме убави есеи. Роза е најдобра професорка по македонски .Преубаво предава,посебно кога се анализира дело на час. Детално ги анализира сите ликови и ситуации. Ако внимателно и ги слушате предавањата на час дома нема потреба да учите македонски. Доволни ќе ви бидат 10 минути само да се потсетите и да напишете план. Најважно е да си фаќате забелешки во тетратка ,заради тоа што многу работи што ке ги каже на час ги нема во учебник а ќе ви ги бара на испрашување. значи запишувајте се што кажува на час ,посебно анализата на ликовите кога ке ги обработувате делата затоа што тоа ке ви помогне да ги пишувате убаво есеите. Немојте македонски да учите никогаш на памет затоа што од 4 нема да мрднете погоре. Учете континуирано .секој час бидете спремни затоа што многу често пред да почне да предава нова лекција испрашува за старата. А тој што нема да знае тешко него. Значи кај Роза бидете активни секој час ,учете редовно и нема да имате проблеми .Кога испрашува ке ви поставува повеќе логички прашања и ке бара логички да ги поврзувате работите.Затоа не очекувајте лесни прашања на испрашување и бидете максимално сконцентрирани затоа што така ке ви текне одговорот ,сепак она го кажала на час тоа само што поинаку го формулира прашањето на испрашување за да ве збуни и да види дали сте сфатиле. Роза ги сака тие ученици коишто секој час се активни ,на нив и да заглават понатаму знае да им попушти и да им прогледа низ прсти. Ама тие што спијат на час и што не се заинтересирани за предметот нека му ја мислат . Ке ги понижува пред сите кога нема да знаат,а понатака ако почнат да учат и да знаат за петка нема да им стави. Молете се да не ви дава тестови затоа што повеќе од пет петки во генерација тешко дека ќе има. Исто така читајте ги редовно книгите. Значи кај Роза прва година ке ви биде стресна ,ама понатака е порелаксирано. Најмногу ке ги сакате часовите по македонски и оваа професорка. Жената е прекрасна и како професор и како пријател.Секогаш ќе ви дава убави совети ,таа е единствената професорка која што има разбирање спрема учениците,ќе ве натера да ги засакате книгата и уметноста. Како бивша Корчагинка сум премногу среќна што ја имав честа да ми предава професор како Роза,најмогу ја сакам и почитувам нејзе :)

    Каролина англиски е многу принципиелен професор. Кај неа на час треба да има дисциплина пред се. Домашни,учебници ,работни тоа треба секој час да се носи,инаку пишува минуси веднаш. треба многу да се трудите ,да покажувате интерес за да имате убави оценки. И да знаете премногу англиски доколку не носите домашни и не сте активни на часови немате петка. На оние пак што не им иде англискиот,а сепак се трудат на крај на година ке бидат наградени ,дури и со плус две оценки. Инаку на нејзините часови е многу досадно и монотоно. Мене еден час англиски ми траеше како цела вечност и постојано бев со телефонот во раце само гледав кога ќе звони. Професорката за време на часот не седнува цело време само шета низ училница и мисли дека многу убаво предава ама не предава како што треба. Тоа најдобро се потврдува на тестовите . Сите добивавме двојки и тројки. Петки ретко кој имаше. инаку многу ме нервираше кај неа тоа што пет минути пред да звони она е веќе во училна и запишува отсутни. Затоа совет не доцнете на англиски и исто така учете ги текстовите да ги раскажувате уште од првиот час. Затоа што на час без да ви најави ке почне да ве испрашува и кој нема да знае ке си добие единица.
     
    На Vkc му/ѝ се допаѓа ова.