Јас учев средно таму и сум задоволна. Меѓутоа сега некои од професорите кои мене ми предаваа не предаваат повеќе таму. Според мене подобро би било да се запишеш во училиште, кое како што велат, ти нуди занает ( медицинско, техничко, економско...) за во случај да не продолжиш на факултет. И да не те буни тоа дека ако завршиш средно медицинско мора да одиш на Медицински Факултет. Јас завршив медицинско па запишав Јазици
Брат ми заврши таму за заботехничар и потоа продолжи на стоматологија на УКИМ. Во споредба со неговите колеги кои претходно учеле Гимназија или некое друго училиште, доста работи му беа познати и особено со стоматолошките предмети немаше никакви потешкотии. Ама дури и да не продолжиш тоа на факултет, си учиш занает, па ако те влече да се запишеш, thumbs up!
Јас учев во медидинско на смер фармацевтско-лабораториски техничар. Задоволна сум од професорите и супер си поминав. Ако не ти оди математика супер ти е како избор, зошто ќе учиш само две години. Сум имала и построги и не толку строги професори ама секогаш гледаат да ти излезат во пресрет. На крајот на средно сите имаат некој пријателски однос и се трудат да те посоветуваат кој факултет да го избереш.
Во прва година, сите смерови учат исти предмети, скоро сите како во основно со исклучок на географија и втор странски јазик(германски/француски), дополнително има латински ј., анатомија, физиологија, хигиена.