1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сабота...

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 29 јануари 2011.

  1. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Луѓе дали знаете зошто ја отворам оваа тема? Дали знаете дека постои многу важен ден кој скоро сите го имаат заборавено? Запрепастувачко е тоа што само малку луѓе се свесни за тој ден и покрај тоа што станува збор за еден ед најважните денови во целата човечка историја!Тоа не е само ден од минатото, туку ден и на сегашноста и на иднината.Уште поважен е фактот дека она што се случило на овој занемарен ден, може да има фундаментално блијание брз твојот живот.Дали дакаш да дознаеш повеке восхитувачки факти за овој загубен ден?Тогаш прочитај внимателно се што ќе биде изложено ви оваа тема... Многу е од важност секој со отворено срце и без ПРЕДРАСУДИ да донесе било каков коментар или сугестија...се обраќам на они кои веруваа во БОГ, и на оние кои не веруваа, но чисто се сомневам дека ќе сакаат и воопшто да слушаат за ова, но нека го дадат својот максимум, а за другото ќе се погрижи БОГ...дали знаете дека тоа е четвртата заповед во Библијата и дека целата библија е исполнета со САБОТА, нигде не е спомената неделата како седми ден или ден за одмор...проверете и уверете се, јас не лажам...во прашање се вечни последици....не сум во никаква секта, зошто се што е вон Библија се смета за секта нели? Прашајте и поп по црквите ќе ви го каже истото.Погледнети ги следниве стигови:
    2.МОЈСЕЕВА 20:8-11
    "Помни го саботниот ден, за да го празнуваш. Шест дена работи, и врши ги ви нив сите свои работи; а седмиот ден е САБОТА ГОСПОДОВА, ден на твојот Бог; тогаш нема да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ни придојдениот кој се наоѓа кај тебе, зошто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата , морето и се што е во нив; а во седмиот ден си одпичина: заради тоа Господ го балослови седмиот ден и го освети."
    -КОЈ ДЕН ВООБИЧАЕНО ГО ПРАЗНУВАЛ ИСУС?
    Лука 4:16- "И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според својот обичај, и стана да чита." (Исусов обичај било да празнува сабота)
    -НО ВО КОЈ ДЕН СЕ ПАЃА ДЕН ЗА ОДМОР?
    Битие 20:10, MАРКО 16:1,2- " A седмиот дене сабота Господова на твојот Бог...А кога мина денот за одмор,... и многу рано, во првиот ден на седмицата, дојдоа на гробот." (Днот за одмор не е првиот ден во седмицата-недела, како што многумина веруваат, туку седми ден е -сабота.)
    -КОЈ ГО СОЗДАЛ ДЕНОТ ЗА ОДМОР И КОГА?
    Битие 1:1, 2:2,3- "Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата...и си одпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зошто во тој ден си одпочина од сите дела Свои, што ги направо и создаде." (Бог го создал денот за одмор во време на создавањето на светот. ТОј си одпчинал во денот за одмор и ги благословил и посветил, го одредил за свети нешта).
    -НО ЗАР ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ НА СЕ ПРОМЕНЕТИ?
    Лука 16:17, Псалм 89:34- "Исус рече:полесно е небото и земјата да поминат, отколу да пропадне една цртичка од Законот...Бог вели: нема да го нарушам Мојот завет и нема да гхо изменам она , што излегло од устата Моја." (Не никако! Потполно е невозможно да биде променета било која зповед од Божјиот морале закон. Сите десет заповеди се важечки и до ден денес).
    -ДАЛИ АПОСТОЛИТЕ ЈА ПРАЗНУВАЛЕ САБОТАТА?
    Дела 17:2, 13:13,14, 16:13, 18:4- "Павле, по својот обичај, кај јудејцита и три саботи по ред им зборуваше за Писмото...Павле и неговите придружници...влегоа во синагогата во сабота и седнаа...А во сабота излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме им зборувавме на собраните жени...И секоја сабота, тој (Павле) зборуваше во синагогата и ги убедуваеше Јудејците и Грците."
    -ДАЛИ И НЕЗНАБОШЦИТЕ ИСТО ТАКА ЈА ПРАЗНУВАЛЕ САБОТАТА?
    Бог заповедал: ИСАИЈА 56:2,6,7- "Блажен е човекот...кој пази на саботата за да не ја оскверни...и синовите на другоплемениците, што се присоединиле кон Бога,...сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат, и цврсто се придржуваат на заветот Мој;Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жртвите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зошто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом на сите народи." Апостолите учеле: Дела 13:42,44 18:4- "А кога Евреите излегуваа од синагогата, незнабошците ги молеа да им ги проповедаат овие зброви и ним идната сабота... И следната сабота се собра скоро цел град да го чуе Божјото Слово...И секоја сабота тој зборуваше и ги убедуваше Грците и Јудејците." (Aпостолите не само што ја празнувале саботат, ртуку и ги поучувале обратените незнабошци да го прават тоа. Ниту во еден случај тиа не укажуваат на неделата како свет ден.)
    -ЗОШТО БОГ ВООПШТО ЈА СОЗДАЛ САБОТАТА?
    ИЗЛЕЗ 20:8,11 ЕЗЕКИЛ 20:12
    а)знак на создавањето
    " Помни ги денот саботен...за да го празнуваш...оти за шест дена ги создаде Бог небото и земјата, морето и се што е во нив; а седмиот ден си одпочина: заради тоа Господ го благослово и освети седмоит ден."
    b)знак на откупување и посветување
    " Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меќу Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува. "
     
    На n.lauda, hermosa и belasica им се допаѓа ова.
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    САБОТА...

    Ама ова за недела јас го имам прочитано. Од каде па сега за сабота?
     
  3. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    САБОТА...

    а)знак на создавањето
    " Помни ги денот саботен...за да го празнуваш...оти за шест дена ги создаде Бог небото и земјата, морето и се што е во нив; а седмиот ден си одпочина: заради тоа Господ го благослово и освети седмоит ден."


    нешто не ваља, пон-пет = 6 дена?

    бтв, иди на работа кај приватњак и одмарај сабота....да те видам :)
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    САБОТА...

    И јас колку што знам ден за одмор, ден кој треба да го посветиме на Бог е неделата, а не саботата. Саботјаните ја сметаат самотата како ден кој треба да го посветиме на Бог, и ден во кој ништо не се работи.
    Инаку, во православното календарче баш сега видов четвртата Божја заповед е вака:
    Памти го денот за одмор, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите работи, а седмиот ден е одмор на Господа, твојот Бог;
    -никаде нема спомнато сабота.
    И ако саботата е ден за празнување, зошто тогаш сите недели во календарите се обележани со црвено како и поголемите празници? :^)
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сабота или сабат како ден за одмор го празнуваат Евреите и за нив е тоа ден кој го посветиле на Бога и тој ден не смее да се работи.Во дамнешни времиња Библијата се однесувала на сите,за потоа да се издвојат семитизмот,католицизмот,православието,основата е иста,но секоја група си повлекла со себе и свои обичаи,верувања,навики,практики.Сум ги проучувала доста религиите и ова е една од оние разлики кои се јавуваат во денешното поимање на денот посветен на Бога.Има и др.крупни разлики ама не е тоа во склоп на темава.
    Ние како православни христијани сме ја прифатиле неделата како ден посветен на Бога во кој не се работи.
    Се надевам ја подразјаснив дилемата.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    ВАКА СЕГА...Јас не пишувам ништо од себе...ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРАВОСЛАВНАТА БИБЛИЈА 2.Мојсеева 20 глава од 8-11 стих,(бидејќи велите дека сте провославни христијанки), па уверете се самите, а не во календарцињата, кои се штампани од самиот одбор на црквата...А сега малку да ви ја објаснам историјата пред доаѓањето на Христа, односно зошто во денешно време СИТЕ ја празнуваат неделата,а не саботата... Цар Константин, кој потекнува од Ниш, инаку тогашен паганин и многу божец, кој што верувал како и сите пагани во многу богови, како и во богот на сонцето, или т.н. amon raa, па затоа, Цар Константин, во согласност со тогашните советници, во 321год.пне. на 7 Мај, ја сменил саботата во недела т.е. sanday - богот на сонцето, како што и папата подоцна, во 366год. пне. го поддржува и го усвојува тој декрет, кој што е валиден и до ден денес...Верувам дека малку од малку ви појаснив како стојат работите, а оној кој сака да верува, но ВИСТИНСКИ, нека верува на Писмото (како што тоа и го пишав во претходните текстови, дека треба само да БОГ да му се покоруваме и Нему да му служиме)...не слушајте човечки преданија, но не ме слушајте ни мене, туку САМО ПИСМОТО...инаку ова за Цар Константин го прочив од една книга што ми ја даде еден поп во Црквата во Ѓорче...значи самата црква е контрадикторна и не ги почитува Божјите Заповеди...ОДЛУКАТА Е ВАША ;) поздрав
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doggy

    Doggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Православните христијани слават недела како ден на кој не треба да се работи, треба да се одмара итн... А другите религии како евангелисти и сл. тоа го прават во сабота.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Скоро сите биле пагани пред да ја прифатат христијанската вера,не само цар Константин кој го вовел христијанството како слузбена религија во Римската империја,па не е во ред да го напаѓаме токму него,бидејќи секој што веќе се покрстил не е веќе паганин и се прифаќа како рамноправен верник.
    И сама каза како декретот за прогласување на неделата е валиден до ден денес.
    Во Библијата пишува и за обрезување,па дали ти ќе го направиш тоа ако веќе имаш или ако утре имаш машки деца?
    Не се лути,ама не треба да се претерува ќе повторам сабатот е ден посветен на Бога кај Евреите,ако ти се определиш да го славиш твое право,ама да не напаѓаш дека не сме православни христијанки еве твој цитат „(бидејќи велите дека сте провославни христијанки)„зошто не се согласуваме со тебе,е претерано.
     
  9. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Скоро сите биле пагани пред да ја прифатат христијанската вера,не само цар Константин кој го вовел христијанството како слузбена религија во Римската империја,па не е во ред да го напаѓаме токму него,бидејќи секој што веќе се покрстил не е веќе паганин и се прифаќа како рамноправен верник.
    И сама каза како декретот за прогласување на неделата е валиден до ден денес.
    Во Библијата пишува и за обрезување,па дали ти ќе го направиш тоа ако веќе имаш или ако утре имаш машки деца?
    Не се лути,ама не треба да се претерува ќе повторам сабатот е ден посветен на Бога кај Евреите,ако ти се определиш да го славиш твое право,ама да не напаѓаш дека не сме православни христијанки еве твој цитат зошто не се согласуваме со тебе,е претерано.......................................................................................................................................Н

    Не се разбираме...„(бидејќи велите дека сте провославни христијанки)„ беше кажано во контекст на тоа дека тврдите дека сте христијанки, а порекнувате дека јас ја зборувам вистината, па затоа да проверите во ХРИСТИЈАНСКА ПРАВОСЛАВНА БИБЛИЈА и да се уверите самите себе си дека јас не лажам, ниту пак сакам некого на нешто да убедам, затоа и на крајот напишав изборот е ваш, за да не бидам погрешно сватена како што и сум, а уште помалку па сакав некого да навредам или пак сајтов да го користиме за вакви дообјаснувања...а за Цар КОнстантин во ред е ако го вовел хрисијанството како службена религија, меѓутоа таа религија да се вклопува со основните Библиски барања, односно со барањата од Бога. А уште помалку право имал да ја менува саботата во недела, а тоа што и до ден денес е така, не значи дека треба да се потчинеме на човечки правили во замена на Божјите...Кој е тој што може да се спротивстави на Божјиот збор?...јас искрено не би се ни осудила ниту ви помисла, самата за себе да си задавам свои закони во Име Божјо, а уште помалку за целиот народ да го збунам...тоа е моето мислење, секој за себе :) нели?...а за тоа дека и Исус бил обрезам, бил, и дека обрезанието го пишува така е, но обредниот закон од стариот завет е укинат со Жртвата на Христа на крстот, а да не беше икинато се тоа би ги обрезала и јас моите деца...ПОГЛЕДНИ НЕКОИ СТИХОВИ ЗА ОБРЕЗАНИЕТО КАДЕ ШТО ПАВЛЕ КАЖУВА ДЕКА ОБРЕЗАНИЕТО НЕМА ВАЖНОСТ:
    Галатјаните 5:2 и 6 "Еве, јас, Павле ви велам:ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне...Зошто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку лјубовта"
    Колосјаните 2:11 " во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;"
    и за крај :) , саботата не е само за евреите, туку за сите луѓе на земјата, погледни што вели Писмото:
    Левит 23:31,32 " Никаква работа не вршете: тоа ви е ВЕЧНА наредба и за родовите ваши по сите ваши живеалишта. Тоа е за вас-сабота-ден за почивка, па затоа смирете ги вашите души....од една до друга вечер празнувајте ја вашата сабота"
    Исаија 56:8, 11:12 " И ќе крене знаме кон назнабошците и ќе ги собере прогонетите Израелци; расеаните Јудејци ќе ги повика од ЧЕТИРИТЕ ЗАМНИ КРАИШТА ", а во Римјаните кажува дека не сите што се од Израил се само тие Израилци и дека Аврамовото семе сме и ние ако имаме вера, што значи дека тоа се однесува и на нас
    Римјаните 9: 6 " А не е можно словото Божјода изневерило : бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил"
    Галатјаните 3:29 " А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Аврамово семе, и по ветување наследници"
    Исаија 56:8 " Господ Бог, Кој ги собира РАСПРСНАТИТЕ ИЗРАЕЛЦИ, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и ДРУГИ " плус тоа знаеме дека Бог е непроменлив, како е можно тоа да биде валидно само за нив, а не и за нас?... Бог има една мисла која останува за секогаш, погледни...Псалам 110:7 " Делата на рацете Негови се верност и правда; и верни се сите заповеди Негови, утврдени ЗАСЕКОГАШ, и заснобави брз верност и правдина" и Евреите 13:8 " Бог е ист вчера, и денес и утре, и ви вечни векови "...амин! поздравче :)
     
  10. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Фарфела,никој не те обвини дека лажеш,не знам како стекна таков впечаток.Јас многу добро знам што пишува во Петтокнижието на Мојсеј околу саботата.Секој се определува по слободна волја кој ден ќе го посвети на Бога,мое лично мислење е повазно е луѓето да ја имаат верата длабоко во себеси,така секој ден ќе се поблиску до Бога.Има многу што се расфрлаат со цитати од Библија и се секојдневно по цркви,ама со постапките се далеку од Бога.Не мислам на тебе,да не стекнеш таков впечаток,зборувам за луѓе што ги познавам.
    Сепак твоето инсистирање некако на оваа тема за прифаќање на саботата ми изгледа претерано,иако претпоставувам дека имаш добри намери,секој си одбира за што ќе се определи на крајот на краиштата. Не мора да се убедуваат луѓето дека не е во ред нивното мислење,па и декретот не бил ставен во функција за бадијала.И иако гледам си нашла оправдувања за тоа како не мора да се врши обрезување, ми изгледа како само барање изговор-ако толку инсистираш на изворноста и почетоците-држи се во целост-па и со обрезување.И Библијата и црквата претрпувале промени тоа сакам да ти посочам,за мене декретот на цар Константин е валиден и него мн.го почитувам како значајна личност во историјата на христијанството.Јас и натаму си го почитувам секој ден како Божји,но неделата како ден за одмор.
     
  12. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Во право си, секој ќе си одговара за себе...а не навалив на темата, повторно сум погрешно сватена и не се наттурам, туку оговарав и појаснуван на работите кои беа изложени во однос на мојата тема... :)
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Вака, јас Библија дома немам и не сум ја читала, меѓутоа тоа не е релевантен фактор кој покажува дали јас си ја познавам добро мојата ПРАВОСЛАВНА РЕЛИГИЈА. Ако не се лажам - значи според тебе тоа што го пишува во православните црковни календарчиња е лага? :^) Јас така разбрав од тоа што го имаш
    напишано. Лично свештено лице ми има кажано за некои работи кои не би биле баш јасни околу православната религија. Ден кој треба да го посветиме на Бога, да не работиме, да отидеме до црква итн.. е НЕДЕЛА. Значи говорам за православните христијани :) Свештеното лице со кое разговарав летоска меѓудругото ми кажа дека најважно за еден православен верник е да не прави злодела, да не ја пуни душата со омраза, завист, нечисти мисли итн...Тоа е многу поважно отколку да се расплинува некој со огромни цитати од Библијата и филозофии сувопарни.
     
  14. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Срце не се сувопарни филозофии, тоа е Божја реч :) не е проблем се што кажа, но поважно е тоа лице што ти говорело за се тоа да има некакви аргументи нели? Сепак секој поп или свештено лице мора да има завршено теолошки факултет и тие многу добро знаат дека никаде не е запишана неделата :) Но, Да се потпира неговото тврдење на Библијата, и само на Библијата...еве оди повторно и речи му да ти покаже каде во библијата ја пишува неделата, барем на едно единствено место, па кажи ми и мене за да прочитам...не сум дрска, навистина, може така да звучам цитајќи, но само сум искрена и сакам се што некој тврди за верата да се потпира на Бог...само тоа :)
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Доколку саботата е ден кој треба да го посветиме на Бог и да го празнуваме зошто тогаш сите недели во сите календари се обележани со црвено како и празниците? Зошто божествената литургија во недела трае подолго отколку во останатите денови? Зошто Велигден е во недела, а не во сабота?
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Затоа што така ги поставија стандардите на современото христијанство.
    Ако ја имаш читано Библијата(стариот завет), ќе забележиш дека седмиот ден всушност е Сабота,а не Недела.
     
    На iloveyou29 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Секоја чест за тебе Викторија...конечно се најде некој да ме разбере :) Патем, не само во стариот завет, туку и во новиот завет, секаде е напишано за саботата, а апсолутно никаде за неделата...цело време се трудам и јас истото да го објаснам, дека токму поради тоа што имаме голема историја наназат гледано, луѓето ги превртуваат основните Вистини, и токму поради тоа не треба се поклоруваме на човечките преданија туку само на БОГ:
    -Апостолски Дела 5:29 " ...зошто повеќе треба треба да им се покоруваме на Бога отколку на луѓето. " а тоа значи и за календарчињата, бидејќи се штампани од самата црква...се надевам дека не помислувате на црквата како предмет :)
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Грешка ... не мислев секоја чест на Викторија , туку на Ashling :)
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас порано сабота многу си ја сакав, :nod: многу!Aма сега ми е одмилена,премногу обврски,ваму таму и никако е ми е :o
     
  20. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Во која смисла многу си ја сакала саботата? Си ја празнувала библиски како што е пишано, па не си можела со текот на времето да ја држиш бидејќи имаш обврски,а несмееш да работиш никаква работа или во контекс на " класична " сабота...за излегување, одмор и сл. ?