1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сабота...

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 29 јануари 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Извитоперување на нечии зборови, исто како во овој случај тука, по стоти пат се навраќам аман, е истото она извитоперување на свети зборови, кои се причина за вашава расправа, која сте ја потикнале ти Фарша и Фарффара ли, како и да се вика другата девојка. Своеволно толкување на нештата, како вие милувате е прилично добра работа, да докажете дека вашиот мозок функционира самостојно и надвор од строго напишаното, но еве пак сега увидувам конкретен пример :) со зборови на обичен грешник и како што ја нарековте ваша сестра, христијанка. Хм. „вам ќе ви суди“ не е еднакво на „ќе ви судам“, не е пак воопшто еднакво на „сега ќе му јавам на Бога да ви суди“, а е еднакво на ..„на оној свет на сите нас ќе ни биде судено, вие не сте иземени од тоа, и на вам ќе ви биде судено, за ова нешто, како што и на мене, како што впрочем и на сите...“ верувам ова би било подолгата верзија на Теодора, напишана во мое толкување ;) како уште една сестра христијанка, која се изнаслушала милиони теории, од разно разни автори, се изначитала и сепак, останува да верува во она кое го праповеда нејзината и единствена црква, ПРАВОСЛАВНАТА.
    Дискутирајте за темата, дадете свое мислење, зашто според вас е така, САБОТАТА е ден за одмор, како што ви извадив и јас, не вадете само цитати од Библија, кои вие самите ги толкувате и не напаѓајте во одбрана на своите ставови. Нападот да е најдобра одбрана, но пак е и знак на слабост, а кај вас, по неколку коментари на други девојки очигледно интересно ви е да бранувате или бркате духови на форумов.
    Темата ви е Сабота, бујрум пишете за САБОТА. Секој кој што го интересира Теодора, Жапче или било која форумџика, може да влезе во нејзиниот профил, да ги прелиста нејзините мислења и да створи слика за неа. Непотребни се вашите етикетирања.
    Однапред ви благодарам за разбирањето.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    :lol: гледам доста те заинтригира глинава :) Бог исто така вели ..Не фрлај бисери пред свињи...па би сакала да прокоментираш нешто и околу тоа колку Исус не би рекол некому дека не е во право
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Гледам темата за сабота повеќе не ве весели, или можеби сфативте дека преводот што го користите е напишан од човек кој не сфатил дека Сабатх или Шабатх, каква и транскрипција да направил на Sabbath, не е еквивалент на Сабота, а Сабатх или Шабатх е само и само „одмор“.
    Бидејќи нашиот јазик е словенски, драги мои, не хибру, не армејски или било кој друг... и деновите се така и одредени, по значењето им, по нивниот корен старословенски, или „ни делај“ - не работи, одмори. Не се деновите буквална транскрипција на еврејскиот јазик, пак денот за одмор да е Сабатх, кој и во јудеизмот дури не е сабота, распрашај се кој ден евреите го имаат за свет ден. А, сабатх е недела, е Sunday во англиски, Sonntag во германски, domenica во италијански, domingo во шпански итн. сите со значење, одмор, одмори, според преводот и се ставени, не според транскрипцијата.
    Во претходниот пост имате на англиски извадок, каде го го пишува Sabbath никаде не пишува сабота :) pardon moi, итате кон други теми, пак да ве вратам на земјата, борете се со фактите, не со зборови :). Бујрум. И да, со оглед на сево ова, драги мои јас би ви препорачала образовајте се, владата бар наша вели. Пред да начулиш уво да чуеш, научи да слушаш, пред да сакаш да видиш нешто, научи да гледаш, пред да сакаш да прочиташ нешто, научи да читаш и да, азбуката е првата што треба да се научи, ова велам јас.

    :) Побогу, „Исус не би рекол некому не си во право“. :) Оној кој нема грев, нека го фрли првиот камен. Оти им рекол дека не се во право?!? Оти не молчел и да ги остави да ја убијат кутрата жена грешница, пак на оној свет да им биде на сите судено, нејзе за нејзините гревови, на нејзините убијци за нивните. Оти ги спречил?!? Оти со тоа им покажал дека грешат. А, ти си таа што нам треба да ни покаже дека грешиме во врска со саботата, треба да му покажеш на цело христијанство дека греши ли?!? Ти си месија ли?!? Пратена од Бога да ја промениш Библијата?!? Да им ги отвориш очите на сите грешни души кои до сега недела ја сметале за ден за одмор, 7 ден од неделата, а оно да не ти било така. Хм. Пак ќе речам научи да читаш, научи да гледаш, научи да слушаш, пред некому да кажеш и докажеш дека греши. Ако ти во се до сега не згреши, повели, верувам и Бог ќе ти го опрости твојот обид да паметуваш пред Теодора и остатокот од форумџиките... значи, врати си се на темата сабота прво. Заврши ја.
     
    На MarchelineAmaru, Li0ness, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Жапче би рекла само уште едно големо-БАТАЛИ,не вреди трудот и трошењето енергија,апсолутно е јуслес.
    Кога некој е за јуз ит и абјуз ит стратегија на Света книга не би јас да ми го валка имево од тоа кочината на медиокритетен мајнд полублајнд, ;) .
    Бај д веј глината барем се обликува и има потенцијал за развој и конкретна употребна вредност-може од неа да се направи сад од кој некој ќе јаде или ќе служи за украс,а поседување само усијана глава нема исти тенденции.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Исус Христус е завршетокот на мојсеевиот закон-римј.10-4.Го укинал еднаш засекогаш,со тоа што ја платил цената-со телото свое- ефес.2-15 совршен за совршен живот.Воспоставил- нов закон преку духот а не преку стариот-римј.7-6 и 7.Пример една држава може да го промени својот устав,штом законски се воведе новиот,и тогаш од лугето не се бара да го почитуваат стариот, иако може да се задржи дел од него.Зато човек мора внимателно да го проучи и да види кои закони важат сега.Освен тоа еден лојален граганин ке се информира и за датумот кога стапува на сила новиот устав.Јехова на израелците им дал преку 600 закони,вклучувајки ги и 10 главни.Во кои спагаат закони поврзани со моралот,жртвите,здравјето и држењето сабота.Мегутоа Исус рекол дека неговите помазани следбеници ке сочинуваат еден -нов народ-според матеј 21-43,почнувајки од 33.г.н.е.овој народ добил нов-устав-,кој се темелел на два основни закони-САКАЈ ГО БОГ-и-БЛИЖНИОТ-матеј 22-36-40.Така некои од законите останале исти,други биле изменети а трети пак веке не постојат.Пример кога се иде на пракса тоа е еден ден во неделата но кога се стапува во работен однос тоа го прави ученикот секој ден.Така и ние да учиме да го славиме Бог секој ден,а не само во сабота.За таа одлука библијата советува да ја донесе секој сам според римј.14-5.Законот за одмор не бил даден пред времето на Мојсеј и Израилците според 5мој.5 - 1 до 3,12-14.-објавувам денес-1стих и -тој сојуз Бог не го склучи со нашите прататковци-3стих.Законот за сабота што Бог го дал на Израел бил даден само за нив а не и на другите народи.псалм 147-19 и 20.како -знак-помегу јехова и синовите на израел.2мој.31-16,17.Седмичната сабота била само еден од МНОГУТЕ периоди за одмор што требало да ги држат израилците.3мој.16-29до31,23-4до 8,4мој28-26,и 3мој.25-4,11 стих.Тогаш според последниот наведен стих би требало секоја 7година и секоја 50година адвентистите да не ја работат туку да живеат од заштедата,што не е случај денес.Апостолите и старешините во ерусалим кога утврдувале што бара Бог од нас како христијани,не спомнале дека треба да се држи сабота.дела15-28,29.Павле покажал загриженост за тие што тврделе дека треба да се држат посебни денови.галатите4-9до11
     
  6. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    "NO, ZA NARODOT BOZJI, SEUSTE OSTANUVA SABOTNATA POCINKA" - EVREITE 4:9
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Толку се чини далечна од оваа гледна точка...
     
    На innablood и blueeparadise им се допаѓа ова.
  8. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Какви се нашите мисли, такви се и нашите дела... многу е лесно. Во желбата, вербата и довербата лежи причината. Да му дозволиме на Бог, Кој е создател на универзумот, да им даде друг правец на нашите побуди, та се друго да препштиме на Него, Тој нека води и ни дава сила за да ја вршиме Неговата воља.

    Законот за одмор т.е. Саботниот ден (како и сите др. 9 Заповеди постојат од вечноста, па дури и пред Мојсеј о пророците), бидејки Бог во првите 6 дена додека ја стварал Земјата, постојано работел, но во седмиот ден - Саботата си отпочинал...
    2.Мојсеева 20:11
    " ... зошто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и се што е во нив, а во седмиот ден си отпочина : заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети. "
    Не случајно Бог одморал во Сабота, нели? Значи, Законот постои уште пред Мојсеј и Израелците.
    A тоа дека Бог треба да се слави секој ден, не само во Сабота и јас се сложувам, но Во Саботата е плус присутен одморот.

    Ваков псалм во Писмото не постои, каде што го пишува ова што го цитирав, сега проверив и нека проверат сите други кои го прочитаа ова, но во Православнта Библија, а не во друга, бидејки писмото на Јеховините сведоци е изменето, не ми се лути, ама тоа е факт, провери и самата ке се увериш...
    Инаку, Саботата не е дадена само за израелците туку и за сите други:
    Исаија 56,8 Види и Исаија 66,18 , 11, 12 Псалм 146,2 Јован 10,16
    " Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе соберам и други." ( Види и Исаија 66,18 , 11, 12 Псалм 146,2 Јован 10,16)
    Галатите 3:29 и Римјаните 9:6,7
    " А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници...бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил "

    Што мислиш зошто ова Бог го кажал? Затоа што знаел дека ќе постојат вакви тврдења... Те молам немој да се налутиш, не ми е намерата да те навредам, напротив.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ја сам просто запрепашчења :$
     
  10. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Зошто бе срце?
     
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    |( пфф,ајде бе и сабота,што од пон. до пет. нека стават па така барем ќе си знаеме дека секој ден е ден за одмор ;) ... значи само во МК може да се сретне вакво нешто,во другите држави сабота е најнормален работен ден,во Италија децата на училиште одат во саботи...нее мислам малку е претерано ова со саботава,ај недела в ред но сабота :lol:
     
  12. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54

    Види Сезнајка, иронијата не ги чини луѓето среќни и со истата не се постигнува пожелуваниот резултат...
    Со овој коментар никако не ме навредуваш мене, туку директно хулиш на Бога.
    Ти велам за твое добро, размисли подлабоко, и ќе увидиш дека ја тврдам Вистината.
    Инаку, еден и единстван е Денот за одмор т.е. Саботата. A кога сме кај Рим, би ти рекла, биди си доследна на името кое го користиш како симбол за себе... Целиот свет, па и МПЦ е под Рим, под неговите директни закони, па затоа и ние не го почитуваме Бога, туку се потпираме на човечки преданија, односно ја почитуваме неделата, па така воопшто не ме ни чуди што децата во таа држава оделе на уцилиште и во Сабота... позз
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ние сме од Македонија, не Италија. :)
    Ако е така, и луѓето во Франција одат на работа/школо во сабота (мислам, или недела, не ме зимајте за збор, важно едниот е работен, другиот не), а во среда не учат. Во Египет и останатите исламски земји петок и сабота се неработни итн, итн.

    Прочитав првиот коментар на Теодора. Точно, сабат е кај Евреите, но не само кај нив туку и кај неопаганизмот и паганизмот, и нивните развојни гранки. :) Во секој случај, тука произлегол од Еврејската религија.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Ја читав темава поодамна и кога прв пат прочитав за Саботата мислев дека е зафрканција некоја па не ја ни погледнав темава. Деновие ја читам книгата „Времето и знаците„ од Никола Тасески и половина книга се однесува на заменувањето на саботата со недела. Не пишувам цитати сега оти има едно стотина страни во врска со темава но авторот оваа замена ја смета за една од најголемите грешки во христијантвото.

    Евреите ја празнувале Саботата но со самото тоа што Исус воскреснал во Недела, христијаните ја земале неделата за празник. Исус имал многу расправии со Евреите околу саботата. Тој не кажал дека таа треба да се укине туку се спротиставувал на начинот на кој тие ја празнуваат. Евреите се налутиле кога Исус излекувал неколку луѓе во сабота, бидејки во сабота не смее ништо да се работи („Во саботен ден не палете ни оган во своите живеалишта“ Стар Завет, Мојсеева 35,3). Дури и една од двете причини заради кои му е судено е “затоа што го прекршува саботниот ден“.

    Мое мислење е дека христијаните имале добар повод да ја заменат саботата со недела а тоа е Воскреснувањето. Тие што ја „бранат„ саботата па велат дека Исус намерно не воскреснал во сабота дека е празник. И кога ке видиш крај нема на оваа расправија околу сабота и недела, никој не го решил ова а сигурно нема и ние тука да го решиме.
     
  15. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Јас имам слушнато за недела,а за сабота не..
     
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Саботата како празничен ден посветен на Бог и 4та заповед од 10те Божји заповеди ја почитуваат христијаните Адвентисти. Промената на Саботата во Недела не е прифатена од страна на Адвентистичката црква, бидејќи Божјата заповед (од 10те Божји заповеди) е непроменлива и важи и денес.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ти од саботјаните си?
     
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За која промена од сабота во недела збориш? Сабота си е сабота, недела си е недела. Сабота е после петок, а недела пред понеделник.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Да. Сабота е 7ми ден кој Бог го посветил за себе после се што создал. Ни го дал како благослов и заповед да можеме и ние да се одмориме од секојдневните обврски и да го посветиме на Него. Ние си одиме на Црква во Сабота.