1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сабота...

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 29 јануари 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    E ако де, одете си у сабота. Ама не викајте дека другите ја замениле саботата со недела, бидејќи никој не го направил тоа. Вие у сабота ништо не работите, дури и од петок си готвите ручек за у сабота да не готвите - бидејќи тоа е работа нели. Христијаните не го прават тоа. Тие си готват и во недела, си шетаат, си спортуваат, си работат ако имаат нешто недовршено, едноставно си уживаат и си прават што им душа сака у недела. И како што гледаш, тие не ја третираат неделата како што адвентистите ја третираат саботата, што пак значи дека не станува збор за никаква „замена“.
    И плус има христијани што си одат во црква и во среда, четврток, сабота, вторник, со други зборови не се замараат кој ден е, си одат кога им се оди и како они ќе си се договорат да си прават нешто заедно.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ок. Така е. Да не си нешто изнервиран? Јас само напишав за саботата. Да не е грешка тоа што го напишав? Не знам која е поентата на се што ти напиша.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако не ставам смајлиња, не значи дека сум изнервиран. Само ти објаснив дека христијаните не ја замениле саботата со недела. За жал тоа е ноторна лага што се повторува во адвентистичките кругови.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Библијата е јасна зар не Евангелос? Само што многумина не почитуваат се што е напишано.
     
    Последна измена: 11 септември 2018
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате: слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очистуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието;” (Ев. Матеј 11:4-6, Библијата)

    Еве ти јасна библиска заповед и тоа од устата на Исус каде што вели да му ја пренесеш оваа порака на Јован Кристителот. Дали ти си ја извршила оваа заповед?
     
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Не. А ти?
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Зошто не? Нели Библијата е јасна? Па ова е заповед директно од Исус така?
     
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ама те прашав нешто.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ама јас те прашав прв. И целта ми е да те замислам и да ти доловам многу важна поента од Библијата. Ако го пренасочиваш прашањето кон мене, ти губиш, а не јас :)
     
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ама јас ти одговорив Евангелос и те прашав ама ти нешто не ми одговараш. :)
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Oк, ни јас не ја следам таа заповед.
    Ај сега ти кажи ми зошто не ја следиш таа јасна заповед на Исус? Нели Библијата е јасна?
     
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорам тоа што сакаш да го прочиташ бидејќи сакаш да тврдиш нешто: - Не сум постоела тогаш. Чекам што е следно :)
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Гуливеровите патувања да си ја препрочитате дечки, посебно делот со култот со кршење на јајцето од врвот или дното, и таквата поделба на цел народ.
    Кој ќе разбере што сакам да кажам - ќе разбере :) И за другите меѓуденоминациски расправии важи.
     
    На Feminka22 и DAngel им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Епа не си постоела ни во времето кога Мојсеј на Израелците им ја дал 4-тата заповед :) Значи не секоја заповед во Библијата е за секого и за сите времиња. Четвртата заповед си има своја смисла во Мојсеевиот завет. Но ние христијаните не живееме под Мојсеевиот завет, туку под Исусовиот завет.
    Има една многу добра книга, се вика: „Синај или Голгота?“ Силно ти ја препорачувам, за да ја сфатиш разликата меѓу стариот и новиот завет.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Како прво: 10 Божји Заповеди сеуште важат. И ти сакаш да ми кажеш дека само новиот завет важи за денеска? Ок.
    Матеј: 5, 17
    Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.

    Матеј: 7, 12
    И така се' што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.

    Може ли да ми објасниш за кој Закон тука станува збор? Дали тој се коси со 10те Божји заповеди или всушност ги претставува нив?
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Исус вели да ги исполни, а не да ги потврди. И ако Исус го исполнил Законот, зошто ти би сакала одново да го исполниш? Дали знаеш што значи исполнување на Законот? Законот бара смрттна казна за гревот. Затоа се и сите тие жртви во стариот завет. Ако сакаш да го исполниш Законот, тоа би значело твоја смрт. Но ако Исус го исполнил Законот, тоа значи дека Тој умрел наместо тебе, за ти да не мора да го исолнуваш Законот т.е. за да не мора ти да бидеш казнета за твоите гревови.
    Исус е нашиот Шабат (одмор). Влези кај него и ќе најдеш вистински одмор. Саботата беше претслика за Него и одморот што Тој го нуди. Ова е убаво објаснето во посланието до Евреите.

    Да, овде Исус ја објаснува суштината на Законот - љубовта. Ако не сакаш некој да те удира, не удирај ни ти. Ако не сакаш некој да те лаже, не лажи ни ти. Итн. Ова не е директно поврзано со Шабатот.
     
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Евангелос каде напишав дека јас сакам да го исполнам одново Законот? Каде јас напишав дека не го прифаќам Христос за свој Спааител? А и ме интересира како ќе му возвратиме барем малку љубов на Бог кој си го дал животот за нас? Како гледаш ти на тоа? Или ние не треба да правиме ништо за Него? Кога пред да се вознесе Христос им кажал на своите ученици: Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал! - на што мислел ? Пошто сме во тема Сабота, сакаш да ми кажеш дека сите други 9 заповеди важат, а 4тата не важи?
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos многу интересно прашање. :) Зошто ако не важи Законот се наметнува Неделата како ден за одмор? Нели можело Сабота да си остане? Што сакале да постигнат со оваа промена?
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ок, да си го зачувам цитатот за кога за нешто кажеш "ама во Библијата е така" :D
     
    На lovestoneddd, Someonespecial, worrieddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.