^Попустот важи само во Матица. И ако решите да си купите некоја книга, со пополнување на овој флаер на попустот имате уште 5% попуст. http://www.matica.com.mk/PDF/dopolnitelen%20popust.pdf
Колку што се сеќавам лани во Матица Папата Јована и Ракописот Q беа по 190 денари, сега машала 290 Мислиш дека на редовниот попуст + попустот со картичка, ќе има и +5% со пополнет флаер? едит- најверојатно не, бидејќи на флаерот пишува БИДИ ЧЛЕН, така да тоа би било некоја картичка со 5% попуст за новите членови. Разгледувајќи ги понудениве книги, сваќам дека нема потреба да одам Ме разочараа. Две години наназад во Матица си купував и по 20-тина книги, сега неможам ни да одберам нешто, за цените да не правиме муабет. ...ајде да речам можеби Рингишпил, сакав како поклон да ја купам, ама штом немаат пишано цена сигурно е над 350 денари.
Попустот не важи само во Матица. Има во другите градови книжарници кои соработуваат со нив, и набавуваат книги во периодот на попустот по истите саемски цени. На пример во Охрид може да се најдат во книжарницата Просвета (истите цени од каталогот), за во другите градови распрашајте се, би требало да има.
Беа убави времињата кога од саем се враќавме со кеси полни книги, лектири, енциклопедии, а без празен џеб! Ми текнува пред едно 10 години, кога се наоѓаше книга за 30-40 денари. Тоа важеше за збирка песни од Рацин, збирки од домашни автори, па и Југосоловенски! Сега за евтина се смета книга од 100, 150 денари. Јасно ми е дека сега се е поскапено, но цениве на книгиве немаат усул. Дома имам цел том книги од Перл Бак едно 10тина книги, кои Мајка ми на времето ги земала за некои 1000-1200 денари! На саем одам секоја година, и купувам барем по 1-2 книги. Но се олеснувам обавезно едно 500 денари за тие две Во Икона често влегувам, ама излегувам празна! Ми текнува ми се допадна многу една книга со божиќни приказни но мала одвај 200 страници на Англиски јазик со цена од 380 денари Само се прашувам како некој со плата од 15 000 денари ќе си доволи да фркне 400 денари на книга која е пола негова дневница! Последна книга која ја купив беше Paradise Jazz, од една за мене непозната издавачка куќа. Книгата беше 200 денари, па и сметам дека беше солидна цена, со оглед дека никаде не најдов книга на Англиски испод 400 денари.
Денес гледам дека ми стигнало мејл од книжарница Три за попуст на сите книги. Ама важи само утре... Па ако правиш саем, направи го неколку дена, а не само еден ден. Не може секој баш утре да оди. А и ептен навреме ме известија... Во Матица морам да отидам, а Три овојпат ќе ја одминам. И онака имаат слаб избор на книги, а солени цени.
На сајтот на Три веќе неколку дена пратам, сите книги им се со намалени цени. Ама тоа важи само ако нарачуваш од сајтот и веројатно во книжарницата во Скопје. Попустот утре е попуст на попустот, инаку зимскиот саем им траеше повеќе од месец, утре завршува.
^Јас го посетив нивниот т.н. Зимски фестивал, ама не бев импресионирана. Немаше некој забележителен попуст, освен на оние што ги продаваа во пакет, повеќе дела на една книга заедно. Единствено од Три ги имам земено делата на Коелјо, затоа што само таму ги имам сретнато. А за тоа што не ви даваат попуст и во Охрид, срам да им е. Пиши и жалба на Винка
Зимскиот фестивал на книгата во Три трае од 20.12.2011-31.01.2012, јас си купив доста книги за време на попустот. И веќе кажав некаде, на една масичка имаат книги за 50-100 ден. (обично изданија што им стоеле во излог, постари изданија и сл.) и таму секогаш си наоѓам интересни наслови. А утре за тие што имаат картичка од Клуб на читатели на попустот имаат уште 20 % попуст. Утре ќе одам и во Матица, само ме интересира колкав е попустот на другите нивни изданија, бидејќи од каталогот скоро ништо не ми фати око, за исходот ќе пишам утре.
Не стигнав досега, ама утре се токмам да одам во Матица... но по коментариве што ги читам, изгледа не вреди да трошам време таму...
Нема нешто голем попуст во Мтица, ама со флаерот за +5% и со картичката за членство се добива уште 30 - 40 ден. попуст.
Скоро ништо не ми се допадна од понудата во Матица, единствено две збирки драми од Иван Цанкар и Мирослав Крлежа кои се по 100 ден. Ама затоа за зимава се опремив со книги од Три, и сега ќе го чекам саемот на книга за изданијата на Темплум и Табернакул.
Кога ќе биде овогодишниот саем на книга?Одамна не сум била,а секогаш од саем се враќав со најмалку 5 книги.Цените беа поволни и имаше голем избор.Се сеќавам дека еднаш купив 12 книги.Сите се чудеа. Купохоличарка,што да се прави
Оваа година ќе почне на 24.04, а ќе трае до 30.04 Мене ми е жал што финансиската ситуација оваа година не ми дозволи да го посетам саемот во Матица . Се надевам за саемот на книгата до април ќе имам повеќе средства.
^ Рејбоу, ич да не жалиш, немаше којзнае каков избор. Се помислив неколку пати да си земам некое книгиче на англиски, сите беа по 200 ден. а изданијата се за мерак, плус сигурно не се мери квалитетот на англиски и некои наши преводи на македонски... ... ама бидна, јас на подарок ја добив Трилогијата на маглата од Зафон, трите книги 500 ден. Сега единствено се каам што не ја земав Играта на ангелот , а по ова ладно тешко дека ќе излезам пак дотаму. Ама остатокот од понудата беше благо безнадежен, со исклучок на 3-4 книги.
Од матица и јас купив неколку книги кои што ми се прочитани но сметам дека заслужуваат место во мојата библиотека како омилени книги малиот принц бескрајна приказна на запад ништо ново росхалде неверна жена
Матица продолжуваат со попустот. Според најавата 500 наслови се на попуст - 2 книги за 100 ден. Па вреди да се погледне. Каталог
Не вреди дефинитивно. Бев вчера во Матица и атмосферата беше чудна. Порано секој ден полно со луѓе, неможеш да се одлучиш кои книги да си ги купиш, леткаш од една на друга страна. Сега внатре беа само неколку души, онака тмурно расположени, ради реда само како да влегле. Избор на книги-никаков годинава. Само чик литература, прирачници за неуспешни љубови и сексови. Добрите автори ги нема, или има некое дело од нив старо по 5 и повеќе години. Старите добри класици- јок. Моите омилени крими-трилер автори уште помалку. Се надевам дека саемот на книга на саем ќе биде подобар.