Лани бев... ама искрено се разочарав. Книгите беа супер, имаше преголем избор на книги, ама цените му беа ... Па саем на книгата е чоек, снижете ги малку цените Некои книги беа со иста цена од вообичаената, а други беа намалени за дури 30тина денари. Мислам дека треба да бидат барем малку пониски цените за секој да можи да си купи повеќе книги
Не знам дали е вистинско место тука да прашам... немојте да ме карате . Да не знаете случајно некои агенции што вработуваат сега за саемот на книга?
Се надевам дека ќе не носат од училиште (од Битола сум,а лани не донесоја ) или па сама ќе си дојдам со возот
Ми е криво лани што не купив ниедна книга, али ајде тоа ок, али па и пари немав за да платам за карта за да влезам таму па морав да се позајмувам од другарка ми... Среќа што имав слободна за автобус За оваа година си знам ќе си соберам пари и обавезно некоја книга ќе си купам
Јас лани имав намера поќе да купам, ама кога ги видов цените... си го сменив мислењето А и оваа година не планирам да трошам многу пари на книги, 3 си купив лани. Оптимистички се надевам дека ќе ги намалат цените ова година да можиме поќе книги да си купиме
Сега го разгледував новиов каталог на Ѓурѓа, истите цени се што ќе бидат на саемот. Искрено колку беше очекувано, толку е разочорувачки. Ги покачиле цените на скоро сите книги. Тие што беа 100 ден. се 150, тие од 150 е 200... Не им вредат толку книгите со самиот факт што многу се скратени. Книга од 600 страни, сведена на 90тина. Искрено мене не ми се допаѓа тоа. Е сега од друга страна по достапни се... Spoiler http://prodavnicanatajni.blog.mk/files/2012/04/KATOLOG-2012-web.pdf
Саем на книгата 2012 24. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa Времетраење : 24.04.2012 - 29.04.2012 Долго очекуваниот саем на книгата (2012) конечно ни е на прагот. За разлика од минатите години, оваа година саемот на книга за првпат ќе се одржува во две, наместо само во една хала. Тоа е прекрасна вест, очигледно показател за развојот на саемот и читателите кои од година во година ги има во сѐ поголем број. Оваа година саемот ќе се одржува во Хала 2 и Хала 3, наместо само во Хала 1 како досега. Па, драми мои феминки, сакам да ја искористам оваа тема за да ве прашам дали ќе го посетите саемот, што планирате да си купите, што би им препорачале на останатите, да си размениме некоја корисна информација и предлог итн...
Саем на книгата 2012 Јас малку не сум упатена. Каде се одржува саемот на книгата? Би сакала да го посетам.Која цена се книгите?
Пред се’, сакам малку да ги искритикувам издавачките куќи во земјава затоа што колку што можев да приметам, освен две издавачки куќи (сакам книги и ѓурѓа) ниедна друга уште нема објавено каталог на интернет, а саемот уште малку ќе почне. Како можат луѓето да знаат што да очекуваат кога не можат да видат каталог? Голем минус за сите! Јас едвај го чекам саемот и веќе имам цела листа на книги што сакам да ги купам само, за жал (поради недостатокот на каталози) на голем број не им ги знам саемски цени. Планирам да го посетам саемот уште на првиот ден затоа што секоја година одам на првиот ден додека добрите книги не се распродадени. Ми се случува некогаш пак да отидам и на претпоследниот Приоритет на листата годинава ми се двете нови книги од каталогот на сакам книги: http://issuu.com/iki001/docs/saemskikatalog2012 како и книгата за девојчето што го продаваат за проституција „Продадена“, трилерот на Геристен од Матица (освен ако не биде 500 денари) и Еден ден од ТРИ. Се надевам дека Култура ќе имаат попристапни цени на саемот оваа година затоа што лани ја сакав од Кобен книгата ама на саем беше 500 денари Секој предлог е добредојден, ве молам кажете некоја фина книгичка со која ќе можам да си ја збогатам домашната библиотека на саемов
Саем на книгата 2012 Многу би сакала да одам и да купам книги од Алекдандра Потер , Николас Спаркс , Даниела Спирс ... ама незнам дали ќе успеам да одам зашто не сум од Скопје и далеку ми е ... Меѓутоа ако успеам некако ќе одам
Саем на книгата 2012 Ако сакаш да читаш, јас ти препорачувам да го посетиш затоа што не сите ама голем број книги се наоѓаат по многу пониски цени. Јас секоја година си купувам куп книги и си имам за до крај на годината Имаш книги убави од 150, па до 500 денари. Е сега мене не ми се даваат 500 денари за книга, но на саем си купувам одлични книги максимум до 350 денари (зборам за најпопуларните и најголемите книги). Саемот почнува следната недела, од 24 па до 29 април.
Едвај чекам да одам на саемов, да се изнакупам интересни книги. Би сакала да ве прашам Феминки, дали има македонски превод на книгите од George R.R Martin (од серијалот Game of Thrones), и доколку има, од која издавачка куќа?
Да не мислиш на Данилеа Стилс ? А инаку почнат е саемот? До кога трае? Баш сакам да го посетам имам списоче на книги кои сакам да ги имам дома
А зошто јас ја знам како Даниела Стил? Во врска со саемов, секоја година има се помал избор според мене. Дали џебот ми е поплиток, а цените превисоки, или стварно веќе не се цени уметноста на зборот не знам. Никогаш не одам со списоци, ни во маркет, а уште помалку на саем. Знам што сакам, што ми одговара на мојот вкус. Некогаш чекам некоја книга да ја донесат и кај нас, ама тоа е многу ретко, па порачувам преку интернет, или преку некој познат во странство. Во последно време со најдостапни цени за народов е чик литературата. Епа не фала. Не викам не, имам пуштено мозок на пасење со некоја таква книга, ама тоа се случило неколку пати само. Едно врвно име како Достоевски, го продаваат по 600 и кусур денари. Мерак ми е да си имам примерок за мене, ама кога не можам да си дозволам, чаре ми е библиотката. Можеби книгите се стари и изветени, ама ми ги задоволуваат сите барања од една книга. Ќе одам годинава на саем, имам тргнато на страна пари за тоа, нешто ќе додадат и моите и тоа е тоа. Ако најдам нешто добро, ако не пак добро
Даниела Стил е. Совршенство знае, ама сигурно се збунила од СпирС И јас си тргнав настрана нешто ситно, мразам од саем да се вратам со празни раце, па колку толку, да не бидам без ич.
Печатна грешка незнам од каде тоа С ми излетало Моја грешка Инаку не купувам многу често книги пошто тие што сакам да ги читам секогаш ги наоѓам во библиотека, но си направив список од книги кои ги имам читано, но ги сакам да ги имам дома