А ги видовте чашките што ќе ги даваат подарок колку се кул? Едвај чекам да си ја земам таа со пожарот
Едвај чекам да дојде 23.. Само да нема многу гужва и бутканици како лани. Инаку имам неколку наслови на ум, се надевам дека ќе ги најдам.
Ако не сакаш турканици и гужви, те советувам да си одиш веднаш првиот или вториот ден. Јас еднаш направив грешка да отидам во петок или сабота, не знам точно кој ден беше, предминатата година и едвај се стигаше до штандовите... Никој не кажува што планира да си купи Дајте некоја идеја плус да си дополнам список ако сум пропуштила нешто
Јас немам список, таму на лице место што ми фати око. Затоа и го сакам шетањето и разгледувањето по штандовите. А какви чашки?
Па има во каталогот на Сакам книги чашки за чај/кафе печатени со шарени пораки за фанатици за книги Разгледај го каталогот, ги има на последната страна, башка на ФБ ги пуштаа деновиве. Јас си одбрав една со оваа порака: Ќе ги даваат гратис на 5 купени книги, а може да се купат и посебно за 250 денари. Многу се кул
Нас ќе не носат дури на претпоследниот ден Би сакала некоја книга од Николас Спаркс да си купам која ја нема во библиотеката. Ама оваа година ќе купам помалку, лани многу пари потрошив
Има некаде каталог од ТРИ? И зашто веќе не им работи веб страната што ја имаа, имаат нова или...? каде можам општо да разгледам што книги имаат?
Само да знаете со какво нетрпение чекам да дојде Саемов луѓе, со месеци го чекам. Лани не ни појдов, што значи не купив ништо пошто немав обичај да купувам книги, едино тие што си ги имам во домашна библиотека и онаа каде што сум зачленета, но поради недостаток од крими романи оваа година ќе си ја пробам среќата со некои понови романи на Сидни Шелдон, и некои од Агата Кристи кои ги нема во библиотека, а ги има на српски само не ми е тоа-тоа. Се надевам дека ќе најдам нешто на каталозиве па да си ги мемомирам за да знам што и како има. Гледам, лани цените биле доста високи, се надевам дека барем 2 книги ќе можам да земам, не располагам со не знам каков си буџет, ако фатам спортска викендов ќе биде одлично за мене и моите потреби.
Многу се убави чашките, ама и цената им е доста солена. Јас што се вика прибирам за да купам некоја книга, па не можам да дадам баш 250 за чаша. Башка што можам да си купам и уште една книга за тие пари. А они како сајт за љубители на книги би требало да го знаат тоа и да стават некоја понормална цена.
Леле, утре е денот ! Дете сум, а поголема радост од книгата за мене нема.Ајде мадам, да ја наполниме халата и да ги испразниме штандовите.Еден за сите, сите на саем за книга !
Каталог има само од Ѓурѓа и Сакам книги? Ако има и од некои други издавачки куќи, ќе ве замолам да оставите линк да разгледам
И Култура го имаат објавено нивниот каталог на нивната страна на facebook... Еве го линкот https://www.facebook.com/pages/Knigoizd ... 0704361512
Лани бев и си купив еден куп книги.И оваа година планирам исто иако имам скромна заштеда сепак саемот на книгата не се пропушта(бидејќи сум голем љубител на книги).
На Бегемот http://www.begemot.mk/aktuelnosti Темплум имаат извадено каталог исто http://okno.mk/sites/default/files/kata ... 20saem.pdf
Ајде најупорните што ќе идат први денес нека споделат што и како Јас уште незнам дали ќе можам да отидам, и сакам да знам дали ќе пропуштам нешто или ќе биде ко лани ништо посебно со високи цени.
Еве го каталогот на книжара Три, има добар избор, само не ми изгледаат којзнае колку намалени како за на саем. http://kniga.com.mk/webcontent/file_lib ... 202012.pdf
А каде е навистина попустот во ТРИ? Домашна библиотека од соништата е постојано 199 денари по книга. Не можеа барем за саемот да ги направат 120-150 ден? Трилогијата на Стиг Ларсон во комплет е 1200 ден. Тука со божемното намалување е поскапа поединечно ако ги земате. Намалување од 50-100 ден... Не научија и НЕ НАУЧИЈА!
Обавезно ќе одам да го посетам. Не знам каква е понудата годинава, но ќе прошетам, па ако начекам нешто што ми фати око и мисла, ќе си купам. Срам ми е што имам дома куп книги, купени и лани за Саемот, што не сум ги пипнала, а не па прочитала. Друго, се нервирам што е секогаш на крај на месец, па т’нко со плата стојам, и не можам да си се опуштам да купам едночудо книги! Од друга страна па, знам дека и да купам 10 книги, само три од нив ќе прочитам и ќе ги оставам. Планирам да ја земам Меше на годината, од Иван, посекако. И малите книжулиња поезија, + антологијата од Матица ако веќе е средена и пуштена во продажба, да се радувам малку на своите песни таму