Општи прашања Влезница мислам дека е 30 денари,а за група ученици по 20 денари.Барем нас толку ни земаат.
Бидејќи имам ограничен буџет, совет која книга да ја купам? Крадачка на книги - М. Зусак или Крадец на колачиња - Џ. Авад
Крадачка на книги е роман за Втората светска војна раскажан од гледна точка на Смртта. Крадец на колачиња се состои од раскази со поука, мада интересни се ептен. Зависи до вкусот твој. Од Матица уште ништо не излезе што ќе има ново?
„Крадачка на книги“ имаш и филм, од другата книга не е направен филм, зато јас би рекла „Крадец на колачиња“.
Матица каснат како и секогаш, сајтот никогаш не им е во функција. Три од година во година ме разочаруваат сѐ повеќе... Слаба понуда, јаки цени. Нивниот штанд секогаш го избегнувам. Ми фатија око неколку трилери од Сакам книги, а гледам и цените им се прифатливи. Се надевам во Култура ќе има разумен попуст, зашто секогаш сакам да си купам некоја книга од таму, ама цените не им се кој знае колку намалени.
^Јас на фб кај Матица видов дека спремале онлајн книжарница со сите наслови, цела понуда, ама дури негде накај јуни ќе била пуштена. А за саемов ваљда директно таму ќе видиме што има. Ама не очекувам премногу. Плус преводот им е ужасен. Планирам две најмногу да купам, чисто онака да не си одам со празни раце. Мислам дека и двете ќе бидат трилери, само не знам кои. Па затоа ме интересираше дали има некој нов автор што ќе се промовира. Ама тешко изгледа. Саемиве се помизерни стануваат, цените не се симнуваат. Затоа си викам фала Богу за киндлот, највредното нешто што го поседувам.
Јас лани најмалку време поминав на штандот на Сакам книги, но 2 трилери таксав за на саемов. Tри не знам уште колку години ќе шлепаат едни те исти книги. Ако има некој линк од Антолог, оставете. На ланскиот саем најмногу ми се допадна нивниот избор на книги.
Дознав дека English Center нема да учествува на овој саем Дали некоја знае дали ќе има некоја друга издавачка куќа со наслови на англиски јазик? На Академска Книга им е падната страната и не можам да видам дали ќе учествуваат. Уште некое време ќе сум тука, а не ми се чита на reader-от.
^ 8ми април 18 часот на штандот на Три. http://www.kniga.mk/ Овие од Три никаква понуда имаат, тиња станаа.
https://www.facebook.com/events/5538032 ... 5&source=1 Бидете хумани! Посетете го штандот на Искра Донева.Со секое купување на дел од нејзината збирка хаику книги донирате и придонесувате за нејзиното лекување.